ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/8 стр. 23-26
  • Успешни во борбата против алкохолизмот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Успешни во борбата против алкохолизмот
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Испитај се чесно
  • Прифати помош
  • Воспостави однос со Бог
  • „Сила која е над она што е нормално“
  • Систем на поддршка
  • Оздравувањето е твоја одговорност
  • Ти можеш да ги надминеш проблемите кои му наштетуваат на семејството
    Тајната на семејната среќа
  • Да се скинат прангите на прекумерното пиење
    Разбудете се! 2005
  • Исправен став кон алкохолот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Злоупотреба на алкохол во бракот
    Совети за семејствата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/8 стр. 23-26

Успешни во борбата против алкохолизмот

„За време на работата, околу десет часот наутро, би почнал да мислам на пиењето. Во 12 часот би излегол на чашка-две. Во три часот физички се тресам. Едвај чекам да заврши работата за да можам уште да пијам. Често би испил неколку чашки на патот до дома. Околу седум часот повторно се јавува притисок. Би се напил, би паднал од столицата бесвесен, би мокрел во панталоните и би лежел сѐ до изутрината. Земете го ова и помножете го со 7 дена во седмицата; тоа помножете го со 52 седмици во годината; тоа помножете го со 29 години.“

ОВОЈ човек е алкохоличар. Тој не е единствениот. Милиони ширум светот се борат со оваа смртоносна состојба која, според д-р теол. Вернон Е. Џонсон (Vernon E. Johnson), „го вклучува целиот човек: физички, душевно, психолошки и духовно“.a

Многумина стручњаци велат дека алкохолизмот не може да се излекува, но дека може да се спречи преку програма на доживотна апстиненција. Тоа не е неразумно барање, бидејќи алкохолот не е битен за животот. Всушност, злоупотребата на алкохол донесува Божја немилост (1. Коринтјаните 6:9, 10). Подобро е да влезеш во Божјиот нов свет лишен од алкохол, отколку да се оддадеш на копнежот по него и да изгубиш вечен живот (Матеј 5:29, 30).

Ослободувањето — и останувањето слободен — од злоупотребата на алкохол честопати претставува разочарувачки предизвик. (Спореди Римјаните 7:21-24.) Што може да помогне? Да наведеме некои директни совети. Дури и ако воопшто не пиеш алкохол, овој совет ќе биде информативен и ќе ти овозможи да му помогнеш на некој пријател или роднина кој се бори против алкохолизмот.

Испитај се чесно

Една од најголемите препреки кои треба да се совладаат е негирањето дека си алкохоличар. Негирањето е еден вид нечесност. Тоа е оправдување на однесувањето кое има одредена намера: да си ја заштитиш слободата да пиеш. ‚Па јас не сум толку лош‘ — можеби резонираш. ‚Сѐ уште го имам семејството. Сѐ уште ја имам работата.‘ Најважното е што ти сѐ уште го имаш твојот алкохол.

Негирањето може да те спречи да ги слушаш пријателите кои сакаат да ти помогнат. Роберт забележал дека очувот на неговата сопруга имал усвоено нездрави навики на пиење и грубо однесување. „По неколку дена, се соочив со него“ — вели Роберт — „и го прашав дали мисли дека неговото пиење придонело за неговото однесување.“ Каков бил резултатот? „Наидов на потполно одречување, со коментари како: ‚Ти немаш докази‘ и ‚Ти не знаеш како ми е мене‘“.

Ако ти пристапи некој член од семејството или пријател кој е загрижен заради твоето пиење, остро и чесно испитај се себеси (Соломонови изреки 8:33). Можеш ли да живееш без алкохол цела седмица, цел месец или неколку месеци? Ако не, зошто не можеш? Не биди како човекот кој се мами себеси со лажно размислување. Јаков вели: „Тој прилега на човек, кој го гледа сопственото си лице во огледало; ќе се погледне, па ќе си замине, и веднаш заборава каков бил“ (Јаков 1:22-25).

Дури и откако ќе почне оздравувањето, сѐ уште мораш да се чуваш од негирање. Книгата Willpower’s Not Enough (Силата на волјата не е доволна) објаснува: „Лицето кое пред кратко време се откажало од пиење може погрешно да мисли дека е излекувано затоа што било во состојба да прекине со конзумирањето за некое време — можеби за првпат“. Ова може да биде најјако опојно размислување и прв чекор да ѝ се врати на болеста. Ако сакаш да се спротивставиш на таквото негирање, не смееш да се бориш сам.

Прифати помош

Сфаќајќи дека не може да се бори сам против алкохолизмот, еден човек, кого ќе го наречеме Лео, барал професионална помош. После еден период на интензивно лекување, бил на пат да оздрави. Лео мисли дека на стручната помош треба да ѝ се посвети посебно внимание.b Ако во твоето место се пружа таква помош, можеш да одлучиш да ја искористиш.

Меѓутоа, мораш да признаеш дека во лекувањето е вклучено повеќе отколку само апстиненција. Освен алкохолизмот, постојат веројатно подлабоки спорни прашања со кои треба да се соочиш. Ако ги занемаруваш, може да биде опасно. Д-р Шарлот Девис Касл (Charlotte Davis Kasl) пишува: „Сум интервјуирала луѓе кои поминале низ третман заради опивање дури и по четиринаесет пати затоа што не биле решавани суштинските проблеми на злоупотребата, зависноста и немарот“.

Денис увидел дека ова е точно. „Бев трезен алкохоличар кој сепак имаше многу проблеми“ — пишува тој. „Не беше доволно да престанам да пијам. Морав да погледнам на моето минато, да ги проверам поуките од детството, да разберам како тие влијаеле на мене и да преземам некакви промени во однесувањето.“

Слично и Лео морал да погледне длабоко во себе за да напредува во оздравувањето. „Бев крајно љубоморен, насилен човек“ — вели тој. „Се колебав помеѓу напади на ниско самопочитување и илузии на возвишеност.“ Лео го применил библискиот совет во Ефесјаните 4:22: „Да го отфрлите од себе стариот човек според вашето поранешно живеење“. Да, ‚твоето поранешно живеење‘ извршило силно влијание врз твојата личност. Како што гипсот се прилагодува на калапот, така твојата личност донекаде била обликувана од твојот поранешен начин на живот. Кога ќе се отстрани лошото однесување, што останува? Личност која била обликувана можеби низ период од многу години. Затоа, оздравувањето мора да ја вклучува промената на старата личност која се прилагодува на твојот поранешен начин на однесување.

Воспостави однос со Бог

Оздравувањето на Лео исто така изискувало да развие личен однос со Бог. „Откако научив да се потпирам на Јехова, тоа апсолутно го промени мојот став, однесувањето и изгледот“ — вели тој.

Меѓутоа, умесно е да се биде претпазлив. Секој однос — било со луѓето или со Бог — бара отвореност, чесност и доверба. Ова се токму тие особини коишто алкохолизмот ги разјадува. Тие можат да се негуваат, но за тоа е потребно време.

Како алкохоличар можеби не знаеш што значи присен однос. Можеби никогаш не си доживеал такво нешто. Затоа биди стрплив. Немој да го правиш овој чекор набрзина, очекувајќи односот со Бог да се материјализира како некаков автоматски нуспроизвод на апстиненција. Напрегај се да го разбереш Бог и неговите особини. Редовно медитирај, можеби така што внимателно ќе ги читаш библиските псалми кои изразуваат длабоки чувства на ценење за Јехова и неговите патишта.c

„Сила која е над она што е нормално“

Доверливиот, присен однос со Бог може да има силно влијание врз тебе. Јехова ќе ги поддржи твоите напори да оздравиш. (Спореди Псалми 50:10-12; 144:14.) Можеш да му пристапиш во горлива молитва во секое време, уверен дека тој ќе ти пружи „сила која е над она што е нормално“ (2. Коринтјаните 4:7, NW; Филипјаните 4:6, 7).

Творецот го знае твојот состав подобро од кој и да било човек (Псалми 102:14). Човечките советници кои се зависни од човечка мудрост, можат да помогнат; но колку повеќе може да ти помогне Творецот во оваа борба! (Исаија 41:10; 48:17, 18). Тој пружил љубезна поддршка преку христијанското собрание.

Систем на поддршка

Духовно зрелите старешини во христијанското собрание можат да бидат огромен извор на помош. Малкумина од нив можат да речат дека се вешти на медицинско или психијатриско поле, но тие ја познаваат и имаат доверба во Божјата Реч и Божјите начела. Тие можат да се покажат „како заштита од ветар, и засолниште за лошо време, како водни извори во степи, како сенка од висока карпа во жедна земја“ (Исаија 32:2). Извлечи потполна корист од нивната помош.d

Се разбира, таквите христијански старешини, заедно со останатите семејни членови и пријатели, нема да те заштитат од последиците на твоите сопствени постапки. Публикацијата Coming Off Drink (Престанување со пиењето) објаснува: „Пресудните фактори во лекувањето на алкохоличарите се алкохоличарите да се соочат со штетните последици на зависноста и да ја преземат одговорноста за своето однесување“. Затоа тие ќе бидат учтиви, но искрени, и ќе те охрабрат да се соочиш со реалноста и да се придржуваш на било кое лекување и начин на однесување што е потребно за да ја добиеш твојата битка против алкохолот.

Оздравувањето е твоја одговорност

Додека извлекуваш корист од поддршката на другите, треба да знаеш дека ниту еден човек или дух не може да те присили да оздравиш. Ти си лице со слободна волја. На крајот на краиштата, твоето оздравување е твоја одговорност. (Спореди 1. Мојсеева 4:7; 5. Мојсеева 30:19, 20; Филипјаните 2:12.) Прифати ја таа одговорност и Јехова ќе те благослови. Во 1. Коринтјаните 10:13 ни се дава гаранција: „Друго искушение вас не ве постигна, освен човечкото; но верен е Бог, Кој нема да позволи да бидете искушувани повеќе од силата ваша, а заедно со искушението ќе ви даде и излез, за да можете да трпите [да поднесете, NW]“. Затоа, утеши се — ти можеш да успееш во борбата со алкохолизмот.

[Фусноти]

a Иако се осврнуваме на алкохоличарот во машки род, овие начела еднакво важат и за алкохоличарките.

b Постојат многу центри за лекување, болници и други програми за оздравување кои можат да пружат помош. Стражарска кула не поддржува ниедно посебно лекување. Мора да се покаже грижа за некој да не биде вклучен во активности што би ги компромитирале библиските начела. Меѓутоа, во конечната анализа секој ќе мора да одлучи за себе каков вид лекување е неопходно.

c Некои примери се Псалмите 8; 9:1-20; 17; 18; 23; 50; 54; 62; 65; 72; 76; 83; 85; 89; 102; 129; 134; 138; 144.

d Корисни упатства за старешините се наоѓаат во Стражарска кула од 1. септември 1983, страница 3-8.

[Рамка на страница 24]

Можеби страдаш од понижувањата и бедата коишто ги донесува алкохолизмот. Ако е така, не губи надеж. Има помош.

[Рамка на страница 26]

АКО НАПРАВИШ КИКС

„Да си подготвен за кикс е исто како да имаш вежба за случај на пожар“ — вели книгата Willpower’s Not Enough. „Тоа не значи дека очекуваш пожар, туку дека си подготвен да преземеш одговорна акција ако би избувнал пожар.“ Ако киксираш:

□ Моли се на Јехова. Биди сигурен дека тој го разбира твојот проблем и дека сака да ти помогне (Псалми 102:14; Исаија 41:10).

□ Довери му се на некој христијански старешина и размисли однапред со кого да контактираш доколку се јави потреба. Биди искрен за она што се случило и слушај го внимателно неговиот библиски совет.

□ Чувај се од очај. Гнасењето од самиот себе само те води поблиску до потполн повторен пад, и затоа на твојот кикс гледај од исправна перспектива. Тоа што си изгубил една битка не значи дека си ја изгубил војната. Кога маратонецот ќе падне, тој не се враќа на стартната линија; станува и ја продолжува трката. Направи го истото и со твоето оздравување. Сѐ уште си на патеката. Изминатите седмици, месеци или години на апстиненција не се попусто изгубени.

[Слика на страница 25]

Спротивстави му се на негирањето и погледни се критички и чесно

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели