ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/5 стр. 4-6
  • Библијата — книга која треба да се чита

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Библијата — книга која треба да се чита
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Не е чудо што се одржала!
  • Навика за читање на Библијата
  • Читај ја редовно
  • Да се извлече корист од секојдневното читање на Библијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Читањето на Библијата — корисно и пријатно
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Уживај во Божјата реч
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Посветувај се на читањето
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/5 стр. 4-6

Библијата — книга која треба да се чита

КОГА станува збор за Библијата, не е тешко за неа да се изразиме во суперлатив. Таа е далеку најтиражната книга во целата историја. Библијата е најстарата, најпреведуваната, најцитираната, највлијателната и најпочитуваната книга. Веројатно е и најконтроверзната. А, секако дека е и книга која преживеала најмногу забрани, палења и жестоки противења. Меѓутоа, за жал, постои и еден суперлатив за Библијата кој повеќе не би можел да се примени на неа. Неверојатно е што таа повеќе не е најчитаната книга на светот.

Иако луѓето можеби ја имаат Библијата некаде во својот стан, повеќето сметаат дека се премногу зафатени да го трошат времето за темелно да ја читаат. Читањето на Библијата некогаш било популарно. Меѓутоа, денес повеќето претпочитаат своето слободно време да го поминат гледајќи телевизија или правејќи нешто друго. Оние коишто сѐ уште читаат обично преферираат да си прочитаат нешто лесно, што не бара премногу напор. За Библијата е потребна концентрација, а поголемиот број луѓе повеќе не се концентрираат длабоко на она што го читаат.

Сепак, Библијата не преживеала како таква само за да стои на нечија полица. Постојат добри причини зошто таа треба да се чита. Што се однесува до тоа, разгледај некои факти.

Не е чудо што се одржала!

Зборот „Библија“ потекнува од грчкиот збор библиа што значи „мали книги“. Тоа нѐ потсетува дека Библијата е составена од повеќе книги — од кои некои и не се толку мали! Биле пишувани во период од преку илјада и шестотини години. Иако писателите се луѓе, тие биле вдахновени од еден повисок Извор. Еден библиски писател рекол: „Никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале просветувани од Светиот Дух“ (2. Петрово 1:21). Тоа не се однесува само на библиското пророштво туку и на целата Библија. Овие божествено вдахновени „мали книги“ се полни со возвишените мисли на Јехова Бог (Исаија 55:9). Не е ни чудо што Библијата се одржала толку долго!

За Божјите слуги Библијата секогаш била најважната книга. Тие се согласни со апостол Павле, кој самиот бил еден од писателите на Библијата. Тој рекол: „Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука“ (2. Тимотеј 3:16). Следствено, Библијата е темел на верата на денешните Јеховини сведоци. Таа ги одредува нивните науки и го управува нивното однесување. Тие со цело срце на сите им препорачуваат секојдневно да читаат по неколку делови од Божјата Реч и со ценење да медитираат за нејзината содржина (Псалм 1:1-3).

Навика за читање на Библијата

Навиката за читање на Библијата била корисна во минатото. На израелските цареви им било заповедано да направат личен, рачно препишан примерок од Законот — денес еден важен дел од Библијата — и да го читаат секојдневно како постојан потсетник на Божјата волја за нив (5. Мојсеева 17:18-20). Пропустот да се направи тоа довел до пад на многумина цареви.

Вредноста од истражувањето на Библијата е илустрирана со примерот на остарениот пророк Даниил. Бидејќи лично ги истражувал деловите од Библијата кои постоеле во негово време, Даниил, додека бил во вавилонско ропство, можел да ‚разбере според книгите‘ дека требало да се исполни едно важно пророштво кое го запишал Јеремија (Даниил 9:2).

Во времето кога требало да се роди Исус, ‚праведниот и благочестив‘ човек Симеон верно очекувал да го види оној кој ќе биде Христос, односно, Месијата. На Симеон му било ветено дека нема да умре пред да го види Христос. Алузијата на Исаииното пророштво, додека го држел детето Исус во рацете, покажува дека Симеон бил внимателен читател на библиските книги што биле напишани до неговото време (Лука 2:25-32; Исаија 42:6).

Кога Јован Крстител проповедал ‚луѓето биле во очекување‘ на Месијата. Што покажува тоа? Покажува дека повеќето Евреи биле запознаени со Месијанските пророштва кои биле запишани во Библијата (Лука 3:15, НС). Ова е занимливо, бидејќи во тоа време книгите не биле лесно достапни. Примероците на библиските книги морале грижливо, рачно да бидат препишувани, па според тоа биле скапи и тешко можеле да се набават. Како, тогаш, народот бил запознаен со нивната содржина?

Во повеќето случаи, преку јавно читање. На пример, Мојсеј заповедал во извесни утврдени термини, целиот Закон даден од Бог да биде читан пред насобраните Израелци (5. Мојсеева 31:10-13). До првиот век н. е., јавното читање на библиските книги било вообичаено. Ученикот Јаков забележал: „Зашто Мојсеј во сите градови има луѓе од старите времиња, кои го проповедаат, оти неговиот Закон се чита по синагогите во секоја сабота“ (Дела 15:21).

Денес е лесно да се поседува личен примерок на Библијата. Ако не повеќе барем некои од овие „мали книги“ се достапни на јазиците од 98 проценти од светското население. Но, жално е што повеќето не се заинтересирани да сознаат што сака Библијата да им каже. Ова можеби е век на науката, но Божјата Реч, Библијата, сѐ уште е истакнато „полезна за поука“. Таа дава здрави совети за моралот, меѓучовечките односи и за многу други теми. Не само тоа, Библијата ја дава единствената сигурна надеж за мирна иднина.

Читај ја редовно

Поради сето ова, истакната задача во делото на Јеховините сведоци е да ги поттикнуваат другите редовно да ја читаат Библијата. На зградата на печатницата од нивната светска централа во Бруклин (Њујорк), со големи букви е испишан следниов поттик: „СЕКОЈДНЕВНО ЧИТАЈ ЈА БОЖЈАТА СВЕТА РЕЧ БИБЛИЈАТА“. Милиони кои оттука поминуваат ги виделе овие зборови и, се надеваме дека, многумина од нив им посветиле внимание.

Во повеќе од 73.000 собранија на Јеховините сведоци во целиот свет, секоја недела на Теократската школа на проповедање се одржуваат говори. Еден од нив е и јавното читање на одбрани делови од Библијата. Исто така, сите присутни имаат задача секоја недела дома да прочитаат неколку поглавја од Библијата. Оние кои се држат за овој распоред, на крајот ќе ја прочитаат целата Библија.

Оваа подготовка е во склад со еден од учебниците кои се користат на оваа школа. Во Theocratic Ministry School Guidebook (Водич за Теократската школа на проповедање) се вели: „Твојот личен распоред би требало да вклучува време за читање на Библијата. Од голема вредност е доколку Библијата се прочита цела. . . . Меѓутоа, кога ја читаш Библијата, целта не би требало да ти биде само да го поминеш материјалот, туку да добиеш општ преглед со намера да се сетиш на тоа. Одвој време да размислуваш за напишаното“.

На сличен начин, и останатите публикации кои ги произведуваат Јеховините сведоци поттикнуваат да се чита Библијата. На пример, во Разбудете се!, коешто е придружник на ова списание, за младите луѓе се појави вакво охрабрување: „Дали веќе си ја прочитал . . . целата Библија? Точно, Библијата е голема книга, но зошто читањето не си го поделиш на помали делови? . . . ‚Благородните‘ Беријци ‚секој ден го испитувале Писмото‘ (Дела 17:11). Ако го следиш својот распоред за читање од само 15 минути секој ден . . ., ќе можеш да го комплетираш читањето на Библијата во рамките на една година“. Да, Јеховините сведоци сметаат дека денешните христијани би требало да бидат добро запознаени со Библијата, токму како што биле запознаени и Божјите слуги во старо време.

Имајќи го тоа на ум, Сведоците промовираа современ начин на јавно читање на Библијата кој може да се добие и на касети и тоа на повеќе јазици. За многумина, ова се покажало како прекрасна помош во совладувањето на некои препреки за читање на Библијата. Некои ги слушаат овие касети додека работат низ куќа, возат автомобил или извршуваат безброј други работи. Претставува вистинско доживување да седиш и тивко да слушаш читање на дел од Библијата, а истовремено да го следиш и во својот личен примерок.

Ако сѐ уште не ја читаш Библијата секојдневно, зошто не си го направиш тоа навика? За ова не е потребно многу време во текот на денот, а користите ќе бидат големи бидејќи применувањето на Библијата ќе ти овозможи мудро да постапуваш и да се радуваш на еден духовно наградувачки живот. Исто така, ќе постапуваш во склад со следнава заповед која многу одамна му била дадена на израелскиот водач Исус Навин: „Да не се одделува од устата твоја оваа книга на законот; туку поучувај се од неа дење и ноќе, за да разбереш како ќе го извршуваш сѐ она, што е напишано во неа; зашто тогаш ти ќе имаш успех во патиштата твои и умно ќе постапуваш“ (Исус Навин 1:8).

Страниците на Библијата ја откриваат Јеховината љубезна намера за послушното човештво. Точното спознание на неговата вдахновена Реч придонесува за вистинска среќа и надеж за вечен живот во рај во еден прекрасен нов свет на бескрајни благослови (Лука 23:43; 2. Петрово 3:13). Искористи ја можноста да ја читаш и истражуваш Библијата и да посегнеш по таквиот прекрасен живот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели