ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 1/9 стр. 13-18
  • Остани близу до теократијата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Остани близу до теократијата
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што е вистинска теократија?
  • Теократска организација
  • Теократското гледиште кон световното владеење
  • Стави ја Божјата слава на прво место
  • „Угледајте се на Бога“
  • Јехова владее — преку теократија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Пастири и овци во теократија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Пастирење со нашиот Величествен Творец
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Христијанскиот став кон авторитетот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 1/9 стр. 13-18

Остани близу до теократијата

„Зашто Господ е наш судија, Господ е наш законодавец, Господ е наш цар“ (ИСАИЈА 33:22).

1. Зошто владата е предмет на загриженост за повеќето луѓе?

ТЕМАТА за владата е предмет на голема загриженост за сите. Добрата влада донесува мир и просперитет. Библијата вели: „Царот со правда ја зајакнува земјата своја“ (Изреки 29:4). Од друга страна, пак, лошата влада води до неправда, корупција и угнетување. „Кога нечесниот господари, народот офка“ (Изреки 29:2). Низ историјата, луѓето испробале многу видови влади и, за жал, честопати ‚офкале‘ поради угнетувањето од страна на нивните владетели (Проповедник 8:9). Дали некој облик на влада успеал да им донесе трајно задоволство на своите поданици?

2. Зошто „теократија“ е добар опис за владата на древниот Израел?

2 Историчарот Јосиф спомнал еден посебен вид влада кога напишал: „Некои луѓе им ја довериле врховната политичка моќ на монархиите, други на олигархиите, а трети, пак, на масите. Меѓутоа, нашиот законодавец [Мојсеј] не бил привлечен ниту од еден од овие облици на политичко уредување, туку на својот устав му го дал обликот на она — ако е дозволено да се употреби еден прејак израз — што може да се означи како ‚теократија‘, полагајќи го сиот суверенитет и авторитет во рацете на Бог“ (Against Apion, II 164, 165). Според Concise Oxford Dictionary, теократија значи „облик на влада од Бог“. Тој збор не се појавува во Библијата, но добро ја опишува владата на древниот Израел. Иако Израелците добиле видлив цар, нивниот вистински владетел бил Јехова. Израелскиот пророк Исаија рекол: „Господ е наш судија, Господ е наш законодавец, Господ е наш цар“ (Исаија 33:22).

Што е вистинска теократија?

3, 4. а) Што е вистинска теократија? б) Кои благослови ќе му ги донесе теократијата на сето човештво во блиска иднина?

3 Откако Јосиф го сковал тој збор, многу општества биле опишани како теократии. Некои од нив се покажале нетолерантни, фанатични и сурово угнетувачки. Дали тоа биле вистински теократии? Не во смислата во која Јосиф го употребил тој збор. Проблемот е во тоа што се проширило значењето на зборот „теократија“. World Book Encyclopedia го дефинира како „облик на влада во која со државата владее свештеник или свештеници, а во која членовите на свештенството имаат авторитет во граѓанските и религиозните работи“. Меѓутоа, вистинската теократија не е влада од свештеници. Тоа е всушност Божје владеење, влада од Творецот на универзумот, Јехова Бог.

4 Во блиска иднина, целата Земја ќе биде под теократија, и каков само благослов ќе биде тоа! „Сам Бог ќе биде со [човештвото] — нивни Бог. И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина“ (Откровение 21:3, 4). Ниедно свештеничко владеење од несовршени луѓе не би можело да донесе таква среќа. Тоа го може само Божјето владеење. Затоа вистинските христијани не се обидуваат да воведат теократија преку политичка акција. Тие стрпливо чекаат Бог да воспостави светска теократија во свое сопствено време и на сопствен начин (Даниил 2:44).

5. Каде денес функционира вистинска теократија, и кои прашања се поставуваат во врска со тоа?

5 Но во меѓувреме, сепак функционира вистинска теократија. Каде? Меѓу оние кои доброволно се подложуваат на владеењето од Бог и заеднички соработуваат за да ја вршат Неговата волја. Таквите верни поединци се собрани како духовен „народ“ ширум светот во нивната духовна ‚земја‘. Тоа се преостанатите од „Израилот Божји“ и нивните повеќе од пет и пол милиони христијански придружници (Исаија 66:8; Галатјаните 6:16). Тие се потчинуваат на Исус Христос, небесниот Цар востоличен од Јехова Бог, „Царот на вечноста“ (1. Тимотеј 1:17, NW; Откровение 11:15). На кој начин оваа организација е теократска? Како нејзините членови гледаат на авторитетот на световните влади? И како се придржуваат кон начелото за теократија луѓето кои спроведуваат авторитет во рамките на нивната духовна заедница?

Теократска организација

6. Како може една видлива, човечка организација да биде управувана од Бог?

6 Како може една човечка организација да биде управувана од Јехова кој живее на невидливите небеса? (Псалм 102:19). На тој начин што оние кои се поврзани со неа го следат инспирираниот совет: „Надевај се на Господа од сѐ срце и не се потпирај врз твојот разум“ (Изреки 2:6; 3:5). Тие дозволуваат Бог да владее со нив додека го држат „законот Христов“ и ги применуваат инспирираните библиски начела во својот секојдневен живот (Галатјаните 6:2; 1. Коринтјаните 9:21; 2. Тимотеј 3:16; види Матеј 5:22, 28, 39; 6:24, 33; 7:12, 21). За да го прават тоа, тие мораат да бидат библиски студенти (Псалм 1:1—3). Како и ‚поблагородните‘ Беријци од старина, тие не следат луѓе, туку постојано ги потврдуваат во Библијата работите кои ги учат (Дела 17:10, 11; Псалм 118:33—36). Тие се молат како псалмистот: „Научи ме на добро и на разумно, зашто верувам на Твоите наредби“ (Псалм 118:66).

7. Кој е редоследот на надгледувањето во теократијата?

7 Во секоја организација мора да има некои кои спроведуваат авторитет или обезбедуваат водство. Јеховините сведоци не се исклучок во тоа и тие се држат за една структура на авторитет која ја изложил апостол Павле: „Сакам уште да знаете дека глава на секој маж е Христос; а на жена глава е мажот; на Христа, пак, глава е Бог“ (1. Коринтјаните 11:3). Во склад со ова, само квалификувани мажи служат како старешини во собранијата. И иако Исус — ‚главата на секој маж‘ — е на небото, на Земјата сѐ уште има ‚преостанати‘ (NW) од неговите помазани браќа кои имаат надеж дека ќе владеат со него на небесата (Откровение 12:17; 20:6). Тие го сочинуваат сложениот „верен и разборит роб“ (NW). Христијаните ја покажуваат својата подложност кон Исус, а со тоа и кон оној кој му е глава на Исус, Јехова, со тоа што го прифаќаат надгледувањето од страна на тој „роб“ (Матеј 24:45—47; 25:40). На тој начин, теократијата е уредна. „Бог не е Бог на безредие, туку на мирот“ (1. Коринтјаните 14:33).

8. Како христијанските старешини го поддржуваат начелото на теократија?

8 Христијанските старешини го поддржуваат начелото на теократија затоа што признаваат дека тие се одговорни пред Јехова за тоа како ја спроведуваат својата ограничена мера на авторитет (Евреите 13:17). Исто така, при донесувањето одлуки тие се ослонуваат на Божјата мудрост, а не на сопствената. Во тој поглед го следат примерот на Исус. Тој бил најмудриот човек кој некогаш живеел (Матеј 12:42). Сепак, на Евреите им рекол: „Синот не може да прави ништо Сам од Себе, ако не Го види Отецот да прави“ (Јован 5:19). Старешините го имаат истиот став како цар Давид. Тој спроведувал важен авторитет во теократијата. Сепак, сакал да го следи Јеховиниот пат, а не сопствениот. Тој се молел: „Научи ме, Господи, на Твојот пат и упати ме по патеката на правдата“ (Псалм 26:11).

9. Во врска со различните надежи и различните предности на службата во теократијата, какво урамнотежено гледиште имаат предадените христијани?

9 Некои го ставаат под знак прашање тоа дали е фер авторитетот во собранието да го спроведуваат само квалификувани мажи или, пак, дали е фер тоа што некои имаат небесна додека други имаат земна надеж (Псалм 36:29; Филипјаните 3:20). Меѓутоа, предадените христијани сфаќаат дека овие подготовки се изложени во Божјата Реч. Тие се теократски. Ако некој ги става под знак прашање, тоа се обично оние кои не ги признаваат библиските начела. Освен тоа, христијаните знаат дека, што се однесува до спасението, мажите и жените се еднакви во Јеховините очи (Галатјаните 3:28). Да се биде обожавател на Суверенот на универзумот за вистинските христијани е најголемата можна предност. Тие се среќни што можат да заземат каква и да било улога што Јехова им ја зацртува (Псалм 30:23; 83:10; 1. Коринтјаните 12:12, 13, 18). Освен тоа, вечниот живот, без разлика дали ќе биде на небото или на рајската Земја, навистина е прекрасна надеж.

10. а) Каков добар став покажал Јонатан? б) Како христијаните денес покажуваат став кој е сличен на ставот на Јонатан?

10 На тој начин, Јеховините сведоци личат на Јонатан, богобојазливиот син на цар Саул. Јонатан веројатно ќе бил одличен цар. Меѓутоа, поради неверноста на Саул, Јехова го избрал Давид да биде вториот цар на Израел. Дали Јонатан бил огорчен поради тоа? Не. Тој му станал добар пријател на Давид, па дури и го заштитувал од Саул (1. Царства 18:1; 20:1—42). На сличен начин, оние кои имаат земна надеж не им се љубоморни на оние со небесна надеж. Исто така, вистинските христијани не им се љубоморни на оние кои спроведуваат теократски авторитет во собранието. Наместо тоа, тие ‚ги ценат повеќе од обично во љубов‘ признавајќи ја нивната напорна работа во корист на своите духовни браќа и сестри (1. Солунјаните 5:12, 13, NW).

Теократското гледиште кон световното владеење

11. Како христијаните кои се подложуваат на теократската влада гледаат на световните авторитети?

11 Штом Јеховините сведоци се под теократија, Божјето владеење, тогаш како гледаат на националните владетели? Исус рекол дека неговите следбеници ‚нема да бидат дел од светот‘ (Јован 17:16, NW). Меѓутоа, христијаните го признаваат својот долг кон „царот“ — световните влади. Исус рекол дека тие треба ‚да му го подадат царевото на царот а Божјото на Бога!‘ (Матеј 22:21). Според Библијата, човечките влади „се поставени во нивните релативни положби од Бог“ (NW). Јехова, Изворот на целокупниот авторитет, дозволува да постојат владите и очекува тие да им прават добро на оние кои се под нивна надлежност. Кога постапуваат така, тие се „служител Божји“. Христијаните се покоруваат на владата на земјата во која живеат „поради совеста своја“ (Римјаните 13:1—7). Се разбира, доколку државата бара нешто што е спротивно на Божјиот закон, христијанинот ‚повеќе ќе му се покорува на Бог отколку на луѓето‘ (Дела 5:29).

12. Кога христијаните се прогонувани од властите, чиј пример го следат тие?

12 Но што кога владините авторитети ги прогонуваат вистинските христијани? Тогаш, тие го следат примерот на раните христијани кои претрпеле периоди на големо прогонство (Дела 8:1; 13:50). Тие испити на верата не биле неочекувани бидејќи Исус предупредил дека тие ќе дојдат (Матеј 5:10—12; Марко 4:17). Сепак, тие рани христијани не им се одмаздувале на прогонителите; ниту, пак, нивната вера ослабнала под притисокот. Напротив, го следеле примерот на Исус: „Кога на Него хулеа, Он не им одвраќаше со хули; кога страдаше, не заплашуваше, туку се потпираше на Оној, Кој праведно суди“ (1. Петрово 2:21—23). Да, христијанските начела ги победуваат провокациите на Сатана (Римјаните 12:21).

13. Како реагираат Јеховините сведоци на прогонството и на клеветничките кампањи против нив?

13 Истото е случај и денес. Во текот на овој век, Јеховините сведоци многу страдале од рацете на деспотските владетели токму како што претскажал Исус (Матеј 24:9, 13). Во некои земји кружат лаги и погрешно прикажување од страна на оние кои се обидуваат да извршат притисок врз авторитетите да дејствуваат против овие искрени христијани. Сепак, и покрај таквиот „лош извештај“ (NW), Сведоците со своето добро однесување се препорачуваат како Божји министри (2. Коринтјаните 6:4, 8). Онаму каде што е можно, тие го изнесуваат својот случај пред властите и пред судовите на земјата за да покажат дека не се виновни за злодело. Ги користат сите средства кои им се на располагање јавно да ја одбранат добрата вест (Филипјаните 1:7, NW). Но, откако ќе направат сѐ што можат во рамките на законот, тие ги оставаат работите во Јеховини раце (Псалм 5:8—12; Изреки 20:22). Ако треба — како раните христијани — тие не се плашат да страдат заради праведноста (1. Петрово 3:14—17; 4:12—14, 16).

Стави ја Божјата слава на прво место

14, 15. а) Што е најважно за оние кои го поддржуваат начелото на теократијата? б) Во која прилика Соломон дал убав пример за понизност во својата позиција на надгледување?

14 Кога Исус ги поучил своите ученици да се молат, првото нешто што го спомнал било посветувањето на Јеховиното име (Матеј 6:9). Во склад со ова, оние кои живеат под теократијата ја бараат Божјата слава а не сопствената (Псалм 28:1, 2). Библијата известува дека во првиот век тоа било камен за спрепнување на некои кои одбиле да го следат Исус бидејќи „им била помила човечката слава“; тие сакале да бидат славени од луѓето (Јован 12:42, 43). Навистина, потребна е понизност за да се стави Јехова пред сопствената самоважност.

15 Соломон покажал убав дух во тој поглед. Спореди ги неговите зборови при свеченото отворање на славниот храм кој го изградил, со зборовите на Навуходоносор во врска со неговите градежни подвизи. Со вообразена гордост Навуходоносор се фалел: „Зар не е величествен овој Вавилон, што го изградив како дом на царството со силата на мојата моќ и за слава на моето величие!“ (Даниил 4:27). За разлика од него, Соломон скромно го минимизирал своето достигнување, велејќи: „Навистина, Бог ли ќе живее со луѓето на земјата? Ако небото и небесата Твои не Те собираат, дотолку помалку ќе Те собере овој храм, што сум го изградил“ (2. Летописи 6:14, 15, 18; Псалм 126:1). Соломон не се возвишувал себеси. Знаел дека тој е само Јеховин претставник, па затоа напишал: „Ќе дојде ли гордоста, ќе дојде и срамот, но мудроста е со смирените“ (Изреки 11:2).

16. Како старешините се докажале како вистински благослов со тоа што не се слават себеси?

16 На сличен начин, христијанските старешини го возвишуваат Јехова, а не себеси. Тие го следат советот на Петар: „Ако некој служи, нека служи според силата, која Бог ја дава, та во сѐ да се прослави Бог преку Исуса Христа“ (1. Петрово 4:11). Апостол Павле ја опишал ‚службата на надгледник‘ (NW) не како некоја важна положба на истакнатост, туку како „добра работа“ (1. Тимотеј 3:1). Старешините се наименувани за да служат, а не да владеат. Тие се учители и пастири на Божјето стадо (Дела 20:28; Јаков 3:1). Понизните, самопожртвувани старешини се вистински благослов за собранието (1. Петрово 5:2, 3). ‚Нека и понатаму ги сметаме драги таквите мажи‘ (NW) и да му благодариме на Јехова што обезбедил толку многу квалификувани старешини за да ја поддржуваат теократијата во овие ‚последни денови‘ (Филипјаните 2:29, NW; 2. Тимотеј 3:1).

„Угледајте се на Бога“

17. На кои начини се угледуваат на Бог оние кои се под теократијата?

17 Апостол Павле поттикнал: „Угледајте се на Бога, како чеда возљубени“ (Ефесјаните 5:1). Оние кои се подложуваат на теократијата, се обидуваат да бидат како Бог онолку колку што е можно за несовршените луѓе. На пример, за Јехова Библијата вели: „Он е тврдина; делата Божји се вистина, а сите патишта Негови се праведни; Бог е верен и неправда нема (во Него); Он е праведен и вистинит“ (5. Мојсеева 32:3, 4). За да се угледаат на Бог во овој поглед, христијаните се стремат кон верност, праведност и урамнотежено чувство за правда (Михеј 6:8; 1. Солунјаните 3:6; 1. Јованово 3:7). Тие избегнуваат многу работи кои станале прифатливи за светот како, на пример, неморал, алчност и лакомост (Ефесјаните 5:5). Поради тоа што Јеховините слуги следат божествени а не човечки мерила, неговата организација е теократска, чиста и здрава.

18. Која е една Божја истакната особина, и како христијаните ја одразуваат таа особина?

18 Истакната особина на Јехова Бог е љубовта. „Бог е љубов“, вели апостол Јован (1. Јованово 4:8). Бидејќи теократија значи владеење од Бог, таа е еднаква на владеење од љубов. Исус рекол: „По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе“ (Јован 13:35). Теократската организација покажала извонредна љубов во текот на овие тешки последни денови. За време на геноцидните судири во Африка, Јеховините сведоци покажале љубов кон сите, без разлика на која етничка група ѝ припаѓале. Во текот на војната во поранешна Југославија, Јеховините сведоци од сите подрачја си помагале едни на други, додека другите религиозни групи учествувале во таканареченото етничко чистење. На едно лично ниво, Јеховините сведоци настојуваат да се држат за Павловиот совет: „Секое огорчение и јарост, гнев, викање и хулење нека бидат подалеку од вас заедно со секоја друга злоба; а еден спрема друг бидете добри, сочувствителни, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христа“ (Ефесјаните 4:31, 32).

19. Кои благослови доаѓаат сега и во иднина за оние кои се подложуваат на теократијата?

19 Оние кои се подложуваат на теократијата уживаат големи благослови. Тие имаат мир со Бог и со сохристијаните (Евреите 12:14; Јаков 3:17). Имаат смисла во животот (Проповедник 12:13). Тие се духовно безбедни и имаат сигурна надеж за иднината (Псалм 58:9). Навистина, тие уште сега го уживаат вкусот на времето кога сето човештво ќе биде под теократска влада. Тогаш, вели Библијата, „нема да прават зло и штета по целата Моја света гора, зашто земјата ќе биде полна со познавање на Господа, како што водите го полнат морето“ (Исаија 11:9). Какво само славно време ќе биде тоа! Нека сите ние си направиме место во тој иден Рај со тоа што сега ќе останеме близу до теократијата.

Можеш ли да објасниш?

◻ Што е вистинска теократија, и каде се наоѓа денес?

◻ Како луѓето се подложуваат на теократската влада во својот живот?

◻ На кои начини сите кои се под теократијата ја бараат Божјата слава пред сопствената?

◻ Кои се некои побожни особини на кои се угледуваат оние кои ја поддржуваат теократијата?

[Слика на страница 17]

Соломон ја ставил Божјата слава пред сопствената

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели