ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 1/5 стр. 4-7
  • Битен ли е начинот на обожавање?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Битен ли е начинот на обожавање?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали е вистина дека секоја религија му угодува на Бог?
  • Мерилата на Творецот за обожавање
  • Помошта е достапна
  • Религија што ја одобрува Бог
    Што навистина учи Библијата?
  • Да се врши чистата религија заради преживување
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Дали си ја пронашол вистинската религија?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Да се препознае вистинската религија
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 1/5 стр. 4-7

Битен ли е начинот на обожавање?

ЕДНО мало африканско гратче се пече на пладневното сонце. Од блиската долина се слушаат звуци на диво удирање по тапан, пеење и весело плескање. Но тоа не е некаква забава. Тоа е традиционално африканско обожавање. Звуците се натпреваруваат со какофонијата која доаѓа од блиската харизматична црква. Овде занесени обожаватели изведуваат чудесни „лечења“ и зборуваат на јазици. На другиот крај од градот се врши уште еден вид обожавање — звучниот глас на муезинот ги повикува муслиманските обожаватели на молитва.

Да, во повеќето африкански градови и места религиозната оддаденост може да се забележи во најразлични форми. Африканците со генерации биле задоволни со следењето на своите сопствени религиозни традиции. Но, дошле мисионерите на т. н. христијанство, а после нив следеле војските на различни европски нации кои свирепо се обидувале да „похристијанат“ сѐ — па дури и нивните имиња.

Која била последицата? Настанал еден вид религија во која се измешани традиционалните африкански верувања и обичаи со увезените религиозни верувања. До ден-денес многу „христијански“ обожаватели ги употребуваат традиционалните амајлии и амулети. А мисионерите на т. н. христијанство во голема мера го извртиле вистинското христијанство, а зад себе во наследство оставиле омраза. Тие се во голема мерка одговорни за резервираниот став што денес некои Африканци го имаат кон Библијата.

Бездруго, многу облици на „христијанство“ сѐ уште нашироко се практикуваат. Во последниве години харизматичните религиозни групи станале особено популарни, а црквите кои исцелуваат се умножуваат. Една новинска колумнистка ја објаснила привлечноста на овие цркви забележувајќи дека ‚африканското сфаќање на религијата е главно утилитаристичко. За африкански поимања, религијата мора да биде кадарна да даде директна материјална сатисфакција за човековото постоење. Затоа, за Африканецот кој верува дека духовните медиуми се неопходни скоро во сѐ, modus operandi на духовничарските [или исцелителските] цркви е во склад со барањата на неговиот начин на живот‘. Но, за жал, многу харизматични цркви биле основани како едвај нешто повеќе од претпријатија за правење пари.

Денес, во Африка делуваат повеќе од 6.000 религиозни секти. Можеби сметаш дека сите овие религии и секти го имаат клучот за спасение. Но, прашањето кое треба да се постави е: „Што мисли Бог?“

Дали е вистина дека секоја религија му угодува на Бог?

Секако, Творецот на универзумот не би нѐ оставил без водство по тоа прашање (Амос 3:7; Дела 17:26, 27). А доказите дека во Библијата може да се најде божествено водство се изобилни. Не, Библијата не е, како што некои ја нарекуваат, книга на белиот човек. Всушност, ниту еден човек — црнец или белец — не може да си припише таква заслуга. „Целото Писмо е од Бога вдахновено“ — се вели во 2. Тимотеј 3:16. Реалистичните, вистинити библиски науки, нејзината древност, нејзиниот опстанок наспроти злобните напади, нејзините точни пророштва и неспоредлив светски тираж — се јасни докази за нејзиното божествено авторство.

Што нѐ поучува оваа книга? Како прво, таа ни вели дека постои само еден „вистински Бог“ (Јован 17:3). Ако е тоа случај, како може да има вистина во сите религии? Зарем, кога станува збор за самиот идентитет и природа на Бог, религиозните групи не се судруваат едни со други? Библискиот писател Јаков зборувал за „чиста и непорочна вера“ (Јаков 1:27). Ако постои потреба да се идентификува вистинската религија, тогаш исто така мора да постои и лажна, односно, фалсификат религија. Тоа се противречи на идејата дека сите религии се само различни патишта на приближување кон Бог.

Мерилата на Творецот за обожавање

Кој е исправниот начин за обожавање на Бог? Библијата нѐ поучува дека вистинското обожавање е вкоренето во точното спознание. Во една прилика, големиот пророк Исус Христос ѝ рекол на една Самарјанка: „Вие му се клањате на она, што не го знаете“ (Јован 4:22). Дали ова можеби се однесува и на тебе? Дали те поучувале дека Семоќниот Бог има лично име, Јехова? (Псалм 83:18, НС). Дали знаеш кои се неговите намери со човекот и Земјата? (Матеј 6:9, 10; Ефесјаните 1:9, 10; 3:11). Дали твојата религија ти пружила реалистична надеж за една подобра иднина? А ако ти себеси се сметаш за христијанин, можеш ли да ги објасниш твоите верувања од Библијата, или тие се во суштина наследство од старите за кое не си одвоил време да го истражиш?

Ако ти недостига точно спознание, можеш да го добиеш преку студија на Божјата Реч, Библијата. Јехова Бог очекува неговите вистински обожаватели да бидат запознаени со она што таа Света книга го научува. И не само тоа, тој очекува од нив тоа да го применат во своите животи. Нашиот став мора да биде како оној на псалмистот, кој рекол: „Твоето слово е светилник на нозете мои и светлина за патеката моја“ (Псалм 118:105). До која мерка твојата религија ти помогнала да ја запознаеш и разбереш Библијата?

Уште една важна ознака на вистинското обожавање е вера во Исус Христос, не само како голем пророк туку и како Божји единороден Син. Библијата јасно објавува дека Исус е „Началникот на животот“ (Дела 3:15; 4:12). Многумина исповедаат вера во Исус, но колку е вистинска нивната вера? Вистинската вера во Христос бара послушност на неговите заповеди. Бог самиот тоа го поттикнал кога објавил: „Овој е Мојот возљубен Син. Него слушајте Го!“ (Марко 9:7). Затоа, вистинските обожаватели се напрегаат да одат по Исусовите стапки колку што е можно поточно (1. Петрово 2:21). Еден начин на кој го прават тоа е што учествуваат во јавното проповедничко дело кое го започнал тој (Матеј 4:17; 10:5-7). Дали твојата религија те охрабрува да имаш и ти лично учество во ова дело?

Љубовта е исто така барање за вистинското обожавање. Јехова Бог е опишан како сушта персонификација на љубовта, а Исус Христос на своите следбеници им рекол дека ќе бидат препознаени по љубовта која ја покажуваат меѓу себе (Јован 13:34, 35; 1. Јованово 4:8). Ако се земат предвид милионите луѓе кои денес тврдат дека се христијани, зарем светот практично не би требало да биде проткаен со љубов? Сепак, во стварноста нашиот свет се покажал како најбесчувствителното место. Војните избришале милиони животи само во овој век. Криминалот и насилството и понатаму ескалираат. Затоа, прашај се: „Ако сите припаѓаат на мојата религија, дали светот ќе биде место полно со љубов?“

На крајот, Библијата покажува дека вистинските обожаватели мораат да се држат одвоено од светот кој не го познава Бога. Кога Бог ја поставил својата древна нација Израел да биде одвоена како чувар на вистинското обожавање, Тој го предупредил својот народ да избегнува блиско дружење со деградираните народи кои ги окружувале (5. Мојсеева 7:1-6). Во Јован 17:16 Христос Исус исто така за своите следбеници рекол: „Тие не се од светот, како и Јас што не сум од него“. Вистинските обожаватели на Бог немаат удел во политиката, неморалот, алчниот комерцијализам или во филозофиите кои го обесчестуваат Бог (Јован 18:36; 1. Јованово 2:15-17). Тие ја слушаат заповедта запишана во Римјаните 12:2: „Не управувајте се според овој век [систем на ствари, НС]“. Дали твојата религија те охрабрува да го правиш тоа?

Помошта е достапна

Да, начинот на кој вршиш обожавање навистина му е важен на Бог. Што се однесува до него, постои само една вистинска религија (Ефесјаните 4:4-6). Нашето кратко разгледување допре неколку клучни гледишта од библиската наука. Зошто не се потрудиш да дознаеш нешто повеќе?

Без обѕир на твоето религиозно воспитување, Јеховините сведоци можат да ти помогнат во овој поглед. Тие се ширум светот познати по нивното интензивно библиско образовно дело. Чувствуваат обврска да помогнат луѓето од сите раси и религиозно потекло да стекнат подлабоко разбирање на Библијата (Изреки 2:1-6). Тие издаваат библиска литература за која е добро истражувано.a Всушност, тие и лично ќе дојдат во твојот дом бесплатно да те поучат за Библијата. Милиони луѓе ширум светот веќе извлекуваат корист од оваа библиска образовна програма. Зошто и ти не го направиш истото? Несомнено, животоважно е да го сториш тоа бидејќи навистина е битен начинот на обожавање.

[Фуснота]

a Една таква публикација е и книгата Mankind’s Search for God издадена во 1990 од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc. Многу луѓе ја ценат нејзината разумна и научна дискусија за главните светски религии.

[Слика на страница 5]

Мисионерите на т. н. христијанство во голема мера го извртеле вистинското христијанство

[Слика на страница 5]

Многу харизматични цркви се претпријатија за правење пари

[Слика на страница 6]

Верата во Исус е животоважен дел од вистинското обожавање

[Слика на страница 7]

Јеховините сведоци им помагаат на милиони да стекнат точно спознание преку бесплатна домашна библиска студија

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели