Јеховините сведоци ширум светот — Република Филипини
РЕПУБЛИКА Филипини ја сочинуваат 7.083 карпести тропски острови кои претставуваат површински дел од делумно подводните планински венци.a А 62-та милиони жители на Филипините сакаат да разговараат за скоро секоја тема. Ваквиот пријатен став има за последица едно плодно подрачје за сведочење за Царството.
Сведочење во училиште
Една млада средношколка на островот Масбет била во можност да ѝ сведочи на својата наставничка и на целиот клас за време на еден квиз „точно-неточно“. Таа известува:
„Изјавата беше: ‚Ако Бог ме сака, нема да ми задава проблеми или да дозволи да страдам‘. Кога учителката ги провери нашите тестови, таа заклучи дека сите, освен мене, одговориле со „точно“. Ми дозволи да објаснам пред класот зошто сум одговорила со „неточно“. Им реков дека Бог не е тој кој ни ги задава проблемите, иако допушта страдање и дозволува да бидеме испитани. Употребувајќи ја мојата Библија, која секогаш ја носам со мене во училиште, наведов заклучок пред класот со зборовите од 1. Јованово 4:8: ‚Бог е љубов‘. После моето објаснување, наставничката беше убедена; таа удри по нејзината маса за пишување и рече: ‚Марилу е во право‘. Јас бев единствената која го имаше точниот одговор на тоа прашање, и ја добив највисоката оценка“.
Пораката за Царството насекаде е присутна
Додека била во службата од куќа до куќа, на еден друг крај од Филипините, една општа пионерка (полновремен објавител на добрата вест) наишла на мајка со три мали деца. Жената покажала жив интерес за пораката на Царството, и тоа овозможило со неа да се започне библиска студија. Иако нејзиниот сопруг не бил задоволен што неговата жена примала библиски поуки, особено од Јеховините сведоци, студијата продолжила.
Сопругот го преселил своето семејство во друг град, мислејќи дека тоа ќе му стави крај на дружењето на неговата жена со Сведоците. Меѓутоа, не поминало долго време кога тие ја пронашле жената, и таа ја обновила библиската студија. Излишно е да се каже дека нејзиниот сопруг бил прилично вознемирен. Отишол на работа разлутен и таму ги излил своите чувства врз еден муштерија чијашто кола ја поправал, не знаејќи дека и муштеријата бил Јеховин сведок.
Сведокот објаснил дека би било многу корисно за целото семејство ако неговата жена продолжи со библиските поуки и дека би можела да почне да ги применува библиските начела токму во домот. Исто така предложил и самиот сопруг да извлече корист така што ќе учи за Божјето Царство.
Каков бил резултатот од оваа дискусија? Жената на тој човек има поголема слобода да ја проучува Библијата, а тој решил да го врати своето семејство назад во нивниот првобитен дом. Таму жената духовно напредувала до некрстен објавител на Царството. Нејзиниот сопруг исто така прифатил библиска студија и целото семејство почнало да ги посетува христијанските состаноци.
[Фуснота]
a За понатамошни информации, види во Календар на Јеховини сведоци 1994.
[Рамка на страница 8]
ИЗВЕШТАЈ ОД ЗЕМЈАТА
за 1993 службена година
НАЈВИСОК БРОЈ НА ОБЈАВИТЕЛИ: 116.576
ОДНОС 1 сведок на: 549
ПРИСУТНИ НА СПОМЕНОТ: 357.388
ПРОСЕК НА ОБЈАВИТЕЛИ КОИ СЕ ПИОНЕРИ: 22.705
ПРОСЕК НА БИБЛИСКИ СТУДИИ: 94.370
БРОЈ НА КРСТЕНИ: 7.559
БРОЈ НА СОБРАНИЈА: 3.332
ПОДРУЖНИЦА: МАНИЛА
[Слика на страница 9]
Сведочењето на пазар донесува добри резултати
[Слика на страница 9]
Подружница на Watchtower Society во Манила