ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 1/9 стр. 8-9
  • Галад — регион за храбри луѓе

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Галад — регион за храбри луѓе
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Сличен материјал
  • Јефтај го исполнува ветеното на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Амонитите — народ кој на љубезноста возвратил со непријателство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Радо прифаќање на Јеховиното насочување
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Саул — првиот цар на Израел
    Мојата книга со библиски приказни
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 1/9 стр. 8-9

Сцени од Ветената земја

Галад — регион за храбри луѓе

НЕПОСРЕДНО пред Израел да ја премине реката Јордан во Ветената земја, Мојсеј ги храбрел: „Бидете цврсти и храбри, . . . Господ [Јехова, NW], твојот Бог, Самиот ќе тргне пред вас“ (5. Мојсеева 31:6).

Мојсеевото охрабрување се однесувало на племињата Рувим, Гад и половината од Манасиевото племе. Виделе дека ‚земјата Галад е место за стада‘ и затоа замолиле како место за живеење да им се додели регионот Галад (4. Мојсеева 32:1-40).

Галад бил од другата, источната страна на Јордан. Всушност, тоа било целата источна страна, од северниот крај на Мртвото Море сѐ до Галилејското Море. Овој регион се искачува од долината Јордан до добро наводнетата висорамнина и валчести ритчиња. Според тоа, Галад бил прекрасен регион за одгледување на житарици и пасење стока. Горната слика ти пружа претстава за тоа каков предел бил Галад. Но, зошто се поврзува храброста со едно такво релативно пријатно подрачје?

Племињата кои одбрале да живеат во Галад очигледно тоа не го сториле од страв. Приспомни си дека тие се согласиле да го преминат Јордан и да се борат против непријателите во Ветената земја, но при враќањето во Галад, им требало поголема храброст. Зошто? Па, тие биле на границата, изложени на напади од Амонитците од југоисток и Сиријците од север, кои навистина ги нападнале (Исус Навин 22:9; Судии Израилеви 10:7, 8; 1. Царства 11:1; 4. Царства 8:28; 9:14; 10:32, 33).

Овие напади биле исклучителни прилики кога била потребна храброст. На пример, откако Јехова дозволил Амонитците да го угнетуваат Галад, Божјиот народ се покајал и му се обратил за водство на еден „храбар“ човек чиј татко се викал исто така Галад. Овој храбар, односно бестрашен човек бил Ефтај. Тој е добро познат особено поради една заклетва која, и покрај тоа што бил бестрашен, одразувала дека го бара Божјето водство и поддршка. Ефтај се заколнал дека ако Бог му овозможи да ги порази угнетувачките Амонити, првото нешто што ќе му излезе од домот во пресрет ќе го „принесе како жртва сепаленица“, односно, ќе му го жртвува на Богa. Се случило тоа да биде единственото дете на Ефтај, неговата ќерка, која подоцна отишла да служи во Божјето светилиште. Да, Ефтај и, на еден поинаков начин, неговата ќерка, покажале храброст (Судии Израилеви 11:1, 4-40).

Пример на храброст кој можеби не е толку познат бил оставен во времето на Саул. За да имаш претстава на настанот, сети се дека, кога Саул станал цар, Амонитците се заканувале дека ќе му го извадат десното око на секој човек од Јавис Галадски, град кој можеби бил сместен во длабока, стрмна и карпеста долина која се протега низ ридови до Јордан. Саул бргу собрал војска за да го зацврсти Јавис (1. Царства 11:1-11). Со ваквата позадина во мислите, да дојдеме до крајот од Сауловото владеење и да видиме на кој начин била покажана храброст.

Можеби се сеќаваш дека Саул и трите негови синови загинале за време на војната со Филистеите. Непријателите му ја отсекле главата на Саул и победоносно ги обесиле труповите на Саул и неговите синови на ѕидот од Вет-Сански (1. Царства 31:1-10; десно можеш да го видиш ископаниот рид на Вет-Сански). Веста за ова стигнала во Јавис, на ридовите од Галад преку Јордан. Што можеле да сторат Галадците наспроти еден толку моќен непријател кој можел да го победи царот на Израел?

Погледни ја мапата. „Се кренаа сите силни луѓе, одеа цела ноќ, го зедоа телото на Саула и телата на синовите негови од ѕидот Вет-Сански, дојдоа во Јавис и таму го изгореа“ (1. Царства 31:12). Да, тие ја искористиле ноќта за да упаднат во непријателската тврдина. Можеш да разбереш зошто Библијата ги нарекува храбри, односно бестрашни.

Со текот на времето, десет племиња се отцепиле и го формирале северното царство на Израел, а тука бил вклучен и Галад. Околните народи, најнапред Сиријците, а потоа Асирците, почнале да преземаат делови од оваа територија на источната страна од Јордан. Затоа, и покрај претходните примери на храброст, народот на Галад ја платил цената за тоа што бил на гранична локација (3. Царства 22:1-3; 4. Царства 15:29).

[Фуснота]

a Една грижлива проценка на записот го отфрла обвинението дека Ефтај направил човечка жртва од своето дете. Види Insight on the Scriptures, том 2, стр. 27, 28, издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

[Карта на страница 8]

(Види во публикацијата)

ГАЛИЛЕЈСКО МОРЕ

МРТВО МОРЕ

Река Јордан

Вет-Сански

Рамот Галадски

Јавис

ГАЛАД

[Извор на слика]

Темелена на карта со заштитено авторско право кај Pictorial Archive (Near Eastern History) Est. and Survey of Israel

[Извор на слика на страница 8]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

[Извор на слика на страница 9]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели