ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 1/10 стр. 26-28
  • Што те води — начелата или популарното?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што те води — начелата или популарното?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Желбата да се припаѓа некаде
  • Притисоци да се прилагодиш
  • Може мнозинството да не е во право
  • Библиските начела се подобри
  • Кога сите ќе постапуваат исправно
  • Млади христијани — бидете цврсти во верата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Многубројно големо мноштво
    Откровение — близу е величествената завршница!
  • Се собира големото мноштво!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Едно големо мноштво пред Јеховиниот престол
    Обожавај го единствениот вистински Бог
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 1/10 стр. 26-28

Што те води — начелата или популарното?

ШЕСТООДДЕЛЕНЕЦОТ Норихито учествувал во еден спортски настан. Одеднаш, се соочил со една одлука. Од сите ученици се барало да учествуваат во патриотска церемонија. Треба ли да им се придружи на соучениците во оваа навидум рутинска задача?

Норихито научил од Библијата дека е погрешно да се придружува во било кој чин на обожавање на друг бог освен Јехова (2. Мојсеева 20:4, 5; Матеј 4:10). Тој исто така знаел дека христијаните треба да останат неутрални во сите световни политички работи (Даниил 3:1-30; Јован 17:16). Затоа, дури и кога соучениците го терале да им се придружи, тој храбро но со почитување останал на своето. Што би сторил ти во слична ситуација?

Желбата да се припаѓа некаде

Писмото покажува дека Бог ги создал луѓето да бидат дружељубиви, да се слагаат еден со друг и да уживаат кога прават нешто заеднички. Природно е да се сака друштвото на врсниците, да се биде прифатен, да се припаѓа некаде. Таквите чувства го прават животот поугоден и придонесуваат за мир и склад во нашето општење со другите (1. Мојсеева 2:18; Псалм 132:1; 1. Петрово 3:8).

Вродената желба да се припаѓа некаде е одразена во силниот нагласок што се става на прилагодувањето што се гледа во некои култури дури и денес. Јапончињата, на пример, се обучуваат од нивната најрана возраст да бидат свесни за правилата на мноштвото и да им се прилагодат. Нивната традиција ги учи дека една од најголемите должности што ги имаат е да се ускладат со општеството. „Јапонците, за разлика од западњаците, се далеку повеќе во состојба да работат во групи“, рекол Едвин Ришауер, поранешен американски амбасадор во Јапонија и остроумен набљудувач на навиките на Јапонците. Тој додал: „Додека западњаците барем однадвор покажуваат независност и индивидуалност, повеќето Јапонци ќе бидат прилично задоволни да се потчинат на нормите на својата група во облекувањето, однесувањето, начинот на живот, па дури и во размислувањето“. Меѓутоа, желбата да се прилагодат во никој случај не е ограничена само на Јапонците. Таа е сеопшта.

Притисоци да се прилагодиш

Иако е пожелно човек да го стори најдоброто за да се сложи со другите, постои опасност од слепо потчинување на она што е популарно. Зошто? Затоа што она што е популарно меѓу мноштвото често се противречи на она што е прифатливо за Бог. „Целиот свет лежи во моќта на злобниот“, ни кажува Библијата (1. Јованово 5:19, NW). Сатана лукаво го користи секое средство што му е на располагање — материјализам, низок морал, расни предрасуди, религиозен фанатизам, национализам и така натаму — за да влијае на масите и да ги одврати од Бог. Прилагодувањето на таквите практики на светот, всушност, го става човек наспроти Јехова Бог и неговите намери. Токму затоа христијаните се советувани: „Не управувајте се според овој век, туку преобразете се преку вашиот обновен ум, за да можете да познавате, која е добрата, угодна и совршена волја Божја“ (Римјаните 12:2).

Живеејќи во овој систем на ствари, христијаните се под постојан притисок да се потчинат на она што е популарно. Младите се особено ранливи во тој поглед. Желбата да се изгледа и да се постапува како сокласниците е крајно силна. Бара вистинска храброст од нив да им објаснат на врсниците зошто не учествуваат во извесни активности. Меѓутоа, ако пропуштат отворено да зборуваат, тоа може да значи духовна катастрофа за нив (Соломонови изреки 24:1, 19, 20).

Возрасните исто така се соочуваат со такви притисоци на работното место. Од нив може да се очекува да учествуваат во извесни општествени активности после работното време или на извесни празници. Ако не им угодат може да испаднат издвоени и неспремни на соработка, што создава тешка атмосфера на работното место. Некои можеби се чувствуваат принудени долго да работат прекувремено само затоа што другите работат, а тоа се очекува и од нив. Попуштањето на такви работи би било духовно штетно за нив, а и би ги спречило да ги исполнуваат другите обврски (1. Коринтјаните 15:33; 1. Тимотеј 6:6-8).

Притисоци да се прилагодиш се присутни дури и надвор од училиштето или работното место. Една христијанска мајка раскажува дека во една прилика се воздржала да го искара детето, и покрај тоа што било крајно потребно, само затоа што имала чувство дека другите домаќинки, кои биле присутни, не би го одобриле тоа (Соломонови изреки 29:15, 17).

Може мнозинството да не е во право

Библијата ни дава многу отворени совети кога е во прашање следење на мнозинството. На пример, на нацијата Израел ѝ било речено: „Не оди со мнозинството на зло и не согласувај се со мнозинството против правдата, поведувајќи се по мнозинството“ (2. Мојсеева 23:2; спореди Римјаните 6:16). Овој совет не се следел секогаш. Еднаш, кратко по напуштањето на Египет, кога Мојсеј бил отсутен, извесни поединци влијаеле на Арон и на народот да направат златно теле и да го обожаваат на некој „празник на Господа“. Народот јадел, пиел и добро се забавувал со песни и игри додека му принесувале жртви на златното теле. Поради овој разуздан, идолопоклонички чин, околу 3.000 ороводци биле казнети со смрт. А Јехова казнил и многу други затоа што без размислување го следеле мнозинството (2. Мојсеева 32:1-35).

Друг пример на следење на мнозинството во зло се појавил во првиот век во врска со смртта на Исус Христос. Наговорени од љубоморните религиозни водачи, многу луѓе се приклучиле во барањето Исус да биде убиен (Марко 15:11). Кога Петар на Пентакост после Исусовото воскресение и вознесение укажал на нивниот сериозен престап, многумина биле ‚прободени во срцата‘ (NW) и сфатиле што сториле со тоа што го следеле мнозинството (Дела на св. апостоли 2:36, 37).

Библиските начела се подобри

Како што јасно илустрираат овие извештаи, слепото следење на она што е популарно може да доведе до сериозни последици. Колку е подобро да се следи Библијата и да се дозволи нејзините начела да бидат водич во нашиот живот! „Како што е небото повисоко од земјата, така се и Моите патишта повисоки од вашите патишта и мислите Мои — повисоко од вашите мисли“, вели Јехова (Исаија 55:9). По прашањето за моралот и меѓучовечките односи — всушност, при сите одлуки во животот — секогаш одново се покажува дека следењето на Јеховините патишта е далеку подобро отколку следењето на она што е популарно. Тоа е клучот за посреќен и поздрав начин на живот.

Земи го, на пример, искуството на Казуја. Иако некое време ја проучувал Библијата, продолжил да го следи популарното — стремејќи се да стане богат и успешен. Неговите напори да им угоди на претпоставените и неговите соработници да мислат добро за него често го воделе на пијанки до раните утрински часови. Станал многу тежок, нетрпелив и раздразлив човек. Екстремниот начин на живот набргу му донел срцев удар после кој останал делумно парализиран. Додека закрепнувал на болничкиот кревет, имал време да размисли за она што го научил од Библијата и за начинот на кој живеел. Дошол до заклучок дека е време да започне да го применува она што го научил. Се повлекол од директорската положба и го променил друштвото. Исто така направил искрени напори да ја облече христијанската личност и да ги исправи своите ставови кон материјалниот имот. Како последица на тоа, неговите вредности се промениле, а здравјето му се поправило. На крајот, му го предал својот живот на Јехова и се крстил.

За да успее во следењето на непопуларен пат, човек мора да ги знае начелата што се опфатени и да биде сосем уверен дека тие се исправни. Она низ кое поминал Масару покажува дека тоа е вистина. Кога бил шесто одделение во основно училиште, соучениците го предложиле за кандидат за претседател на ученичкиот совет. Малку збунет се сеќава дека поради тоа што не ги разбирал потполно вклучените библиски начела, не бил во состојба да им објасни на соучениците зошто не може да конкурира за политичка функција. Стравот од луѓе го спречил да открие дека е христијанин. Сѐ што можел да стори било да ја наведне главата и низ солзи да повтори: „Не можам да прифатам“.

Ова болно искуство го навело да истражи зошто христијаните не се вклучуваат во политички активности. (Спореди Јован 6:15.) Подоцна, кога бил во средно училиште, настанала слична ситуација. Меѓутоа, овојпат бил подготвен да му ги објасни своите уверувања на својот професор. Професорот го прифатил објаснувањето, а го прифатиле и неколкумина негови сокласници кои го прашале за неговите библиски верувања.

Кога сите ќе постапуваат исправно

Во претстојниот нов свет под Христовата влада, популарното ќе биде исправното. Сѐ дотогаш, ќе мораме да се штитиме од наговарањето да се прилагодиме на она што е популарно. Можеме да се охрабриме од Павловиот совет: „Затоа и ние, имајќи толку многу сведоци, да отфрлиме од себеси секакво бреме и грев, што лесно нѐ окружува, и со трпеливост да побрзаме кон претстојната борба [со истрајност да ја трчаме трката која е поставена пред нас, NW]“ (Евреите 12:1).

Кога ќе ти се испречат на патот спорни прашања и предизвици, што ќе сториш? Дали ќе подлегнеш на стравот од луѓе и ќе го правиш она што е популарно? Или ќе се свртиш кон Божјата Реч, Библијата, и ќе ги следиш нејзините начела? Ако тргнеш по вториот пат нема само да ти користи сега туку и ќе ти пружи изглед да бидеш меѓу оние „кои што преку вера и трпение ги добиваат ветувањата“ (Евреите 6:12).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели