ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/11 стр. 8-11
  • Никаква помисла за компромис!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Никаква помисла за компромис!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Мразени без причина
  • Рим го засилува прогонството
  • Изразити спротивности
  • Цената на сведочењето
  • Порастот донесува уште поголеми прогонства
  • Наградата
  • Раното христијанство и државата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Раните христијани и светот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Намразени заради нивната вера
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Библијата — книга со точни пророштва — дел 5
    Разбудете се! 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/11 стр. 8-11

Никаква помисла за компромис!

ЈЕХОВИНАТА рака била со раните следбеници на Исус Христос (Дела на св. апостоли 11:21). Со Божја помош тие бескомпромисно го следеле исправниот правец. Добро познат историски факт е дека доживувале непријателства, па дури и интензивни прогонства.

Беспрекорноста на првите верни следбеници на Христос е исто така добро познат факт. Дури и по цена на своите животи одбиле да ја компромитираат својата вера. Но, зошто толку свирепо се однесувале кон нив?

Мразени без причина

Како и Исус, вистинските христијани не ги делеле тежнеењата и верувањата на овој свет (1. Јованово 4:4-6). Не само тоа туку и растот на христијанството „бил толку брз и неговиот успех толку забележлив што неизбежен бил страшниот судир [со империјалистичките сили на Рим]“ — забележува историчарот Едмонд де Пресансе.

Исус во една прилика на себе го применил пророчкиот псалм, кој вели: „Ме замразија без вина“ (Јован 15:25; Псалм 68:4). Пред да им го каже ова на своите ученици, ги предупредил: „Ниеден слуга не е поголем од својот господар. Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат“ (Јован 15:20). Немало да биде лесно да се следат неговите чекори. Како прво, религиозните водачи на Евреите ќе ги сметале Исусовите еврејски ученици за отпадници од јудаизмот. Но кога од Исусовите следбеници барале да не зборуваат повеќе за него, тие одбивале да попуштат и на тој начин да направат компромис на верата (Дела на св. апостоли 4:17-20; 5:27-32).

Сведочејќи пред еврејскиот синедрион набргу после Пентакост 33. н. е., ученикот Стефан бил обвинет дека ‚хулел на Мојсеја и на Бога‘. Иако обвинението било подло, го каменувале до смрт. Како последица на ова, ‚настанало големо гонење против Црквата во Ерусалим и сите, освен апостолите, се распрснале по краиштата на Јудеја и Самарија‘ (Дела на св. апостоли 6:11, 13; 8:1). Многумина биле затворени.

Евреите ги гонеле Исусовите следбеници со „неумолива омраза“ — вели книгата Christianity and the Roman Empire (Христијанството и Римското Царство). Всушност, римската влада често пати морала да ги штити христијаните! На пример, римските војници го спасиле апостолот Павле од Евреите кои имале намера да го убијат (Дела на св. апостоли 21:26-36). Сепак, односот помеѓу христијаните и Римјаните останал недоверлив.

Рим го засилува прогонството

Приближно девет години по смртта на Стефан, римскиот владетел Ирод Агрипа I го убил апостолот Јаков за да стане омилен кај Евреите (Дела на св. апостоли 12:1-3). До тоа време, верата во Христос се проширила до Рим (Дела на св. апостоли 2:10). Во 64 н. е., поголемиот дел од градот бил уништен од пожар. Следеле ужасни прогонства откако Нерон ги обвинил христијаните за катастрофата, како обид да ги замолчи гласовите дека тој е одговорен за пожарот. Дали тој го запалил градот како причина да изгради уште повеличествен град кој по него би се викал Неронполис? Или, пак, неговата царица Попеја, еврејска прозелитка со позната антипатија кон христијаните, влијаела на него да одлучи да ги обвини нив? Истражувачите не се сигурни, но последиците биле страотни.

Римскиот историчар Тацит вели: „На смртта ѝ претходеше исмејување; облечени во животински кожи, [христијаните] беа раскинувани на парчиња од кучињата; ги распнуваа на крстови; ги направија запалливи така што, кога ќе завршеше денот, можеа да служат како светилки“ — човечки факели кои ги осветлувале царските градини. Тацит, кој не им бил пријател на христијаните, додава: „Виновни како што и беа, заслужуваа примерно казнување, додека беа уништувани подбудуваа сожалување, не затоа што умираа поради општата добробит туку поради суровоста на само еден човек“ — Нерон.

Изразити спротивности

Иако ова ѝ користело на Нероновата намера да ги обвини христијаните за уништувањето на Рим, тој никогаш не го забранил, односно проскрибирал христијанството како религија во рамките на својата држава. Тогаш, зошто Римјаните ги прогонувале? Поради тоа што „малите христијански заедници со нивната побожност и пристојност го вознемирувале паганскиот свет кој тежнеел по задоволства“ — вели историчарот Вил Дјурант. Контрастот помеѓу христијанството од една страна и крвопролевањето при римските гладијаторски борби од друга, тешко можел да биде поголем. Можноста Римјаните да се ослободат од христијаните во оваа прилика и со тоа да си ја смират совеста, била премногу добра за да се пропушти.

Како светска сила, Рим изгледал непреземлив. Римјаните верувале дека една од причините за нивната воена способност била таа што ги обожавале сите божества. Поради тоа, тешко можеле да ја сфатат исклучителноста на христијанскиот монотеизам и нивното отфрлање на сите други богови, вклучувајќи го и обожавањето на царот. Не било за изненадување што Рим го сметал христијанството за влијание кое можело да го поткопа самиот темел на царството.

Цената на сведочењето

Кон крајот на првиот век н. е., апостолот Јован бил протеран на островот Патмос ‚поради тоа што зборувал за Бог и сведочел за Исус‘ (Откровение 1:9, НС). Се смета дека за ова бил одговорен римскиот император Домицијан. Меѓутоа, и покрај притисокот врз Исусовите следбеници, кон крајот на столетието христијанството се проширило низ целата римска империја. Како било можно тоа? Книгата History of the Early Church (Историјата на раната црква) вели дека христијанството „било сложно поради неговата служба“. Како и Јован, прогонуваните рани христијани не сакале да ја компромитираат својата вера, туку ревно истрајале во зборувањето за Бог и сведочењето за Исус (Дела на св. апостоли 20:20, 21; 2. Тимотеј 4:2).

Прогонството на христијаните попримило поинакво обележје од 112. година н. е., две години откако императорот Трајан го наименувал Плиниј за гувернер на Витанија (денешна северозападна Турција). Претходната тамошна управа била слаба, поради што настанал неред. Храмовите скоро биле напуштени, а продажбата на храна за животни кои се жртвувале значително опаднала. Продавачите за тоа го обвинувале христијанското обожавање со неговата едноставност затоа што при тоа немало ниту животински жртви ниту идоли.

Плиниј напорно работел за да го обнови паганското обожавање, додека христијаните со своите животи плаќале за тоа што одбивале да носат вино и темјан пред кипот на императорот. На крајот, римските власти признале дека христијаните „биле народ со одличен морал, но неумоливо непријателски расположени кон старите религиозни традиции“ — вели професор Хенри Чедвик. Иако да се биде христијанин значело злосторство кое се казнувало со смрт, Исусовите вистински следбеници ниту не помислувале на копромис.

Омраза избивала и поради „неволјите во паганските семејства заради преобраќањето на поедини членови од семејството“ — вели професор В. М. Ремзи. „Некому општествениот живот му се чинел многу тежок кога соседот не се сложувал со повеќето секојдневни обичаи бидејќи во основата лежело признавање на паганските божества“ — изјавува д-р Џ. В. С. Ванд. Не е ни чудо што многумина гледале на раните христијани како на мразители на човештвото или ги сметале за атеисти.

Порастот донесува уште поголеми прогонства

Поликарп, за кој се известува дека бил поучуван од апостолот Јован, бил почитуван старешина во градот Смирна (денешен Измир). Поради својата вера бил изгорен на столб во 155. година н. е. Римскиот провинциски гувернер Стациј Квадратиј ги собрал масите. Арената била полна со непријателски расположените пагани кои го презирале 86-годишниот Поликарп затоа што ги обесхрабрувал во обожавањето на нивните богови, а и со фанатични Евреи кои радо ги собрале дрвата за да го изгорат Поликарп, иако тоа требало да го сторат на голем Сабат.

Како следно, порој од прогонства се слеал врз христијаните низ целиот римски свет. Под императорот Марко Аурелиј нивната крв течела уште пообилно. Ако биле римски граѓани, ги погубувале со меч, а ако не, ги растргнувале дивите животни во амфитеатрите. Какво злосторство сториле? Само тоа што биле христијани кои одбиле да направат компромис или да се откажат од својата вера.

Современиот француски град Лион се издигнал над римската колонија Лугдунум, важен административен центар и единствен римски гарнизон помеѓу Рим и реката Рона. Од 177 н. е., тоа било силна христијанска заедница против која паганската популација делувала со гневна опозиција. Тоа започнало кога христијаните биле исклучени од сите места на јавното делување. Толпите предизвикале немир, а прогонството кое следело како последица било толку големо што ниту еден христијанин не се осмелувал да излезе од дома. Римскиот гувернер заповедал христијаните да се пронајдат и погубат.

Наградата

Со смртта на Исусовите апостоли и губењето на нивното задржувачко влијание, меѓу оние кои исповедале христијанство почнало да се развива отпадништво (2. Солунјаните 2:7). Кон крајот на 4. век н. е., отпадничкото христијанство станало државна религија. Оттогаш, тоа станало корумпирано и било спремно да направи компромис и да се идентификува себеси со светот — нешто што Исус и неговите рани ученици никогаш не го направиле (Јован 17:16). Меѓутоа, доста порано пред тоа библискиот канон бил комплетиран заедно со неговиот извештај за христијанската вера.

Дали страдањето и смртта на илјадници рани христијани било залудно? Никако! Без секаква помисла да ја компромитираат својата вера тие се покажале ‚верни до самата смрт и им бил даден венецот на жвотот‘ (Откровение 2:10). Јеховините слуги сѐ уште ја чувствуваат жестината на прогонствата, но верата и беспрекорноста на раните соверници останува извор на големо охрабрување за нив. Затоа, современите христијани не ни помислуваат на компромис.

[Слики на страници 8 и 9]

Нерон

Макета на империјалистичкиот Рим

Олтар посветен за обожавање на цезарот

[Извор на слика]

Нерон: Со љубезна дозвола на British Museum

Museo della Civiltà Romana, Рим

[Слика на страница 10]

Марко Аурелиј

[Извор на слика]

The Bettmann Archive

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели