ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 1/10 стр. 8-12
  • Читањето на Библијата — корисно и пријатно

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Читањето на Библијата — корисно и пријатно
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Од надгледниците се бара да ја читаат Библијата
  • Потреба за млади и стари
  • Читањето на Библијата — приоритет
  • Што откриваат твоите навики на читање?
  • Како да ја читаме Библијата
  • Направи го читањето на Библијата уживање
  • Да се извлече корист од секојдневното читање на Библијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Посветувај се на читањето
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Уживај во Божјата реч
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Библијата — книга која треба да се чита
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 1/10 стр. 8-12

Читањето на Библијата — корисно и пријатно

„Мораш да читаш . . . од неа дење и ноќе“ (ИСУС НАВИН 1:8, NW).

1. Кои се некои користи од читањето воопшто, а особено од читањето на Библијата?

ЧИТАЊЕТО полезен материјал е корисна работа. Францускиот политички филозоф Монтескје (Шарл — Луј де Секондат) напишал: „За мене, проучувањето секогаш било универзален лек за уморот во животот. Досега не сум имал некоја неволја која не била растерана после еден час читање“. Ова во најголема можна мера е случај со читањето на Библијата. Инспирираниот псалмист рекол: „Господовиот Закон е совршен — ја крепи душата; Господовото сведоштво е верно — му дава мудрост на неукиот; Господовите повелби се праведни — го веселат срцето“ (Псалми 19:7, 8).

2. Зошто Јехова ја сочувал Библијата низ вековите, и што очекува тој од својот народ во врска со неа?

2 Како нејзин Автор, Јехова Бог ја сочувал Библијата низ векови на пакосно прогонство од нејзините непријатели, како религиозни така и световни. Со оглед на тоа што негова волја е „сите видови луѓе да се спасат и да дојдат до точно спознание на вистината“, се погрижил неговата Реч да биде достапна за целото човештво (1. Тимотеј 2:4). Се проценува дека со користење на 100 јазици може да се достигнат околу 80 проценти од жителите на Земјата. Текстот на целокупната Библија е достапен на 370 јазици, а делови од Писмото можат да се читаат уште на 1.860 други јазици и дијалекти. Јехова сака неговиот народ да ја чита неговата Реч. Тој ги благословува своите слуги кои ѝ обрнуваат внимание на неговата Реч, да, оние кои ја читаат секој ден (Псалми 1:1, 2, NW).

Од надгледниците се бара да ја читаат Библијата

3, 4. Што барал Јехова од царевите на Израел, и кои причини за ова барање важат и за христијанските старешини денес?

3 Говорејќи однапред за времето кога нацијата Израел ќе има човечки цар, Јехова рекол: „А кога ќе седне на царскиот престол, нека го препише за себе на свиток овој Закон од свештениците левити. Нека го држи покрај себе; нека го чита во секое време на својот живот, за да научи да се бои од Господа [Јехова, NW], својот Бог, за да ги пази сите зборови на овој Закон и да ги врши овие одредби; за да не се издигне со срцето над своите браќа и за да не сврти настрана од оваа заповед ни десно ни лево“ (Второзаконие 17:18—20).

4 Забележи ги причините зошто Јехова барал секој иден цар на Израел секојдневно да ја чита книгата на божествениот закон: 1) „За да научи да се бои од Господа [Јехова, NW], својот Бог, за да ги пази сите зборови на овој Закон и да ги врши овие одредби“; 2) „За да не се издигне со срцето над своите браќа“; 3) „За да не сврти настрана од оваа заповед ни десно ни лево“. Зарем христијанските надгледници денес не треба да се бојат од Јехова, да ги слушаат неговите закони, да се воздржуваат од тоа да се издигнуваат над своите браќа и да избегнуваат да скршнат од Јеховините заповеди? Секојдневното читање на Библијата сигурно не е ништо помалку важно за нив отколку што било за царевите на Израел.

5. Што напишало неодамна Водечкото тело до членовите на Одборите на подружниците во врска со читањето на Библијата, и зошто ќе биде добро сите христијански старешини да го следат тој совет?

5 Христијанските старешини денес имаат многу исполнет распоред, а тоа прави секојдневното читање на Библијата да биде предизвик. На пример, членовите на Водечкото тело на Јеховините сведоци и членовите на Одборите на подружниците ширум светот се многу зафатени. Сепак, едно неодамнешно писмо од Водечкото тело до сите Одбори на подружниците ја нагласи потребата од секојдневно читање на Библијата и добри навики на проучување. Ова, истакна писмото, ќе ја зголеми нашата љубов кон Јехова и кон вистината, и „ќе ни помогне да ја задржиме својата вера, радост и истрајност сѐ до славниот крај“. Сите старешини во собранијата на Јеховините сведоци ја чувствуваат истата потреба. Секојдневното читање на Писмото ќе им помогне да ‚постапуваат мудро‘ (Исус Навин 1:7, 8, NW). Особено за нив, читањето на Библијата е „полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата“ (2. Тимотеј 3:16, ДХК).

Потреба за млади и стари

6. Зошто Исус Навин ги читал наглас сите зборови од Јеховиниот закон пред насобраните племиња на Израел и пред придојдениците?

6 Во древни времиња немало на располагање поединечни примероци од Писмото за лична употреба, па затоа Библијата била читана пред насобраното мноштво. Откако Јехова му дал победа над градот Гај, Исус Навин ги собрал племињата на Израел пред гората Евал и гората Гаризин. Потоа, извештајот ни кажува: „Исус го прочита секој збор на Законот, благословот и проклетството, сѐ како што е напишано во книгата на Законот. Исус не испушти ниту една Мојсеева наредба, туку сите ги прочита пред соборот на сите Израелци, пред жените, децата и придојдениците кои одеа со нив“ (Исус Навин 8:34, 35). Млади и стари, домашни и придојденици, требало да си врежат, така да се каже, во своите срца и умови кое однесување ќе донесе Јеховин благослов и што ќе донесе негово неодобрување. Читањето на Библијата на редовна основа сигурно ќе ни помогне во тој поглед.

7, 8. а) Кои се денес како „придојдениците“, и зошто треба тие да ја читаат Библијата секој ден? б) На кои начини можат „децата“ во Јеховиниот народ да го следат Исусовиот пример?

7 Денес, милиони Јеховини слуги се како тие ‚придојденици‘ во духовна смисла. Едно време живееле според мерилата на светот, но ги преобразиле своите животи (Ефешаните 4:22—24; Колошаните 3:7, 8). Тие постојано треба да се потсетуваат на Јеховините мерила за добро и лошо (Амос 5:14, 15). Секојдневното читање на Божјата реч им помага во тоа (Евреите 4:12; Јаков 1:25).

8 Во Јеховиниот народ има и многу ‚деца‘ кои се поучени од родителите за Јеховините мерила, но кои треба да се уверат во исправноста на неговата волја (Римјаните 12:1, 2). Како можат да го сторат тоа? Во Израел, свештениците и постарите мажи добиле упатство: „Прочитај го овој Закон во присуство на целиот Израел. Собери го народот — луѓето, жените, децата и придојденикот кој ќе биде во твоите градови — за да чујат и за да се бојат од Господа [Јехова, NW], вашиот Бог, па да ги пазат и да ги вршат сите зборови на овој Закон. Нивните синови, кои уште не го знаат тоа, ќе чујат и ќе се научат да се бојат од Господа [Јехова, NW], вашиот Бог“ (Второзаконие 31:11—13). Живеејќи под Законот, Исус на рана возраст од 12 години покажал длабок интерес за да ги разбере законите на својот Татко (Лука 2:41—49). Подоцна, имал обичај да го слуша и да учествува во читањето на Писмото во синагогата (Лука 4:16; Дела 15:21). Ќе биде добро младите денес да го следат Исусовиот пример со тоа што секојдневно ќе ја читаат Божјата реч и редовно ќе присуствуваат на состаноците каде што се чита и проучува Библијата.

Читањето на Библијата — приоритет

9. а) Зошто треба да бидеме избирливи во врска со она што го читаме? б) Што навел основачот и уредник на ова списание во врска со помагалата за проучување на Библијата?

9 Мудриот цар Соломон напишал: „Прифати го предупредувањето: Нема крај на составувањето многу книги, а голема посветеност на сите нив е заморно за телото“ (Проповедник 12:12, NW). Некој би можел да додаде дека читањето на многуте книги објавени денес не само што е заморно за телото туку, отворено кажано, е и опасно за умот. Затоа е важно да се биде избирлив. Освен читањето на нашите публикации за проучување на Библијата, треба да ја читаме и самата Библија. Основачот и уредник на ова списание на своите читатели им напишал: „Никогаш не заборавај дека Библијата е наш Стандард и дека колкава и да се помош дадена од Бог, тие се само ‚помош‘ а не замена за Библијата“.a Затоа, иако не ги занемаруваме нашите публикации темелени на Библијата, треба да ја читаме и самата Библија.

10. Како „верниот и разборит роб“ ја нагласува важноста на читањето на Библијата?

10 Свесен за таа потреба, „верниот и разборит роб“ веќе со години има една подготовка за читање на Библијата како дел од програмата на Теократската школа за служба во секое собрание (Матеј 24:45). Со сегашнава програма за читање на Библијата се завршува целата Библија во период од околу седум години. Овој распоред е корисен за сите, но особено за новите кои никогаш не ја прочитале целата Библија. Од оние кои ја посетуваат Библиската школа Гилеад на Watchtower за мисионери и Школата за оспособување слуги, како и од новите членови на бетелската фамилија, се бара да ја прочитаат целата Библија за една година. Сеедно каков распоред следиш, како поединец или како семејство, држењето за него бара да му дадеш приоритет на читањето на Библијата.

Што откриваат твоите навики на читање?

11. Како и зошто треба да се храниме секојдневно со Јеховините изјави?

11 Ако ти е проблем да се држиш на твојот распоред за читање на Библијата, можеби е во ред да се запрашаш: ‚Какво влијание можеби имаат моите навики на читање или гледање телевизија врз моето читање на Божјата реч?‘ Запомни го она што го напишал Мојсеј — а го повторил Исус — дека „нема да живее човек само од леб туку и од секоја изјава што излегува од Јеховината уста“ (Матеј 4:4; Второзаконие 8:3). Исто како што во животот секој ден треба да јадеме леб или соодветна замена за него за да го поддржуваме своето физичко тело, така треба секојдневно да ги впиваме Јеховините мисли за да ја одржиме нашата духовност. Читајќи го Писмото, секојдневно можеме да имаме пристап до Божјите мисли.

12, 13. а) Како апостол Петар го илустрира копнежот што би требало да го имаме по Божјата реч? б) Како Павле ја користи илустрацијата со млеко поинаку од Петар?

12 Ако ја цениме Библијата, „не како реч од луѓе туку, како што таа навистина е, како реч Божја“, ќе бидеме привлечени кон неа исто како што бебето копнее по мајчиното млеко (1. Солуњаните 2:13). Апостол Петар ја дал таа споредба, пишувајќи: „Како новороденчиња, развијте копнеж по неизвалканото млеко кое ѝ припаѓа на речта за преку него да пораснете до спасение, доколку сте вкусиле дека Господ е љубезен“ (1. Петрово 2:2, 3). Ако навистина сме вкусиле, преку лично искуство, дека „Господ е љубезен“, ќе развиеме копнеж да ја читаме Библијата.

13 Треба да се забележи дека аналогијата со млеко што ја употребил Петар во овој пасус е поинаква од онаа на апостол Павле. Кај едно новороденче, млекото во потполност ги задоволува неговите потреби од храна. Илустрацијата на Петар покажува дека Божјата реч содржи сѐ што ни е потребно за да ‚пораснеме до спасение‘. Павле пак, од своја страна, ја користи потребата од млеко за да ги илустрира лошите навики на исхрана што ги имаат некои кои тврдат дека се духовно возрасни лица. Во своето писмо до еврејските христијани, Павле напишал: „Иако со оглед на времето требаше да бидете учители, вам повторно ви е потребен некој да ве поучува од почеток за елементарните работи на светите Божји објави; и станавте такви на кои им треба млеко, а не цврста храна. Оти, секој кој пие млеко, не е запознат со речта на праведноста, оти е бебе. А цврстата храна им припаѓа на зрелите луѓе, на оние чија моќ за согледување преку употреба е извежбана да разликува исправно и неисправно“ (Евреите 5:12—14). Внимателното читање на Библијата може многу да ни помогне да ја развиеме својата моќ за согледување и да го стимулира нашиот апетит за духовните работи.

Како да ја читаме Библијата

14, 15. а) Каква предност ни нуди Авторот на Библијата? б) Како можеме да извлечеме корист од божествената мудрост? (Наведи примери.)

14 Најкорисното читање на Библијата започнува, не со читање, туку со молење. Молитвата е извонредна предност. Тоа е исто како да си почнал да проучуваш книга со некоја подлабока тема и да си го повикал авторот да ти помогне во разбирањето на она што се подготвуваш да го читаш. Колкава само огромна предност може да биде тоа! Јехова, Авторот на Библијата, ти ја нуди таа предност. Еден член на водечкото тело од првиот век на своите браќа им напишал: „Ако некому од вас му недостига мудрост, постојано нека бара од Бог, зашто тој им дава дарежливо на сите и без прекорување; и ќе му се даде. Но постојано нека бара со вера, не сомневајќи се ни најмалку“ (Јаков 1:5, 6). Денешното Водечко тело постојано нѐ поттикнува да ја читаме Библијата под молитва.

15 Мудроста е практична примена на спознанието. Затоа, пред да ја отвориш Библијата, побарај од Јехова да ти помогне да препознаеш кои точки од она што го читаш треба да ги примениш лично во твојот живот. Поврзи ги новонаучените работи со она што го знаеш од порано. Вклопи ги во „образецот на здрави зборови“ што веќе си го сфатил (2. Тимотеј 1:13). Размислувај за епизодите од животот на Јеховините слуги од минатото, и прашај се како би постапил под слични околности (Битие 39:7—9; Даниел 3:3—6, 16—18; Дела 4:18—20).

16. Кои практични предлози се дадени за читањето на Библијата да ни биде покорисно и пополезно?

16 Не читај само за да поминеш извесен материјал. Одвој си време. Мисли на она што го читаш. Кога ќе те заинтригира некоја мисла, погледни во референците, ако ги има во твојата Библија. Ако мислата сѐ уште не ти е јасна, забележи ја за да направиш додатно истражување подоцна. Додека читаш, забележи си ги стиховите на кои посебно сакаш да се сетиш или да ги препишеш. Исто така, можеш да си додадеш лични забелешки и референци на маргините. Кај стиховите за кои мислиш дека еден ден ќе ти затребаат во делото на проповедање и поучување, забележи го клучниот збор и провери во индексот на библиски зборови на крајот од својата Библија.b

Направи го читањето на Библијата уживање

17. Зошто треба да уживаме во читањето на Библијата?

17 Псалмистот зборувал за среќниот човек чие „уживање е во законот на Јехова, и од неговиот закон тој чита со придушен глас дење и ноќе“ (Псалми 1:2, NW). Нашето секојдневно читање на Библијата не треба да биде товар туку вистинско уживање. Еден начин тоа да ни стане задоволство е да бидеме сѐ посвесни за вредноста на работите кои сме ги научиле. Мудриот цар Соломон напишал: „Блазе му на човекот, што ја нашол мудроста . . . нејзините патишта се пријатни и сите нејзини патеки се полни со мир. Таа е дрво на живот за оние кои се придржуваат за неа, и благословен е оној што ќе ја задржи“ (Пословици 3:13, 17, 18). Навистина вреди да се вложи потребниот напор за да се стекне мудрост, зашто нејзините патишта се пријатни, полни со мир, среќа и, на крај, живот.

18. Што е потребно освен читањето на Библијата, и што ќе разгледаме во следната статија?

18 Да, читањето на Библијата е корисно и пријатно. Но, дали е доволно? Членовите на црквите на христијанскиот свет со векови ја читаат Библијата, „секогаш учат, ама никако не можат да дојдат до точно спознание на вистината“ (2. Тимотеј 3:7). За да биде читањето на Библијата плодоносно, мораме да читаме со цел спознанието стекнато на таков начин да го примениме лично во својот живот и да го користиме во нашето дело на проповедање и поучување (Матеј 24:14; 28:19, 20). Тоа бара напор и добри методи на проучување, што може исто така да биде угодно и наградувачко, како што ќе видиме во следната статија.

[Фусноти]

a Види Jehovah’s Witnesses—Proclaimers of God’s Kingdom (Јеховини сведоци — објавители на Божјето Царство), издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc., страница 241.

b Види Стражарска кула од 1 мај 1995, страници 16, 17, „Предлози за подобрување на твоето читање на Библијата“.

Прашања за повторување

• Кој совет, што им бил даден на царевите во Израел, се применува денес на надгледниците, и зошто?

• Кои се денес како „придојдениците“ и „децата“, и зошто тие треба да ја читаат Библијата секој ден?

• На кои практични начини „верниот и разборит роб“ ни помага редовно да ја читаме Библијата?

• Како можеме да извлечеме вистинска корист и задоволство од читањето на Библијата?

[Слика на страница 9]

Особено старешините треба да ја читаат Библијата секој ден

[Слика на страница 10]

Исус имал обичај да учествува во читањето на Писмото во синагогата

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели