ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/9 стр. 3-4
  • Дали проштеваш?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали проштеваш?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Проштевањето — предизвик
  • ‚Продолжете да си простувате спремно еден на друг‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Простувај од срце
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Спремно простувајте си еден на друг
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Зошто да се проштева?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/9 стр. 3-4

Дали проштеваш?

БИЛ и неговата 16-годишна ќерка Лиза имале тешкотија да се сложат. Ситните несогласувања помеѓу нив често се претворале во гласни вербални конфликти. Конечно, напнатоста се заострила до таа мера што Лиза била замолена да ја напушти куќата.a

По некое време Лиза сфатила дека не била во право и барала прошка од татко ѝ. Но, наместо да ги превиди минатите грешки на Лиза, огорчениот татко ги отфрлил нејзините напори за помирување. Замисли! Тој не бил спремен да ѝ покаже милост на својата сопствена ќерка!

Пред многу векови еден невин човек бил осуден на смрт за злосторство коешто не го сторил. Сведоците изнеле лажно сведоштво, а државните службеници му свртеле грб и ги затвориле очите пред правдата. Тој невин човек бил Исус Христос. Кратко пред да умре, во молитва му се обратил на Бог: „Оче, прости им, оти не знаат што прават!“ (Лука 23:34).

Исус проштевал обилно, од срце, а неговите следбеници биле поттикнати да го имитираат во овој поглед (Ефесјаните 4:32). Меѓутоа, како и Бил, многумина се бездушни и неспремни да простат. Каде стоиш ти во овој поглед? Дали си спремен да им простиш на другите кога ќе згрешат против тебе? А што е со сериозните гревови? Мора ли и тие да бидат простени?

Проштевањето — предизвик

Не е секогаш лесно да се прости. А во овие критични времиња меѓучовечките односи станале многу попроблематични од било кога порано. Особено семејниот живот е често пати исполнет со стресови и со притисоци. Христијанскиот апостол Павле уште многу одамна покажал дека такви прилики ќе преовладуваат во „последните денови“. Тој рекол: „Луѓето ќе станат саможиви, среброљупци, самофалци, горди, . . . недоброљупци, предавници, пребрзи, надуени“ (2. Тимотеј 3:1-4).

Значи, сите ние сме неизбежно соочени со надворешни влијанија кои ја ставаат на испит нашата способност да им проштеваме на другите. А освен тоа, се бориме и против внатрешните влијанија. Павле се жалел: „Оти не доброто, кое го сакам, го правам, туку злото, што не го сакам, го вршам. А штом го вршам она, што не го сакам, не го вршам веќе јас, но гревот, кој живее во мене“ (Римјаните 7:19, 20). Како резултат на тоа, многу од нас веќе не се толку милосрдни како што би сакале да бидат. На крајот на краиштата, наследената несовршеност и гревот вршат силно влијание врз сите нас, понекогаш не дозволувајќи ни да покажеме сомилост спрема нашите ближни.

Кога била поттикната да прости некому за некоја мала навреда, една жена одговорила: „Никој не е достоен за трудот што е потребен за да се прости“. Површно гледано, ваквиот коментар може да изгледа ладен, неосетлив, па дури и цинички. Меѓутоа, кога се гледа подлабоко, забележуваме дека ја открива фрустрацијата којашто многу луѓе ја чувствуваат кога ќе се соочат со светот кој тие го гледаат како себичен, незаинтересиран и непријателски. Еден човек рекол: „Луѓето те искористуваат кога ќе им простиш. Почнуваат да се однесуваат со тебе како со некаков партал“.

Тогаш, не е ни чудо што во овие последни денови е тешко да се негува став на проштевање. Сепак, Библијата нѐ поттикнува љубезно да проштеваме (Спореди 2. Коринтјаните 2:7). Зошто би требало да проштеваме?

[Фуснота]

a Имињата се изменети.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели