ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/1 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Сличен материјал
  • Татко на децата без татко
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Покажувај љубезен интерес за „сирачињата“
    Нашата служба за Царството 2002
  • Семејства без татко — да се прекине кругот
    Разбудете се! 2000
  • Семејства без татко — знак на времињата
    Разбудете се! 2000
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/1 стр. 31

Прашања од читателите

Бидејќи Библијата често го споменува „момчето без татко“, дали ова укажува на помала заинтересираност за девојчињата?

Секако, не.

New World Translation of the Holy Scriptures го користи изразот „момче без татко“ во многу стихови кои ја покажуваат Божјата заинтересираност за деца кои се без еден родител. Бог јасно ја изразил својата грижа преку законите што му ги дал на Израел.

На пример, Бог изјавил: „Не навредувајте ни вдовици ни сираци; ако ги навредиш и тие, негодувајќи се обрнат кон Мене, ќе го чујам повикот нивни, и ќе се распали гневот Мој, па со меч ќе ве убијам, и жените ваши ќе останат вдовици, и децата ваши — сираци [момчиња без татко, НС]“ (2. Мојсеева 22:22-24). „Зашто Господ, вашиот Бог, е Бог на боговите и Господар на господарите, Бог голем, силен и страшен, Кој не гледа на лице и не зема дарови, Кој право суди на придојден, на сирак [момчето без татко, НС] и на вдовица (5. Мојсеева 10:17, 18; 14:29; 24:17; 27:19).

Во многу библиски преводи, во овие стихови стои „дете без татко“ или „сираче“ што ги вклучува и момчињата и девојчињата. Меѓутоа, ваквите изрази ја игнорираат карактеристиката која се наоѓа во основниот хебрејски збор (јато́м) кој е во машки род. Наместо тоа, New World Translation of the Holy Scriptures го употребува точниот израз „момче(-иња) без татко“, како во Псалм 68:5, каде што стои: „Татко на момчиња без татко и судија на вдовиците е Бог во своето живеалиште“. Врз основа на истото чувство за основниот хебрејски, женскиот облик на глаголот во Псалм 68:11 го препорачува преводот: „Жените кои ја кажуваат добрата вест се голема војска“.a

Иако „момчето без татко“ е основното значење на јато́м, ова не би требало да се земе како сугестија за недостаток на грижа за девојчињата кои се без родител. Овие и други пасуси покажуваат дека Божјиот народ бил поттикнуван да се грижи за жените и вдовиците (Псалм 145:9; Исаија 1:17; Јеремија 22:3; Захарија 7:9, 10; Малахија 3:5). Во Законот, Бог исто така вклучил еден извештај во врска со судската одлука која обезбедувала наследство за девојчињата без татко, ќерките на Салпаад. Таа одлука станала уредба за тоа како да се постапува во слични ситуации, бранејќи ги на тој начин правата на девојчињата без татко (4. Мојсеева 27:1-8).

Исус не вршел дискриминација по род кога покажувал љубезност кон децата. Наместо тоа, читаме: „И донесуваа кај Него деца, за да се допре до нив, но учениците им забрануваа на оние што ги носеа. Кога го виде тоа Исус, негодуваше и рече: ‚Оставете ги децата да приоѓаат кај Мене и не пречете им, зашто на такви е царството Божјо. Вистина ви велам: кој не го прима царството Божјо како дете, тој нема да влезе во него‘. И кога ги прегрна, ги положи рацете врз нив и ги благословуваше“ (Марко 10:13-16).

Грчкиот збор „деца“ кој е употребен овде е во среден род. Еден познат грчки лексикон вели дека овој збор „се употребува и за момчиња и за девојчиња“. Исус го одразувал соодветниот Јеховин интерес за сите деца, и момчиња и девојчиња (Евреите 1:3; спореди со 5. Мојсеева 16:14; Марко 5:35, 38-42). Според тоа, би требало да се признае дека советот во Хебрејските списи во врска со грижата за „момчињата без татко“ има за цел да нѐ поучи како би требало да бидеме заинтересирани за сите деца кои немаат еден или два родитела.

[Фуснота]

a Во еврејскиот Tanakh пишува: „ГОСПОД заповеда; жените кои ја носат добрата вест се големо мноштво“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели