Објавителите на Царството известуваат
„Блажен е човекот, кој се здобил со мудрост“
Оваа изрека се покажала точна во Кореја кадешто сега има преку 71.000 среќни Јеховини сведоци (Соломонови изреки 3:13). И замислете, 42 проценти од овие слуги се во полновремената служба! Следниве искуства покажуваат дека среќни се оние кои ја бараат правата мудрост.
Една жена од Пусан 16 години одела во една од црквите на т. н. христијанство. Видела толку многу небиблиски постапки што почнала веќе да мисли дека Бог не постои. Од друга страна, пак, не можела ниту да го оспори Божјето постоење и затоа почнала искрено да му се моли на Бог да ја најде правата црква ако таква воопшто постои. Во тој момент наеднаш се сетила на Јеховините сведоци, односно дека нејзината црква ги презирала Сведоците и ги предупредувала верниците од нив затоа што тие не верувале во Тројството, пеколот и другите науки на т. н. христијанство. Можеби тие се правата црква? Со помош на сосетката ја пронашла Царската сала. Веќе следниот ден отишла на состанок.
Се вчудовидела на редот под кој се одржувал состанокот. Немало фанатично викање или емоционално пеење какво што имало во црквата во која таа одела. Се запознала со една жена Сведок која била спремна со неа да ја студира Библијата, а првиот час траел неколку саати бидејќи имала многу прашања! Следниот пат, на сестрата ѝ изјавила дека ќе се испише од својата црква и ќе стане Сведок. Ѝ рекла дека повеќе не е потребно да студира со неа затоа што ги посетува состаноците. Меѓутоа, таа ѝ покажала зошто е корисно да има лична библиска студија и покрај тоа што оди на состаноци. Го прифатила предлогот, вредно почнала да проучува и по извесно време се крстила.
Сега е толку среќна што ја пронашла мудроста за вистинскиот Бог Јехова и што се надева вечно да живее во Божјиот нов свет.
Пензиониран генерал ја дознава вистината
Жената на еден воен генерал се крстила 1962. Нејзиниот сопруг на почетокот ѝ се противел, а во наредните 28 години овде-онде со него проучувале повеќе браќа, обидувајќи се кај него да го подбудат интересот за вистината. Отишол на неколку состаноци и конгреси, но изгледа бил еден од оние кој се стеснуваат да ја прифатат сериозно вистината. Во 1990 отишол со својата сопруга во Јапонија, каде што присуствувале на еден обласен конгрес. Овој пат внимателно ги слушал предавањата — што порано не го правел, и се запрепастил колку храбро е разоткриена лажната религија. Ова конечно му ги отворило очите за лицемерството на т. н. христијанство. И во Јапонија бил имресиониран од уредноста и среќата на Божјиот народ кој бил истиот како оној што го видел во Кореја. По враќањето во Кореја, почнал сериозно да ја проучува Библијата и на крајот се крстил.
Што ќе направи сега по своето крштение? Дал оставка од местото претседател на еден познат туристички хотел и ѝ се придружил на својата сопруга во полновремената пионерска служба. Смета дека тоа што е општ пионер е најдобриот начин да ги надомести 28-те години кои ги загубил поради воздржаноста.
Сега смета дека изреката „блажен е човекот, кој се здобил со мудрост“ може исто така да се примени и на него!