ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/1 стр. 10-15
  • Јехова владее — преку теократија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова владее — преку теократија
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Родена е теократија
  • Власт под теократијата
  • Нетеократски дела и ставови
  • Крај на една теократија
  • Нова теократија
  • Остани близу до теократијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Пастири и овци во теократија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Пастирење со нашиот Величествен Творец
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Растот на теократијата
    Пејте му фалби на Јехова
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/1 стр. 10-15

Јехова владее — преку теократија

„Јахве ќе царува довека“ (ПСАЛМ 146:10, Стварност).

1, 2. а) Зошто не успеале човековите напори во однос на управувањето? б) Кој бил единствениот вистински успешен облик на управа?

УШТЕ од времето на Нимрод, луѓето се обидувале на разни начини да управуваат со човечкото општество. Постоеле диктатури, монархии, олигархии и разновидни облици на демократија. Јехова ги допуштил сите нив. Всушност, бидејќи Јехова е конечниот Извор на сета власт, тој во извесна смисла поставил различни владетели во нивните релативни положби (Римјаните 13:1). Па сепак, сите човекови напори да управува, промашиле. Ниеден човечки владетел не создал трајно, стабилно, праведно општество. Многу често, ‚човек господарел над човек на своја [негова, НС] штета‘ (Проповедник 8:9).

2 Дали треба ова да нѐ изненади? Се разбира, не! Несовршениот човек не бил создаден за да управува со самиот себеси. „Патот на човекот не зависи од него, . . . не е во власта на оној кој оди, за да ги исправа [управува, НС] стапките свои“ (Јеремија 10:23). Токму затоа, низ сета човечка историја, само еден вид управа бил вистински успешен. Кој? Теократијата под Јехова Бог. На библискиот грчки, „теократија“ значи влада [кра́тос] на Бог [теос]. Која влада би била подобра од владата на самиот Јехова Бог? (Псалми 146:10, Ст).

3. Кои биле некои рани примери на теократија што постоеле на Земјата?

3 Теократијата владеела кратко време во Еден, сѐ додека Адам и Ева не се побуниле против Јехова (1. Мојсеева 3:1-6, 23). Изгледа дека во времето на Авраам теократија постоела во градот Салем каде што Мелхиседек бил цар-свештеник (1. Мојсеева 14:18-20; Евреите 7:1-3). Меѓутоа, првата национална теократија под Јехова Бог била воспоставена во Синајската пустина во 16. век пр. н. е. Како се случило тоа? И како функционирала таа теократска управа?

Родена е теократија

4. Како ја основал Јехова теократската нација Израел?

4 Во 1513 пр. н. е., Јехова ги избавил Израелците од ропството во Египет и во Црвеното Море ги уништил војските на фараонот коишто ги гонеле. Потоа ги одвел Израелците до планината Синај. Кога се улогориле во подножјето на планината, Бог им рекол преку Мојсеј: „Сами видовте што им направив на Египтјаните и како ве изнесов, како на крилја орлови и ве приведов при Себе. Па сега, ако го слушате гласот Мој и го пазите заветот Мој, ќе ми бидете народ избран меѓу сите народи“. Израелците одговориле: „Сѐ што рекол Господ ќе направиме и ќе послушаме“ (2. Мојсеева 19:4, 5, 8). Бил склучен сојуз и така се родила теократската нација Израел (5. Мојсеева 26:18, 19).

5. Како можело да се рече дека Јехова владеел во Израел?

5 Но, како владеел со Израел Јехова којшто е невидлив за човечки очи? (2. Мојсеева 33:20). Така што законите и свештенството на нацијата биле дадени од него. Оние кои ги слушале законите и кои вршеле обожавање според божествено овластени подготовки, му служеле на Големиот Теократ, Јехова. Освен тоа, првосвештеникот ги имал Урим и Тумим, со кои Јехова Бог давал водство во време на итност (2. Мојсеева 28:29, 30). Понатаму, оспособени постари мажи биле Јеховини претставници во теократијата и воделе сметка да се применува Божјиот Закон. Ако го разгледаме извештајот за некои од овие мажи, подобро ќе разбереме како треба луѓето да ѝ се подложуваат на Божјата влада.

Власт под теократијата

6. Зошто било предизвик за луѓето да имаат власт во теократијата, и какви луѓе биле потребни за оваа одговорност?

6 Оние кои имале положба на власт во Израел, имале голема предност, но тоа барало од нив напор и решеност да ја задржат својата урамнотеженост. Морале да внимаваат нивното сопствено јас никогаш да не стане поважно отколку посветувањето на Јеховиното име. Инспирираната изјава дека „не е во власта на оној кој оди, за да ги исправа [управува, НС] стапките свои“ важела како за Израелците така и за останатото човештво. Израел цветал само тогаш кога постарите мажи се потсетувале дека Израел бил теократија и дека требало да ја вршат Јеховината, а не својата волја. Набргу по основањето на Израел, Мојсеевиот тест, Јотор, добро опишал какви луѓе требало тие да бидат, то ест, „способни луѓе, кои се плашат од Бога; луѓе справедливи, кои мразат горделивост [неправедна добивка, НС]“ (2. Мојсеева 18:21).

7. На кој начин бил Мојсеј одличен пример за човек кој имал власт под Јехова Бог?

7 Првиот кој требало да има висока власт во Израел бил Мојсеј. Тој бил одличен пример за теократска авторитетна личност. Додуша, во една прилика се открила човечка слабост. Меѓутоа, Мојсеј секогаш се потпирал на Јехова. Кога се појавувале прашања кои сѐ уште не биле решени, тој барал Јеховино водство. (Спореди 4. Мојсеева 15:32-36.) Како му се спротивставил Мојсеј на искушението да ја употреби својата висока положба на своја лична слава? Па, иако водел милионска нација, тој бил „најкроткиот човек меѓу сите луѓе на земјата“ (4. Мојсеева 12:3). Немал лични амбиции туку бил заинтересиран за Божјата слава (2. Мојсеева 32:7-14). А имал и силна вера. Зборувајќи за него пред да стане национален водач, апостолот Павле рекол: „Веруваше во Оној, Кој не се гледаше, како да Го гледа“ (Евреите 11:27). Секако, Мојсеј никогаш не заборавил дека Јехова бил вистинскиот Владетел на нацијата (Псалм 89:1, 2). Каков извонреден пример за нас денес!

8. Каква заповед му дал Јехова на Исус Навин, и зошто е значајно тоа?

8 Кога надгледувањето на Израел се покажало претешко за Мојсеј, Јехова им дал од својот дух на 70-мина постари мажи кои требало да го поддржуваат во судењето на нацијата (4. Мојсеева 11:16-25). Во подоцнежните години, секој град требало да си има свои постари мажи. (Спореди 5. Мојсеева 19:12; 22:15-18; 25:7-9). Откако Мојсеј умрел, Јехова го поставил Исус Навин за водач на нацијата. Можеме да си замислиме дека со оваа предност, Исус Навин имал доста работа. Меѓутоа, Јехова му рекол дека постоело само едно нешто кое никогаш не смеел да го пропушти: „Да не се одделува од устата твоја оваа книга на законот; туку поучувај се од неа дење и ноќе, за да разбереш како ќе го извршуваш сѐ она, што е напишано во неа“ (Исус Навин 1:8). Забележи дека Исус Навин, иако зад себе имал преку 40 години служба, требало да продолжи да го чита Законот. И ние треба да ја проучуваме Библијата и да го освежуваме своето сеќавање во поглед на Јеховините закони и начела — без разлика колку долго служиме или колку многу предности имаме (Псалм 118:111, 112).

9. Што се случувало во Израел за време на судиите?

9 По Исус Навин следувала низа од судии. За жал, во нивно време Израелците многупати ‚почнувале да прават зло пред Господа‘ (Судии Израилеви Су 2:11). Во врска со периодот на судиите, извештајот вели: „Во тие денови Израил немаше цар: секој го правеше она, што му се чинеше дека е право“ (Судии Израилеви Су 21:25). Секој си донесувал свои одлуки во врска со однесувањето и обожавањето, а историјата покажува дека мнозина Израелци донесувале лоши одлуки. Се впуштале во идолско обожавање и понекогаш вршеле ужасни злосторства (Судии Израилеви Су 19:25-30). Сепак, некои покажувале примерна вера (Евреите 11:32-38).

10. Како се променила радикално владата во Израел во времето на Самуил, и што довело до тоа?

10 За време на животот на последниот судија, Самуил, Израел минал низ една криза во врска со владата. Под влијание на околните непријателски нации со кои владееле цареви, Израелците резонирале дека и ним им треба цар. Заборавиле дека веќе имале Цар, дека нивната влада била теократија. Јехова му рекол на Самуил: „Не те офрлија тебе, туку Ме отфрлија Мене, за да не царувам над нив“ (1. Царства 8:7). Нивниот пример нѐ потсетува колку е лесно да го изгубиме нашето духовно гледиште и да паднеме под влијание на светот околу нас. (Спореди 1. Коринтјаните 2:14-16.)

11. а) Зошто можело да се рече дека Израел останал теократија под царевите и покрај промената во владата? б) Која заповед им ја дал Јехова на Израеловите цареви, и со каква цел?

11 Меѓутоа, Јехова се согласил со барањето на Израелците и ги избрал нивните два први цара, Саул и Давид. Израел и понатаму останал теократија со која владеел Јехова. Така, за неговите цареви да го запомнат ова, секој од нив бил обврзан да си направи препис од Законот и секојдневно да го чита, „за да се научи да се бои од Господа, својот Бог, и да ги пази и да ги исполнува сите овие заповеди и наредби; за да не се возгордее срцето негово пред неговите браќа“ (5. Мојсеева 17:19, 20). Да, Јехова сакал оние кои имаат власт во неговата теократија да не се воздигнуваат себеси и нивните постапки требало да го одразуваат неговиот Закон.

12. Какво минато на верност имал цар Давид?

12 Цар Давид имал истакната вера во Јехова, а Бог се заветувал дека тој ќе биде татко на лоза на цареви која ќе трае засекогаш (2. Царства 7:16; 3. Царства 9:5; Псалм 88:29). Давидовата понизна подложност на Јехова била достојна за имитирање. Тој рекол: „Господи, со Твојата сила ќе се весели царот и за спасението од Тебе безмерно ќе се радува“ (Псалм 20:1). Иако Давид понекогаш потфрлал поради телесна слабост, како владетел тој се потпирал на Јеховината сила, а не на својата.

Нетеократски дела и ставови

13, 14. Кои биле некои од нетеократските постапки на Давидовите наследници?

13 Не биле сите израелски водачи како Мојсеј и Давид. Мнозина покажале големо непочитување кон теократското уредување така што толерирале лажно обожавање во Израел. Дури и некои од верните владетели повремено постапувале нетеократски. Многу трагичен бил случајот со Соломон, кој бил даруван со голема мудрост и благосостојба (3. Царства 4:25, 29). И покрај тоа, од непочитување спрема Јеховиниот закон, се оженил со многу жени и допуштил обожавање на идоли во Израел. Очигледно, Соломоновата влада во неговите подоцнежни години била угнетувачка (5. Мојсеева 17:14-17; 3. Царства 11:1-8; 12:4).

14 Соломоновиот син Ровоам бил соочен со барањето да им го олесни бремето на своите поданици. Наместо во таа ситуација да постапи одмерено, тој воинствено го бранел својот авторитет — и изгубил 10 од 12-те племиња (2. Летописи 10:4-17). Првиот цар на отцепеното десетплеменско царство бил Јеровоам. Во обид да осигури неговото царство никогаш повторно да не се обедини со неговата сестринска нација, воспоставил обожавање на теле. Можеби ова изгледа само како вешт политички чекор, но тоа било израз на тврдоглаво непочитување спрема теократијата (3. Царства 12:26-30). Подоцна, на крајот од долгиот живот на верна служба, царот Аса дозволил гордоста да го расипе неговиот добар глас. Го малтретирал пророкот кој дошол кај него со совет од Јехова (2. Летописи 16:7-11). Да, дури и на старите понекогаш им треба совет.

Крај на една теократија

15. Како промашиле еврејските водачи како личности на власт во теократијата кога Исус бил на Земјата?

15 Кога Исус Христос бил на Земјата, Израел сѐ уште бил теократија. Но, за жал, мнозина од неговите одговорни постари мажи не биле духовно настроени. Се разбира дека не успеале да ја негуваат кроткоста што ја покажувал Мојсеј. Исус укажал на нивната духовна расипаност кога рекол: „На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите. Затоа, сѐ што ќе ви кажат да пазите, пазете и извршувајте; а според делата нивни не постапувајте, оти тие говорат, а не извршуваат“ (Матеј 23:2, 3).

16. Како покажале еврејските водачи од I век дека немале почитување спрема теократијата?

16 Откако го предале Исус на Понциј Пилат, еврејските водачи покажале колку далеку залутале од теократската подложност. Пилат го испитал Исус и заклучил дека тој бил невин човек. Изведувајќи го Исус пред Евреите, Пилат рекол: „Еве Го вашиот Цар!“ Кога Евреите завревеле барајќи смрт за Исус, Пилат прашал: „Царот ваш ли да Го распнам?“ Главарите свештенички одговориле: „Ние немаме цар, освен ќесарот“ (Јован 19:14, 15). Тие го признале Цезарот за цар, а не Исус, ‚кој дошол во Јеховино име‘! (Матеј 21:9, НС).

17. Зошто природниот Израел престанал да биде теократска нација?

17 Со тоа што го отфрлиле Исус, Евреите ја отфрлиле теократијата, затоа што тој требало да биде централната личност во идните теократски подготовки. Исус бил кралскиот син Давидов кој требало да владее засекогаш (Исаија 9:6, 7; Лука 1:33; 3:23, 31). Така, телесниот Израел престанал да биде Божји избран народ (Римјаните 9:31-33).

Нова теократија

18. Каква нова теократија била родена во I век? Објасни.

18 Сепак, тоа што Бог го отфрлил телесниот Израел не значело и крај на теократијата на Земјата. Преку Исус Христос, Бог воспоставил нова теократија. Тоа било помазаното христијанско собрание, кое всушност претставувало нова нација (1. Петрово 2:9). Апостолот Павле го нарекол ‚Божји Израил‘, а неговите членови конечно дошле „од секое колено, јазик, народ и племе“ (Галатјаните 6:16; Откровение 5:9, 10). Иако биле подложни на човечките влади под коишто живееле, со членовите на оваа нова теократија навистина владеел Бог (1. Петрово 2:13, 14, 17). Набрзо по раѓањето на новата теократија, владетелите на телесниот Израел се обиделе да присилат некои ученици да престанат да ја слушаат заповедта што им ја дал Исус. Каква била реакцијата? „Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога [како владетел, НС], отколку на луѓето“ (Дела 5:29). Навистина, теократско гледиште!

19. Во која смисла можеле христијанските собранија од I век да бидат наречени теократија?

19 Но, како функционирала новата теократија? Па, постоел Цар, Исус Христос, кој го претставувал Големиот Теократ, Јехова Бог (Колосјаните 1:13). Иако Царот бил невидлив на небесата, неговата влада била реална за неговите поданици, а неговите зборови ги управувале нивните животи. Што се однесува до видливото надгледување, биле наименувани духовно оспособени постари мажи. Во Ерусалим една група од такви мажи функционирала како водечко тело. Тоа тело го претставувале патувачки старешини, како Павле, Тимотеј и Тит. А за секое собрание се грижело тело од постари мажи, или старешини (Титу 1:5, Ст). Кога ќе се појавел некој тежок проблем, старешините се консултирале со водечкото тело или со некој од неговите претставници, како што бил Павле. (Спореди Дела 15:2; 1. Коринтјаните 7:1; 8:1; 12:1.) Понатаму, секој член на собранието имал свој дел во потпомагањето на теократијата. Секој еден бил одговорен пред Јехова да ги применува библиските начела во својот живот (Римјаните 14:4, 12).

20. Што може да се рече за теократијата во пост-апостолско време?

20 Павле предупредил дека по смртта на апостолите ќе се развиел отпад, кое токму и се случило (2. Солунјаните 2:3). Како што времето минувало, бројот на оние кои тврделе дека се христијани пораснал на милиони, а потоа на стотици милиони. Тие развиле различни видови на црковна управа, како хиерархиска, презвитеријанска и конгрегационална. Меѓутоа, ниту однесувањето ниту верувањата на овие цркви не го одразувале владеењето на Јехова. Тие не биле теократии!

21, 22. а) Како ја обновил Јехова теократијата во текот на времето на крајот? б) Кои прашања за теократијата ќе се разгледаат понатаму?

21 За време на крајот на овој систем на ствари, требало да има одвојување на вистински од лажни христијани (Матеј 13:37-43). Тоа се случило во 1919, главна година во историјата на теократијата. Во тоа време се исполнило славното пророштво од Исаија 66:8: „Кој видел слично на тоа? Никне ли од земјата [Се раѓа ли земја, НС] во еден ден? Се раѓа ли народ наеднаш?“ Одговорот на тие прашања било едно громогласно Да! Во 1919, христијанското собрание повторно постоело како одвоен „народ“. Една теократска „земја“ навистина се родила во еден ден! Како што одминувало времето на крајот, организацијата на овој нов народ била прилагодена за да биде колку што е можно поблиска на онаа што постоела во првиот век (Исаија 60:17). Но таа секогаш била теократија. Во однесувањето и верувањата, секогаш ги одразувала божествено инспирираните закони и начела од Библијата. И секогаш му била подложна на устоличениот Цар, Исус Христос (Псалм 44:17; 71:1, 2).

22 Дали си здружен ти со оваа теократија? Дали имаш положба на власт во неа? Ако да, дали знаеш што значи да се постапува теократски? Знаеш ли кои замки треба да ги избегнуваш? Последниве две прашања ќе бидат разгледани во следната статија.

Можеш ли да објасниш?

◻ Што е теократија?

◻ На кој начин бил Израел теократија?

◻ Каква подготовка направил Јехова за да ги потсети царевите дека Израел бил теократија?

◻ На кој начин христијанското собрание било теократија, и како било организирано?

◻ Каква теократска организација е воспоставена во наше време?

[Слика на страница 12]

Пред Понтиј Пилат, еврејските владетели порадо го признале цезарот отколку Јеховиниот теократски наименуван Цар

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели