ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/1 стр. 21-23
  • Пионерите даваат, но и примаат благослови

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Пионерите даваат, но и примаат благослови
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто некои пионерат
  • И останатите можат да помогнат
  • Остани при твојата одлука
  • Многу радост и благослови
  • Благословите од пионерската служба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Пионерска служба — дали е за тебе?
    Нашата служба за Царството 1998
  • „Ти би бил добар пионер!“
    Нашата служба за Царството 2010
  • Пионерската служба ни го зајакнува односот со Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/1 стр. 21-23

Пионерите даваат, но и примаат благослови

„ПИОНЕРСКАТА СЛУЖБА е повредна од најуспешната световна кариера. Не постои поголемо задоволство од тоа да им помагаш на луѓето да го спознаат Јехова и неговата вистина“. Така изјавила една христијанка која ја избрала пионерската служба — полновремено проповедање за Царството — како своја кариера. Колку кариери на светов можат да подарат таква радост?

Пионерската служба е возвишена цел, а и драгоцена предност. Како може некој да одбере таков начин на живот? Што сѐ е потребно за да се издржи во пионерската служба доволно долго за да се пожнеат благословите кои таа ги носи?

Битни се две работи. Како прво, поволни околности. Многумина живеат во околности кои очигледно ја оневозможуваат пионерската служба. А како второ, соодветни духовни способности и становиште. Се разбира, без обѕир дали моменталните околности дозволуваат некому да пионери или не, сите можат да работат на развивањето на зрели христијански особини.

Зошто некои пионерат

Кои се квалификациите за успешна пионерска служба? Проповедничките способности се важни. Пионерите треба да знаат како да им ја презентираат добрата вест на непознати, да направат повторни посети кај заинтересираните и да водат домашни библиски студии. Недостигот на вакви својства може да го обесхрабри пионерот. Меѓутоа, важни се и други работи.

На пример, сето она што го правиме во нашето обожавање е поврзано со нашиот однос со Јехова и неговата организација. Тука е вклучено и пионерењето. Еден млад пионер Радо, објаснил: „За еден млад човек не постои ништо попрекрасно освен да се спомнува на Јехова и да оди во вистина“. Да, пионерењето е прекрасен начин младите да ја покажат својата љубов и блискост до Јехова (Проповедник 12:1).

Спознанието и разбирањето се исто така неопходни (Филипјаните 1:9-11). Всушност, тие се горивото кое овозможува нашата духовна машина да работи непрестајно. Редовната лична студија е животоважна ако сакаме да избегнеме да станеме духовно истоштени, да го изгубиме ентузијазмот и нашето убедување. Се разбира, спознанието кое го стекнуваме би требало да влијае не само на нашиот ум туку и на срцето (Изреки 2:2). Покрај личната студија потребно е и време за молитва и медитација за спознанието кое го примаме да допре до нашето срце. Тогаш, ако нашите околности дозволуваат, ќе сакаме да пионериме. (Спореди 1. Ездра 7:10).

Прифаќањето на пионерската служба бара и дух на самопожртвуваност. Еден младич по име Рон испланирал сѐ што било потребно за да биде пионер. Потоа само чекал поволни околности за да може да почне. Но, што е интересно, барал работа која би му овозможила истовремено да пионери и да поседува луксузни работи. Кога ова ѝ го спомнал на една зрела сестра, нејзиниот одговор го стресол. Таа му рекла: „Јехова благословува дела, а не ветувања“. Младичот нашол работа со пониска плата која му овозможила време да пионери. Примената на Матеј 6:25-34 може да помогне некому да излезе на крај и со пониски примања.

Понизна спремност да се следат добрите совети може многу да придонесе за да стапиме во пионерската служба. На почетокот од својот христијански живот, Хана негувала желба да биде пионер. Но не можела да биде пионер додека го подигала семејството, а подоцна се заангажирала околу световната кариера. Земајќи ги при срце добрите совети од будните старешини, ја напуштила занимливата световна кариера и ја прифатила пионерската служба. Денес Хана доживува голема радост кога може другите да ги доведе до предание и да им помага на неактивните.

Благодарност за она што вистината го направила во нечиј живот може исто така да биде поттик за пионерење. Разгледај го случајот на една длабоко депримирана жена чиј брак се распаѓал. Ситуацијата видно се изменила кога ја дознала вистината од Божјата Реч и ја спровела во пракса. Одушевена од она што вистината го сторила за неа, сфатила дека најдобриот начин да покаже ценење е да биде пионер и да им помага на другите. Тоа и го сторила и денес доживува благослов од многу библиски студии и среќен семеен живот.

И останатите можат да помогнат

Пионерите најчесто прават други пионери. Радо, кој го спомнавме претходно, имал шест години кога неговите родители ја проучувале Библијата со двајца пионери. Кога сѐ уште бил млад, редовно ги придружувал овие полновремени проповедници во службата на проповедање. Радо самиот станал општ пионер на возраст од 17 години. Уште еден младич, Арно, бил одгледан во христијански дом но станал духовно слаб. Подоцна почнал да ја обновува својата духовна сила и денес вели: „Пионерите многу ме охрабрија. Се дружев со нив особено во текот на училишните распусти и понекогаш известував и по 60 саати месечно служба на проповедање. После тоа, чекорот кон општата пионерска служба [за која е потребно 90 саати месечно] не беше многу голем“. Медитирање за советот од 1. Коринтјаните 7:29-31, да не се ползува овој свет во потполност, навистина им помогнал на таквите млади луѓе.

Пионерскиот дух може полесно да фати корен во дом каде духовните интереси се на прво место и родителите ги храбрат своите деца да стапат во полновремената служба. Фило кој одраснал во таков дом, забележува: „Многумина ме советуваа да продолжам со школување, да си обезбедам световна иднина. Но, моите родители ми помогнаа да направам помудар избор. Ми рекоа дека ако јас навистина сакам да работам на својата иднина, на прво место треба да ми биде да развијам однос со Јехова“.

За младата жена Тамара примерот на нејзините родители и напорите кои тие ги вложувале придонеле таа да стане пионер. Таа вели: „Не можам да кажам кога сум развила духовен поглед на живот, но знам дека не сум се родила со него. Обичајот на моите родители редовно да учествуваат во службата на проповедање и да одат на состаноци, како и нивната длабока љубов за вистината, во голема мерка ми помогна да развијам духовен став“.

Остани при твојата одлука

Откако некој ќе стапи во пионерска служба, истрајноста ќе му овозможи нему или нејзе да извлече целосна корист од таквата мудра одлука. Можат да се дадат многу практични совети за таа цел. На пример, пионерите добро постапуваат ако научат како да го распределат своето време за да го направат што е можно попродуктивно. Сепак, како најважен фактор останува односот на поединецот со Јехова и Неговата организација.

Поврзан со ова е и ставот на молитва. „Кога дојдов во вистината многу сакав да бидам пионер“ — вели Кор. Меѓутоа, татко му барал најнапред да заврши степен на Земјоделскиот факултет. После тоа Кор започнал со пионерската служба. Во меѓувреме се оженил и жена му му се придружила во пионерското дело. Кога останала трудна се соочил со можноста да ја напушти пионерската служба. „Често му се молев на Јехова и му ја изнесував мојата искрена желба дека сакам да продолжам со пионерењето“ — вели Кор. На крајот нашол работа која му овозможува да биде пионер и да го подига семејството.

Да бидеме задоволни со материјалните работи што ги имаме е следниот фактор кој често пати може да ни помогне да останеме во пионерската служба. Апостолот Павле напишал: „Немојте да бидете среброљупци и задоволувајте се со она, што го имате. Зашто Сам Он рекол: ‚Нема да те оставам, ниту, пак, ќе те напуштам‘“ (Евреите 13:5). Тоа што биле задоволни со стварите што ги имаат им помогнало на Хари и Ирена да продолжат со пионерската служба. Ирена, која е слепа, е пионер веќе осум години. „Никогаш на нашата финансиска состојба не сме гледале како на проблем“ — вели таа. „Едноставно, се грижевме никогаш да не преземаме врз себе непотребни финансиски товари. Секој пат ќе ги пресметавме трошоците. Отсекогаш сме живееле скромно и задоволно, и затоа сме богати во благословите“.

Многу радост и благослови

Осврнувајќи се на девет години во пионерската служба, Тамара вели: „Стануваш многу близок со Јехова, како да те држи за рака“ (Псалм 72:23). Се сеќава на некои искушенија. „Моето сопствено несовршенство комбинирано со несовршенството на другите постојано ми сметаше“ — додава Тамара. „Не само тоа, понекогаш ќе погледнев на браќа и сестри кои избрале начин на живот кој материјално повеќе им пружа и нивниот избор ми изгледаше попривлечен додека јас одев од куќа до куќа по дождови и студ. Но длабоко во моето срце никогаш не би се менувала со нив. Што друго освен пионерењето може да донесе таква радост, такво духовно задоволство и благослови?“ Дали и ти високо би вреднувал такви радости и благослови?

Со оглед на тоа што пионерите минуваат многу време во христијанската служба, во положба се да им помогнат на голем број луѓе да стекнат спознание за библиската вистина. Хари и Ирена, кои ги спомнавме претходно, велат: „Постојат многу предности кои можат да се имаат во Јеховината организација, но да им се помага на новозаинтересираните да напредуваат да станат слуги на Јехова е најголема од сите“.

Еден друг пионер ова добро го изразил кога рекол: „Зборовите од Изреки 10:22 се покажаа вистинити за мене: ‚Благословот Господов — збогатува, и не донесува со себеси тага во срцето‘. Секогаш одново овој стих се исполнува во мојот живот во текот на годините на службата за Јехова“.

Родители, дали во вашите деца ја всадувате желбата да бидат пионери? Пионери, дали се трудите да ја разгорите таа желба кај другите? Старешини, дали ги поддржувате пионерите во вашите собранија и помагате да се гради пионерски дух во другите? Нека сѐ повеќе и повеќе поединци од Јеховиниот народ бидат поттикнати да посегнуваат по такви богати благослови додека учествуваат во пионерската служба.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели