ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 1/3 стр. 31
  • „Бог не е пристрасен“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Бог не е пристрасен“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Сличен материјал
  • „Блажен е човекот, кој се здобил со мудрост“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 1/3 стр. 31

Објавителите на Царството известуваат

„Бог не е пристрасен“

ПРЕД деветнаесет века, инспирираниот апостол Павле напишал: „Бог не е пристрасен, туку во секој народ му е прифатлив оној кој се плаши од него и кој врши праведност“ (Дела 10:34, 35, НС). Меѓу Јеховините сведоци можат да се најдат луѓе од сите раси и со секакво религиозно потекло. Тие се желни за праведност и имаат страв од Бог. Јехова им искажува добредојде на сите нив во општеството на новиот свет, како што, на пример, тоа го сторил за една жена од Чад.

Оваа жена не била задоволна со својата религија. Пред многу години добила примерок од книгата Направи ја успешна својата младост издадена од Јеховините сведоци и ги ценела прекрасните совети содржани во неа. Била започната библиска студија и секогаш била редовна. Но, кога била охрабрена да ги посетува состаноците во Салата на царството, не се оѕвала. Зошто? Иако нејзиниот сопруг не се противел на нејзиното студирање, не ѝ дозволил да оди на состаноците во Салата на Царството.

Кога жената изразила желба да присуствува на покраинскиот состанок, Сведокот која ја водела студијата со неа му ја покажала програмата на сопругот, истакнувајќи ги прекрасните совети кои требало да бидат изнесени. Се сложил жена му да отиде, но „само овојпат“. Таа присуствувала и наполно уживала во програмата. Откако му објаснила на својот сопруг што научила, не ѝ се противел да оди и на останатите состаноци. Таа била одушевена од фактот што собранието било составено од луѓе од различни етнички групи кои сесрдно се грижеле еден за друг. Подоцна присуствувала на обласен конгрес и била трогната кога видела како нејзините деца им седат в скут на Сведоци од други земји. Сведоците ја делеле храната со нив, а и општо се однесувале со нив како да се дел од една голема фамилија. Тоа бил одлучувачки момент за неа.

Но, следело противење. Иако по природа била повлечена, почнала да коментира на состаноците и зазела цврст став спрема негативните коментари на роднините и соседите. Иако веќе со години живеела со својот сопруг, била во традиционален погодбен брак. Како да го изнесе предлогот да добие законска брачна врска? Откако искрено му се помолила на Јехова, разговарала со својот сопруг кој рекол дека ќе ја разгледа таа можност. На крајот се сложил и брачната двојка законски се венчала.

Една золва која живеела со нив им правела многу проблеми, но сопругот зазел став на страната на жена си. Потоа дошол свекорот во посета. Му наредил на синот да се разведе од неа бидејќи таа си ја сменила верата. Му рекол дека ќе му плати поголем мираз за „многу подобра жена“. Одговорот на синот бил: „Не, јас тоа нема да го сторам. Таа е добра сопруга. Ако таа сака да оди, тоа е друго, но јас нема да ѝ кажам да си оди“. Сопругата била мошне љубезна кон својот свекор и тој се засрамил од своето однесување. Меѓутоа, кога се вратил назад во своето село, му пишал на синот, овојпат поставувајќи му ултиматум. Му рекол дека, ако не ја отпушти жена си, тој ќе се откаже од него. Повторно синот застанал на страната на својата сопруга. Замисли си ја нејзината радост кога го видела својот сопруг како зазема таков одлучен став.

Денес, нивните две синчиња со љубов ја придружуваат мајка си во Салата на Царството. Дури го замолиле татко им да им даде вратоврски, бидејќи виделе дека сите браќа што држат говори ги носат. Денес, оваа жена е крстена сестра.

Таа е една од среќните 345 Сведоци во Чад кои ја објавуваат добрата вест за Јеховиното Царство со ценење што навистина „Бог не е пристрасен“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели