ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/9 стр. 27-30
  • Дали учиш од нашиот Величествен Учител?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали учиш од нашиот Величествен Учител?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Практична мудрост од Јехова
  • Јеховината употреба на параболи
  • Прашања кои го достигнуваат срцето
  • Градење на доверба
  • Еден практичен пример
  • Поучување со стрпливост
  • Продолжи да учиш од Јехова
  • Научил да биде милостив
    Угледајте се на нивната вера
  • Тој научил да биде милостив
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Јона учи за Јеховиното милосрдие
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Јехова бил стрплив со Јона
    Поуки од Библијата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/9 стр. 27-30

Дали учиш од нашиот Величествен Учител?

„ПЕТ години студирав право на еден од најдобрите универзитети во Шпанија“, вели Хулио. „Но, она што го научив кога почнав да ја студирам Библијата беше далеку подобро. Универзитетот ме научи како да проучувам; а Библијата ме научи како да живеам“.

Преку Библијата имаме пристап кон Божјите мисли, неговите начела и неговите упатства. Библијата го опишува Јехова како „Величествениот Учител“, бидејќи тој е најдобриот учител во универзумот (Исаија 30:20, НС). Дословно, Хебрејскиот текст го нарекува „учители“ — во множина, што укажува на извонредност. Ова би требало да нѐ потсети дека да се биде поучен од Јехова е многу подобро отколку да се биде поучуван од било кој учител.

Практична мудрост од Јехова

Зошто божествената поука е толку корисна? Како прво, поради својата непроценлива содржина. Јеховината поука ни дава „практична мудрост“. Уште повеќе, мудроста која доаѓа од Бог „му дава живот“ на оној кој ја применува во пракса (Изреки 3:21, 22, НС; Проповедник 7:12).

Композиторот на Псалм 118 сфатил дека Јеховината мудрост го штитела во текот на неговиот живот. На пример, тој пеел: „Законот на Твојата уста за мене е подобар отколку илјадници злато и сребро. Да не беше Твојот закон утеха за мене, јас ќе загинев во неволјата своја. Со Својата заповед Ти ме направи помудар од непријателите мои, зашто таа е секогаш со мене. Станав поразумен од сите учители мои, зашто сведоштвата Твои се моја поука“ (Псалм 118:72, 92, 98, 99).

Псалмистот не е единствениот кој ќе ‚загинел во својата неволја‘, да не бил Јеховиниот закон. Роза, една млада жена од Шпанија, е убедена дека нејзиниот живот бил спасен бидејќи ги применила Божјите начела. „До 26-годишна возраст, веќе два пати се обидов да извршам самоубиство“, се сеќава таа.

Роза била вмешана во проституција и во злоупотреба на алкохол и дрога. „Еден ден, кога се наоѓав во најдлабок очај“, вели таа, „еден брачен пар Сведоци ми зборуваа за тоа како може Библијата да ни помогне да ги решиме нашите проблеми. Почнав да ја проучувам Божјата Реч, коешто ми се чинеше фасцинирачки. За еден месец добив сила да започнам еден сосема нов живот. Сега, кога имав смисла во животот, повеќе немаше потреба да барам утеха во алкохолот и дрогата. И бидејќи толку многу сакав да бидам Јеховин пријател, бев одлучна да живеам според неговите мерила. Да не беше практичната мудрост од Божјата Реч, сигурна сум дека до сега ќе го окончав својот живот“.

Навистина, мудроста од Јехова е животоспасувачка. Затоа, може да извлечеме корист не само од бесценетата содржина на божествената поука туку и од средствата што Јехова ги користи за да ги поучува своите слуги. Бидејќи Божјиот Син, Исус Христос, ни заповедал да бидеме учители и да правиме ученици, ние сакаме да ги научиме најефикасните методи за споделување на поуката (Матеј 28:19, 20).

Јеховината употреба на параболи

Евангелието по Марко вели дека ‚[Исус] не им говорел без параболи‘ (Марко 4:34). Ова карактеристично обележје на Исусовото поучување не е изненадувачко. Тој едноставно следел еден од начините на кои Јеховините пророчки пораки биле пренесени на нацијата Израел. Ова опфаќа извесен број сликовити илустрации (Исаија 5:1-7; Јеремија 18:1-11; Језекиил 15:2-7; Осија 11:1-4).

Забележи, на пример, како употребува Јехова моќни илустрации за да нѐ поучи дека идолите се безвредни. Во Исаија 44:14-17 се изјавува: „Сече кедри, зема бор и даб, кои ги одбира меѓу шумските дрвја, сади јасен . . . И тоа му служи на човекот за оган, а дел од него употребува да се топли, да запали оган и да пече леб. А од него прави и бог и му се поклонува, прави идол и паѓа ничкум пред него. Дел од дрвото изгорува во оган, со друг дел вари месо за јадење, си пече печено и јаде до наситување, . . . А од остатоците прави бог, свој идол, му се поклонува, паѓа ничкум пред него и му се моли и вели: ‚спаси ме, зашто ти си мој бог‘“. Параболите како овие се моќно орудие во помагањето на оние со искрено срце да го отфрлат идолопоклонството и лажните науки.

Прашања кои го достигнуваат срцето

Библијата исто така содржи примери за тоа како Јехова го исправил размислувањето на некои негови слуги преку прашања кои поттикнуваат на размислување. Еден од тие бил патријархот Јов. Јехова стрпливо му помогнал да ја процени својата сопствена безначајност во однос на Бог. Ова било сторено со помош на серија прашања, на кои Јов бил безнадежно неспособен да одговори.

„Каде беше ти кога ги поставував основите на земјата?“ Јехова го прашал Јов. „Кој го затвори морето со врата? . . . Можеш ли да го врзеш јазелот на Плејадата и да ги разврзеш врските на Орион? . . . Таква ли е твојата мишка, како на Бога?“ Ова испитување кое понизува го вклучило многу важното прашање: ‚Сакаш ли . . . да Ме обвиниш, а себеси да се оправдаш?‘ (Јов 38:4, 8, 31; 40:3, 4).

Овие проникливи прашања го навеле Јов да сфати дека зборувал без разбирање. Затоа, се повлекол и се покајал (Јов 42:6). Како и во овој случај, добро избраните прашања можат да помогнат да се исправи погрешното размислување кај децата или кај библиските ученици.

Градење на доверба

Како е кога треба да помагаме некому кој се чувствува недостоен или неспособен? Од помош во овој поглед е разговорот помеѓу Јехова и неговиот пророк Мојсеј. Кога Бог го назначил Мојсеј да биде негов говорник пред фараонот и пред Израелците, пророкот се чувствувал неспособен да ја изврши задачата. „Немам добар глас и тепкам, тешко зборувам“, рекол тој. Меѓутоа, Бог одговорил: „Кој му дал уста на човекот?“ . . . Зар не Јас ли, Господ Бог? Па сега, оди, и Јас ќе ти ја отворам устата твоја, и ќе те научам, што ќе зборуваш“ (2. Мојсеева 4:10-12).

Јехова го назначил Мојсеевиот брат Арон како негов говорник и тие продолжиле да ја извршуваат нивната задача во Египет (2. Мојсеева 4:14-16). Многу други Јеховини слуги ги делеле Мојсеевите чувства на недостатност кога започнале со службата од куќа до куќа или со сведочење на улица. Како и во случајот со Мојсеј, тоа што знаеме дека имаме Јеховина поддршка и дека ќе бидеме придружувани од некој искусен слуга, може да нѐ оспособи да ја надминеме нашата нерешителност. И, како што Мојсеј бил способен да ја подобрува својата самоувереност до тој степен да може да ги држи впечатливите говори кои се наоѓаат на страниците на 5. Мојсеева, со Јеховина помош и ние ќе можеме да ја изградуваме нашата говорничка способност.

Еден практичен пример

Неопходна е исто така искрена желба да им се помогне на другите. Тоа била особината која му недостасувала на пророкот Јона. Јехова го задолжил Јона да ги предупреди луѓето од Ниневија за претстојното разорување на градот. На изненадување, ниневијците се покајале (Јона 3:5). Како резултат на тоа, Јехова ја одложил неволјата. Меѓутоа, наместо да биде пресреќен поради успехот на неговата проповедничка акција, Јона се разлутил бидејќи неговото претскажување немало да се исполни. Како му помогнал Јехова да го има исправното гледиште?

Тој употребил едно растение — тиква, за да го поучи Јона за тоа колку е важно да се грижи за другите. На еден чудесен начин, растението изникнало преку ноќ и обезбедило добредојдена сенка за Јона, кој си поставил сеница во околината на Ниневија. Тој ‚многу се зарадувал‘ на тоа скромно растение. Но, тогаш Јехова предизвикал еден црв да го подгризе растението и тоа се исушило. Изложен на сонцето и на сувиот ветар, Јона се разлутил и рекол: „Подобро е да умрам отколку да живеам“ (Јона 4:5-8). Која била поуката од сето ова?

Јехова му се обратил на Јона и му рекол: „Тебе ти е жал за едно растение, за кое ти не си се трудел, ниту си го одгледувал, и кое за една ноќ израсна и се исуши, а Мене да не Ми е жал за Ниневија, за овој голем град, во кој живеат повеќе од сто и дваесет илјади души, кои не можат да ја разликуваат десната рака од левата, а и за многу добиток?“ (Јона 4:9-11).

Каков впечатлив практичен пример! Јона бил повеќе заинтересиран за тиквата отколку за илјадниците луѓе. Иако грижата за било кој дел од Јеховиното творештво е за пофалба, сепак, помагањето да се спасат животите на луѓето е нашата најбитна задача.

Поучување со стрпливост

Како што открил Јона, не е секогаш лесно да се изврши нашата служба (2. Тимотеј 4:5). Меѓутоа, стрпливиот став кон другите е од помош.

Како реагираш кога некој од твоите Библиски ученици е спор или прилично неразумен? Нашиот Величествен Учител нѐ поучува како да излеземе на крај со еден таков проблем. Тој покажал извонредна стрпливост кога Авраам го преколнувал со прашања во врска со претстоечкиот суд над Содом и Гомор. „Сакаш ли да го уништиш и праведниот со неправедниот?“, прашал Авраам. „Можеби во градот има педесетмина праведници“, преколнувал тој. „Зарем ќе ги погубиш и нив, а да не му простиш на тоа место заради оние педесет праведници, што се во него?“ Јеховиниот одговор го поттикнал Авраам да продолжи да моли сѐ додека бројот не бил намален на десет. Јехова знаел дека само Лотовото семејство заслужува да биде поштедено и била направена подготовка за негово спасение. Но, Бог стрпливо му допуштил на Авраам да продолжи да го прашува сѐ додека не ја согледал величината на Јеховината милост (1. Мојсеева 18:20-32).

Јехова го зел во обѕир тоа што Авраам имал ограничено разбирање, а ги зел предвид и неговите чувства на загриженост. Ако и ние исто така ги сфатиме ограничувањата на нашиот ученик, тогаш тоа ќе ни помогне да покажуваме стрпливост додека тој се напрега да сфати одредена библиска наука или да надмине некоја своја вкоренета навика.

Продолжи да учиш од Јехова

Јехова Бог е несомнено Величествениот Учител. Преку такви средства како што се параболи, прашања и практични примери, тој стрпливо ни дава разбирање. До која мера ги имитираме неговите методи на поучување, до таа мера и самите ќе станеме подобри учители.

Бидејќи оние кои ги поучуваат другите не би требало да запоставуваат да се поучуваат самите себе, ние мораме да продолжиме да бидеме „научени од Јехова“ (Исаија 54:13, НС). Исаија напишал: „Очите твои ќе Го гледаат твојот Учител; ако свртите надесно, ако свртите налево, ушите ваши ќе го слушаат словото, кое говори зад вас — ете го патот, врвете по него!“ (Исаија 30:20, 21). Со тоа што продолжуваме да чекориме по Јеховиниот пат и им помагаме на другите да го прават истото, ние можеме да ја имаме единствената предност да учиме засекогаш од нашиот Величествен Учител.

[Слика на страница 28]

Јехова го прашал Јов: „По твојот збор ли се издига орелот и си вие гнездо на високо?“

[Слика на страница 28]

Со помош на една тиква, Јехова го поучил Јона да биде повеќе загрижен за луѓето

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели