ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/5 стр. 28-30
  • Борба со носталгијата во Божјата служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Борба со носталгијата во Божјата служба
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што ја предизвикува тагата?
  • Борба со чувствата
  • Гледај напред
  • Можеш ли да служиш на странски терен?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Тие се ставиле на располагање — во Микронезија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Можеш ли да прејдеш во Македонија?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Како да се приспособиш на ново собрание
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/5 стр. 28-30

Борба со носталгијата во Божјата служба

ИСУС ХРИСТОС, им заповедал на своите следбеници: „Одете и научете ги сите народи“ (Матеј 28:19). За повеќето христијани, извршувањето на овој налог значело да прифатат тешки околности далеку од својот дом. Патувачките надгледници, нивните сопруги и други, оставиле зад себе многу работи поради Божјата служба. За сите овие Сведоци на Јехова носталгијата може да биде вистински предизвик.

Носталгијата се јавува кога мислите ти се преплавени од сеќавањата за сигурноста во пријатното минато и љубовта кон него. Тоа може да предизвика таква интензивна емоција што стануваш депресивен и не можеш повеќе тоа да го поднесеш. Навистина, некои, откако ги продале своите ствари и преземале скапо патување во некоја странска земја, се откажале од своите планови и се вратиле дома. Ги совладала носталгијата.

Таквите напади на емоциите обично се чести по првото преселување, но кај некои тие траат цел живот. Откако бил отсутен повеќе од 20 години, Јаков ‚се зажелел да се најде во куќата таткова‘ (1. Мојсеева 31:30). Кој може да пострада од носталгија? Што ја предизвикува носталгијата? Како можеш да се бориш против таквите чувства?

Што ја предизвикува тагата?

Носталгијата секого може да го погоди. Амјитис, ќерка на Мидијанскиот цар Астијагес, очигледно имала секаква причина да биде среќна: богатство, престиж, прекрасен дом. Сепак, таа била толку носталгична по планините на Мидија што нејзиниот сопруг, царот Навуходоносор, ѝ ги изградил висечките градини на Вавилон сакајќи да ја утеши.

Носталгијата може особено да биде искушувачка кога новиот живот е многу потежок од животот пред преселувањето. Народот на Јудеја, кога бил во заробеништво, оплакувал: „Крај реките вавилонски — таму седевме и плачевме, кога ќе се сетевме на Сион; Како да запееме Господова песна на туѓа земја?“ (Псалм 136:1, 4).

Многу работи можат да ја предизвикаат меланхолијата на носталгијата. Тери, која отишла од Канада, рекла: „Еден ден, од една книга испадна една семејна фотографија. Кога ја подигнав, одеднаш ме обзеде носталгичен порој и заплакав“. Крис, кој се преселил од Англија во една многу посиромашна земја, признава: „Само кога ќе чуев звук на некоја стара песна или ќе го осетев мирисот на познатото јадење, можеше да предизвика да копнеам по работите што сум ги оставил“. (Спореди 4. Мојсеева 11:5.)

Блиските семејни врски се често пати фактор кој придонесува за носталгијата. Розели, Бразилка која сега живее во една соседна земја, коментира: „Се онерасположувам кога ќе чујам лоши вести од дома, а мене ме нема таму за да им помогнам. Понекогаш е полошо кога немам никакви вести и почнувам сешто да мислам“. Џенис се преселила од Северна Америка во едно малечко гратче во тропскиот Амазон. Таа вели: „Станувам носталгична кога ќе чујам добри вести од дома. Ќе чујам како им е добро заедно и тогаш посакувам и јас да бидам со нив“.

Носталгија не ни предизвикуваат само луѓето кои сме ги оставиле. Линда објаснува: „Се разочарував кога не знаев каде да ги купам продуктите што ми требаа. Не ги знаев цените или како да се пазарам. Да се поседува автомобил е прескапо, а јас секојпат се спрепнував додека се обидував да се качам во преполнетиот јавен превоз. Тоа предизвикуваше да копнеам за дома“. Коментирајќи за културолошките и економските разлики, Џенет забележува: „Мене ме потресуваше сиромаштвото. Јас никогаш не сум видела луѓе да просат леб или во една соба да живеат големи фамилии без вода. . . . Таквите работи ме вознемируваа толку многу што мислев дека не можам повеќе да останам тука“.

Борба со чувствата

Не би требало да се чувствуваме непријатно поради таквите силни емоционални чувства за луѓето кои ги сакаме или за семејната околина што нѐ окружувала во годините наназад. Јехова Бог ни дал чувства така што можеме да се радуваме на срдечни лични односи. Христијанските надгледници од собранието во Ефес биле емоционално зрели мажи. Но, што се случило кога апостол Павле ги посетил за последен пат? „Сите плачеа многу и, гушкајќи го Павла околу вратот, го целиваа!“ (Дела 20:37). Се разбира, оваа случка не подразбира носталгија. Сепак, ни дава повод за размислување. Нормално е да имаме чувства, но не би требало да им дозволиме да управуваат со нас. Тогаш, како можеш успешно да се бориш со носталгијата?

Еден клуч за да чувствуваме дека сме се прилагодиле е да го научиме месниот јазик. Чувствата на носталгија можат да бидат зголемени кога комуникацијата е попречена затоа што мораш да живееш со еден странски јазик. Затоа, ако е можно, научи да го читаш и зборуваш јазикот кој се зборува таму каде што одиш уште пред преселувањето. Или, пак, концентрирај се на изучување на јазикот во текот на првите неколку недели откако си пристигнал. Тогаш имаш најсилна мотивација и, поради тоа, најдобар изглед да го научиш. Ако во текот на овие недели се посветиш главно на учење на јазикот, набргу ќе можеш и да разговараш на тој јазик. Тоа ќе ти помогне да ги намалиш чувствата на носталгија.

Стекни си нови пријатели колку што е можно побргу бидејќи тоа ќе ти помогне да се чувствуваш како дома. Собранието на Јеховините сведоци е најдоброто место каде можеш да стекнеш вистински пријатели. Ти преземи ја иницијативата и покажи интерес за другите. Потруди се да го запознаеш нивното минато, семејство, нивните проблеми и интереси. Повикај ги соверниците дома. За возврат, ќе откриеш дека и другите ќе почнат да се интересираат за тебе.

Меѓу Божјиот народ, пријателствата можат да бидат толку срдечни колку и семејните врски. Исус рекол: „Оној, кој ја исполнува волјата Божја, тој Ми е брат, и сестра, и мајка“ (Марко 3:35). Христос исто така им гарантирал на своите следбеници: „Нема таков што оставил куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца, или имот, заради Мене и Евангелието, а да не примил, и тоа сега, во ова време, стопати повеќе од куќи, и браќа, и сестри, и татко, и мајка, и деца, и нивје, а во идниот век — и живот вечен“ (Марко 10:29, 30). Со такво прекрасно духовно братство не сме сами дури и во една нова земја.

Во борбата со носталгијата може да ти помогне ако ги задржиш своите стари пријатели. Ќе бидеш изненаден кога ќе откриеш дека откако си се преселил, комуникацијата преку писма ти е особено значајна, бидејќи сега веројатно внимателно размислуваш за зборовите што ќе ги кажеш. Има толку многу возбудливи работи да се кажат. Џенет, која претходно ја споменавме, предлага: „Телефонските разговори на огромни далечини се скапи, но да се испрати касета со снимен разговор преку пошта е релативно ефтино. Отпрвин можеби е чудно кога му зборуваш на еден апарат, но сепак, ако си претставиш дека разговараш со некој само со микрофонот помеѓу вас, лесно е и интересно“. Можеш да бараш и тие да ти испратат таква касета.

Ширли, која пред 25 години се преселила од САД во Латинска Америка, вели: „Секогаш пишувам за изградувачки искуства, а не за проблеми. Тоа ги поттикнува и другите да ми пишуваат“. Но, биди претпазлив. Пречестото пишување може да те спречи да си создаваш нови пријатели. Дел, кој се преселил од Канада во друга земја, вели: „Избегнувај да седиш дома и да размислуваш за работите кои ти недостигаат. Наместо тоа, излегувај и радувај се на новото место“.

Запознај ги обичаите, историјата, хуморот и местата од посебен интерес и убавина во новата земја. Тоа ќе ти помогне да не се задржуваш на негативните фактори. И, ако имаш намера да останеш таму каде што си се преселил, подобро е да не одиш дома пребргу и пречесто. За нови пријатели е потребно време како и привикнување на новата околина. Честото одење дома го прекинува тој процес. Кога веќе си пуштил корен на новото место појди дома па врати се. Во меѓувреме, работи на тоа да се привикнеш на твојот нов дом.

Гледај напред

Јехова ни ја дал целата Земја како дом (Псалм 113:24). Животот во секоја земја може да ни биде пријатен ако имаме радосен христијански дух. Ако се преселиш со намера да ги унапредуваш интересите на Царството и да ја проповедаш добрата вест во друга земја или некаде на друго место во твојата земја, направи го тоа со радосна предусетливост. Радувај се на тоа што ќе стекнеш нови пријатели, ќе научиш поинакви обичаи, ќе правиш ученици, а ќе вршиш и наградувачки работи во Божјата служба.

Јехова Бог ти е Пријател кој секогаш ќе биде со тебе, без обѕир каде се наоѓаш (Псалм 93:14; 144:14, 18). Затоа, остани блиску до него во молитва (Римјаните 12:12). Тоа ќе ти помогне да ја имаш на ум твојата цел во животот како Божји слуга. Авраам и Сара ја задржале на ум својата цел кога го напуштиле својот удобен дом во градот Ур. Послушни на Јеховината заповед, зад себе ги оставиле пријателите и роднините (Дела 7:2-4). Ако и понатаму си спомнувале и копнееле за местото што го оставиле, ќе имале можност да се вратат. Но, тие посегнувале по едно подобро место — конечно да живеат на рајска земја под Божјето небесно Царство (Евреите 11:15, 16).

Проповедањето на странски подрачја или во твојата земја каде што потребата за објавители на Царството е поголема, може навистина да биде предизвик. Но, тоа е плодно и наградувачко дело (Јован 15:8). А ако повремено те обземаат негативни мисли, можеш да ги надвладееш ако ја задржиш на ум целта и ако гледаш напред. Една немажена мисионерка рекла: „Кога ќе почувствувам тага, се обидувам да размислувам за новиот свет кога сите луѓе ќе бидат едно семејство“. Пријатните мисли како оваа можат да ти помогнат да ја задржиш радоста и да не ѝ потклекнеш на носталгијата.

[Слика на страница 29]

Носталгијата не мора да ја попречува христијанската служба

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели