ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 1/7 стр. 4-7
  • Поделена црква — може ли да опстане?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поделена црква — може ли да опстане?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Човекот на беззаконието“
  • Жито и какол
  • Нови поделби
  • „Излезете од неа народе мој“
  • Една вистинска христијанска вера — реалност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Каква е иднината на христијанството?
    Разбудете се! 2007
  • „Праведниците ќе светат како сонце“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Споредбата за пченицата и каколот
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 1/7 стр. 4-7

Поделена црква — може ли да опстане?

„СИТЕ кои ја исповедаат спасоносната вистина за Христос, ѝ припаѓаат на видливата Црква. Поделбите во христијанството — помеѓу Источна православна и Западна црква, и помеѓу римокатоличката и протестантските цркви — се поделби внатре во една Црква“ (Christians in Communion — Христијаните во заедништво). Така еден автор го гледа христијанството — како нашироко расфрлано семејство на религии, а сите исповедаат некаков вид вера во Исус Христос.

Сепак, тоа е разделено семејство, со спротивни верувања и мерила на однесување. „Денешното христијанство . . . има пониски мерила за членство во Црквата од оние кои се потребни за патување со автобус“, вели еден набљудувач. Како, тогаш, ќе ја дијагностицираме неговата духовна состојба? Католичкиот бискуп Базил Батлер заклучува: „Разделеното христијанство е навистина многу болно“ (The Church and Unity — Црквата и единството). Како се разболело? Дали постојат надежи за оздравување?

„Човекот на беззаконието“

Апостол Павле предупредил дека неединството ќе се развива. На христијаните во Солун, кои мислеле дека Христовата присутност е близу, им напишал: „Никој да не ве измами ни по каков начин; оти оној ден [Јеховиниот ден] нема да настапи додека најнапред не дојде отпаѓањето и не се открие човекот на гревот [човекот на беззаконието, НС], синот на погибелта“ (2. Солунјаните 2:3).

Овој „човек на беззаконието“ вовел отпадништво и побуна во христијанското собрание. Кој е тој? Не е некој поединец туку, напротив, класата на свештенството на т.н. христијанство. Оваа класа се издигнала себеси над отпадничкото собрание релативно кратко време по смртта на Исусовите апостоли и, со текот на времето, почнала да научува пагански филозофии, како што се тројството и бесмртноста на човечката душа (Дела 20:29, 30; 2. Петрово 2:1-3). Како со смртоносен вирус, го заразила христијанското собрание со демонски инспирирани идеи кои неизбежно воделе до раздор (Галатјаните 5:7-10).

Заразата почнала уште во Павловите денови. Тој напишал: „Тајната на беззаконието веќе дејствува, само тоа нема да биде извршено додека не се отргне оној, што ја задржува сега“ (2. Солунјаните 2:7). Апостолите служеле како заштита од отровот на отпадништвото. Кога нивното обединувачко дејство било отстрането, разуздано отпадништво се раширило како гангрена (1. Тимотеј 4:1-3; 2. Тимотеј 2:16-18).

Активностите на овој „човек на беззаконието“ продолжуваат непречено. Во еден неодамнешен извештај за „црквата во сексуалното и теолошкото мачење“, еден архиѓакон на Англиканската црква е цитиран како се жали: „Предлозите со кои се повикува класата на свештенството да не се впушта во секс вон бракот, се одбиени. Хомосексуалците се закалуѓерени. Доброто го направиле зло а злото добро“ (The Sunday Times Magazine, Лондон, 22. ноември 1992).

Жито и какол

Самиот Исус Христос поучувал дека вистинското христијанство привремено ќе исчезне од видикот. Тој рекол дека темелот на христијанското собрание е како човек кој сее добро семе на својата нива. Но, Исус рекол: „Дојде неговиот непријател и посеа меѓу житото какол“. Кога робовите го прашале дали да го искорнат каколот, сопственикот на нивата рекол: „Не, да не би, корнејќи го каколот, да искорнете заедно со него и жито“. Колку долго требало да продолжи мешањето на житото и каколот? Сопственикот на нивата рекол: „Оставете нека расте и едното и другото заедно, до жетвата“ (Матеј 13:25, 29, 30).

До „жетвата“, или до времето на одделување во последните денови од овој „систем на ствари“, лажните христијани растеле заедно со вистинските христијани (Матеј 28:20). Сатана Ѓаволот ги употребил отпадниците за да создаде корумпирано и поделено лажно христијанско собрание (Матеј 13:36-39). Тие произвеле срамен фалсификат на вистинското христијанство (2. Коринтјаните 11:3, 13-15; Колосјаните 2:8). Како што црквата се разделувала во текот на вековите, станувало сѐ потешко да се идентификуваат вистинските христијани.

Нови поделби

Книгата The Testing of the Churches—1932-1982 (Испитувањето на црквите 1932–1982) вели дека во поново време „се појавиле нови поделби, посебно во каризматските движења, со нивниот нагласок на личната вера и искуство“. Интересно, повторно родените каризматски движења некои повеќе ги сметаат за знаци на духовна обнова отколку за нови поделби. На пример, Северна Ирска доживеала еден таков препород во 1850-тите. Се појавиле големи очекувања. Извештајот зборува за „братското единство . . . помеѓу презвитеријанските, Веслијанските и Независните слуги“, и вели дека „секој нов ден носеше нови извештаи за трансови, коми, визии, соништа и чуда“ (Religious Revivals — Религиозни препороди).

Многумина на овие драматични манифестации гледаа како на доказ дека Божјиот дух делува да ја оживее својата црква. „Божјата црква“, рекол еден набљудувач, „во нејзината највозвишена смисла оживеа во овие краишта.“ Меѓутоа, иако овој особен препород беше објавен како „величествена и беспримерна епоха во религиозната историја на Алстер“, тој и други препороди како него не создале религиозно единство помеѓу оние кои се повикуваат на духовен препород.

Истите овие ќе аргументираат дека се обединети во фундаменталните работи. Но, ова е истиот аргумент кој го користи останатиот дел од т. н. христијанство, кои рационализираат дека „она што ги обединува христијаните е многу поважно отколку работите кои сѐ уште ги разединуваат“ (The Church and Unity). Таканареченото христијанство тврди: „Фундаменталното единство меѓу нас самите и со сите наши сохристијани се темели на нашето крштевање во Христос“ (Christians in Communion). Меѓутоа, да се каже дека поделбите не се битни, туку битна е општата вера во Христос, исто е како да се каже дека ракот не е опасен сѐ додека срцето ти е јако.

Реалноста е таа што таквите современи религиозни движења придонеле за конфузијата и создале духовна анархија додека убедливите учители си собирале следбеници за себе. Џим Џонс и Дејвид Кореш се понови примери на духовни водачи кои измамиле илјадници (Матеј 15:14). Еден баптистички свештеник е водечки член на Кју-клукс-кланот. Својата програма за надмоќ на белата раса ја поврзува со религиозниот препород и вели дека, на оние кои земаат учество во тоа, „ќе им биде дадена моќ со божествено водство, ќе им биде дадена храброста на Оној кој умрел на Калварија (Исус Христос)“.

Што е со божемните чуда, моќните дела и знаците изведени во името на Исус? Сети се на силната опомена што ја дал Исус Христос, дека неговото одобрение нема да го добијат оние кои само му велат ”Господи, Господи“, туку, ‚оние што ја исполнуваат волјата на неговиот Отец‘. Денес, многумина дури не го ни знаат името на неговиот Татко, Јехова. Исус предупредил на оние кои ќе ‚изгонуваат бесови во негово име, и кои ќе прават многу чуда во негово име‘, а сепак ќе „прават незаконски дела“ (Матеј 7:21-23).

„Излезете од неа народе мој“

Каква е прогнозата за болното христијанство? Многу лоша. Тогаш, дали треба да го прифатиме советот на католичкиот бискуп Батлер, „да се приклучиме кон [црквата] без многу врева и да ѝ помогнеме во нејзиното континуирано ‚чистење‘ одвнатре, во нејзините редови“? Не! Разделеното и расцепкано христијанство нема да преживее (Марко 3:24, 25). Тоа е дел од светското царство на кривата религија наречена Големиот Вавилон (Откровение 18:2, 3). Овој религиозен систем кој е одговорен за крв се соочува со неминовно уништување од Божјата рака.

Библијата не им советува на искрените христијани да останат со оваа корумпирана религиозна организација и да се обидат да ја реформираат одвнатре. Напротив, таа ги опоменува: „Излезете од неа, народе мој, ако не сакате да учествувате во нејзините гревови и ако не сакате да примите дел од нејзините маки. Бидејќи нејзините гревови се натрупале и стигнале дури до небото, и Бог се присетил на нејзините дела на неправда“ (Откровение 18:4, 5, НС).

„Излезете“ — каде? Сети се, Исус ветил дека во времето на жетвата вистинските христијани ќе бидат повторно собрани заедно во едно светско единство. И пророкот Михеј прорекол едно такво повторно собирање со следните зборови: „Ќе ги соберам во едно како овците во Восор [во трлото, НС]“ (Михеј 2:12). Дали се случило ова?

Да! Вистинските христијани сега се собираат во обединето братство ширум Земјата. Кои се тие? Тие се христијанското собрание на Јеховините сведоци, кои обединето ја проповедаат добрата вест за Божјето Царство во 231 земја. Тие ги отфрлиле раздорните науки на т. н. христијанство и се трудат да го обожаваат Бог во согласност со вистината од неговата Реч (Јован 8:31, 32; 17:17).

Срдечно си повикан да разговараш со нив. Ако сакаш да дознаеш нешто повеќе за Јеховините сведоци, молиме обрати им се во твоето место или преку соодветната адреса на страница 2 од ова списание.

[Слика на страница 7]

„Бог се присетил на нејзините дела на неправда“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели