ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/11 стр. 4-7
  • „Последниот непријател“ ќе биде поразен!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Последниот непријател“ ќе биде поразен!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Запознај го твојот непријател
  • Соочување со смртта на саканото лице
  • Победа над смртта
  • „Смртта е проголтана засекогаш“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Како ќе и биде ставен крај на смртта?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
  • Како да ја поднесеш болната загуба на брачниот другар
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Зошто луѓето умираат?
    Одговор на библиски прашања
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/11 стр. 4-7

„Последниот непријател“ ќе биде поразен!

КАКО дете, можеби си се плашел од темнината. Страшните прикаски, па дури и некои бајки можеби те исполнувале со неспокојство. Колку било смирувачки кога мајка ти или татко ти ќе ја оставеле светилката да свети додека си се обидувал да заспиеш!

Смртта исто така ги заплашува многумина. Но сепак, нема причина за страв. Зошто? Поради она што смртта навистина е.

Запознај го твојот непријател

Мудриот Соломон, цар на древниот Израел, изјавил: „Живите знаат, дека ќе умрат, а мртвите ништо не знаат“ (Проповедник 9:5). Согласно со оваа божествено инспирирана мисла која се наоѓа во твојата сопствена Библија, смртта е едноставно спротивност на животот. Мртвите не се во состојба на свесно постоење.

Повикувајќи се на смртта на еден илустративен начин, христијанскиот апостол Павле напишал: „Смрт каде ти е осилката? Пеколу [смрт, НС], каде ти е победата?“ Што е осилката која предизвикува смрт? Павле вели: „Осилката на смртта е гревот“ (1. Коринтјаните 15:55, 56; Осија 13:14). Какво е тогаш потеклото на ова смртоносно осило? На друго место во Библијата, Павле установува: „Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот — смртта, по таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден човек, оти сите згрешија“ (Римјаните 5:12). Апостолот не остава место за сомневање околу идентитетот на тој „еден човек“ кога вели: „По Адама сите умираат“ (1. Коринтјаните 15:22). Да, преку непослушноста на нашиот прв прататко, Адам, сите ние сме потчинети на осилото на смртта (1. Мојсеева 3:1-19).

Со добро здравје и семејство полно со љубов, во пријатна средина, никој од нас не би сакал да умре. Сепак, како што покажува Библијата, „времето и приликите“ можат да нѐ лишат од животот (Проповедник 9:11). Всушност, не знаеме што ќе се случи утре со нас (Јаков 4:14). Едно е сигурно — сите ние сме наследиле грев и смрт. Поради тоа, смртта ни се прикрадува и нѐ напаѓа како непријател.

Соочување со смртта на саканото лице

Смртта е непријател посебно кога го погодува некого кого го сакаме. „Тебе ќе ти биде потешко“, му рекла на својот сопруг една тешко болна жена која очекувала смрт. Зошто го рекла тоа? Затоа што вели: „Сѐ што може да врши раката твоја, според силите свои, врши; зашто во гробот каде што ќе појдеш, нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост“ (Проповедник 9:10). Мртвите повеќе не патат. Но, бремето на тагата паѓа врз живите роднини и пријатели. Може ли да се стори нешто во врска со ваквото страдање?

Страниците на Божјата Реч, Библијата, содржат многу утешни зборови. На пример, да се чита и размислува за псалмите сигурно претставува еден извор на утеха. Навистина утешни се зборови како што се овие: „Нека е благословен Јехова, кој секојдневно го носи товарот за нас, вистинскиот Бог на нашето спасение“ (Псалм 68:19, НС).

Друг извор на утеха е христијанското собрание. Во првиот век од н. е., апостолот Павле напишал: „Вдовиците почитувај ги, но вистинските вдовици. Ако, пак, има деца или внуци [кои материјално се грижат за неа], тие најнапред нека се научат да го почитуваат својот дом и со тоа да им се отплатуваат на родителите свои, бидејќи тоа е добро и угодно пред Бога. За вдовица да се прими жена не помлада од шеесет години, и тоа таква што имала само еден маж, позната по добри дела; ако деца одгледувала, ако била гостољубива, нозе на светии миела; ако им помагала на пострадани и секое добро дело усрдно следувала“ (1. Тимотеј 5:3, 4, 9, 10). Јеховините сведоци денес исто така им помагаат и ги тешат ваквите соверници.

Честопати најголемото прилагодување кое ожалостениот треба да го направи е емоционално прилагодување. „Многу ја сакав мојата сопруга“, напишал еден човек чија сопруга умрела пред две години. „Ова е најтажната случка во мојот живот и тешко ми е да ја пребродам.“ Лице кое било во брак некое време го споделувало својот живот во најинтимниот од сите човечки односи. Кога сопружникот ќе умре, партнерот кој е жив природно чувствува голема загуба. Кому може таквиот да се обрати за помош?

Во такви услови, доброто христијанско друштво може да биде изградувачко. „Пријателот сака во секое време и како брат ќе се јави во време на неволја“, вели една мудра изрека (Проповедник 17:17). На еден вдовец, или вдовица, му е потребна помош — пријатели кои пружаат вистинска поддршка. Мудрите пријатели го храбрат ожалостениот да зборува, дури и ако тоа донесува солзи. Веројатно, христијанин кој веќе го искусил страдањето и болката во срцето поради загубата на сопружникот, ќе може да понуди љубезна помош. „Зборувајте им утешно на потиштените“, советува Библијата (1. Солунјаните 5:14, НС). Но запомни дека на вдовецот или вдовицата им недостасуваат нивните брачни другари. Поради тоа, ожалостените треба да им се доверуваат на другите само под услови кои им овозможуваат на сите да задржат чисто однесување (1. Петрово 2:12).

Најдобриот противотров за болката која смртта ја нанесува е да се остане зафатен во помагањето на другите — доста голем предизвик за оние кои веруваат дека тие се оние на кои им е потребна помош! Тука доаѓа до израз несебичноста. Несебичното помагање на другите придонесува да се истисне тагата и болката, бидејќи Исус рекол: „Поблажено е да се дава, отколку да се зема“ (Дела на св. апостоли 20:35).

Победа над смртта

Убодот на пчела може да биде многу болен, дури и опасен. Обично, отстранувањето на осилото на инсектот забодено во твојата кожа донесува олеснување. Но, кои изгледи постојат за ослободување од убодот кој предизвикува смрт?

Откако објаснил дека гревот е осилото кое предизвикува смрт, Павле извикува: „Да Му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос!“ (1. Коринтјаните 15:57). Како победата над смртта е поврзана со Христос? Исус покажал дека ова е случајот кога рекол за себе: „Како што и Синот Човечки не дојде да му служат, туку дојде да послужи и да ја даде душата Своја за откуп на мнозина“ (Матеј 20:28). Да, за оние кои покажуваат вера во Божјиот Син Исус Христос и откупната жртва која Јехова ја обезбедил преку него, смртта наследена од Адам нема да има за последица трајно непостоење (Јован 3:16).

Навистина охрабрувачки се Исусовите зборови: „Иде часот кога сите, кои што се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји, и ќе излезат: кои правеле добро — ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување“ (Јован 5:28, 29).

Со векови порано, Божјиот пророк Исаија прорекол: „Смртта ќе биде проголтана засекогаш, ќе ги избрише Господ [Јехова, НС] Бог солзите од сите лица“ (Исаија 25:8). Повторно, во Откровение 21:4, Библијата го прикажува овој прекрасен изглед: „И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина“. Охрабрени со ваквата надеж за оние кои спијат во смрт, ожалостените не треба да ‚жалат како и другите што немаат надеж‘ (1. Солунјаните 4:13).

Обиди се да си претставиш што приготвува Бог за човештвото, како што е откриено во Библијата. Неизбежната „голема неволја“ (НС) значи осуда за сегашниот зол систем на ствари (Откровение 7:14). Оние кои ја практицираат лажната религија се уништени. Ги нема повеќе алчните политички и трговски елементи кои придонесуваат за немаштија и војна. Понатаму, Исус Христос го фрла во бездна Сатана Ѓаволот, кој предизвикал смрт на толку многу луѓе. Христос потоа започнува со своето Илјадагодишно владеење, во текот на кое ја применува вредноста на својата откупна жртва за човештвото. Мртвите се враќаат во очекуваното воскресение и светлото од Божјата Реч свети толку јасно што суеверните гледишта за смртта, непријателот на човештвото, повеќе не постојат. Тогаш сите живи имаат поволна прилика да се учат за Божјите патишта и да се потчинат на неговите праведни мерила (Соломонови изреки 4:18; Дела на св. апостоли 24:15; Евреите 2:14, 15; Откровение 18:4-8; 19:19-21; 20:1-3).

‚Потоа, ќе биде крајот‘, вели Павле, ‚кога Христос Исус ќе Му го предаде на Бога и Отецот царството. Бидејќи Он владее како Цар додека Бог не ги стави сите непријатели под негови нозе. Додека последниот непријател, смртта, е уништен‘ (1. Коринтјаните 15:24-26). Секоја немоќ како последица на Адамовиот грев исчезнува. Настапува завршниот испит, и љубителите на Бог верно го положуваат (Откровение 20:4-10). Обновени до совршеност, овие послушни луѓе живеат не само некои шеесет или седумдесет години туку засекогаш. Каков поклон од Бог преку неговиот сакан Син! (Римјаните 6:23).

Значи, колку долго можеш да живееш? Твојот животен век може да се протега низ цела вечност. Живеејќи во „последното време“ имаш можност воопшто, никогаш да не умреш (Даниил 12:4; Јован 11:25, 26; 17:3). Ако ја вршиш божествената волја, можеш да преживееш директно во Божјиот ветен нов свет (2. Петрово 3:13).

Меѓутоа, ако си веќе во поодминати години, треба реалистично да размислиш за веројатноста на умирање. Надежта за воскресение сигурно донесува радост. Но можеби се прашуваш како Јехова ќе го организира семејниот живот во тој нов систем на ствари. Не дозволувај такви прашања да те загрижуваат бидејќи Јехова ќе се погрижи за трајната среќа на оние кои засекогаш му се верни.

Додека овие критични „последни денови“ на Сатановиот зол систем напредуваат кон својот крај, не дозволувај стравот од смртта да те лиши од предноста веднаш да му служиш на Јехова (2. Тимотеј 3:1). Ако некој кого го сакаш го снајде смрт, теши се со привремената природа на нејзината власт (Откровение 20:13, 14). Верувај во надежта за воскресение. Тогаш, било да влезеш во новиот свет преку преживување на големата неволја или преку воскресение, биди уверен во инспирираното ветување дека смртта, последниот непријател, ќе биде уништен (Откровение 7:9, 14).

[Слика на страница 5]

Доброто христијанско друштво може духовно да го изгради ожалостениот

[Слика на страница 7]

Ако се остане зафатен со помагање на другите се смалува болката предизвикана поради смртта на саканото лице

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели