ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/10 стр. 27-30
  • Петровиот гроб — во Ватикан?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Петровиот гроб — во Ватикан?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Една археолошка мистерија
  • Толкување на наодите
  • Една ‚неверодостојна традиција‘
  • Дали Петар умрел во Рим?
  • Дали Петар бил првиот папа?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Дали папата е „наследник на Свети Петар“?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Да се држиме цврсто за нашата скапоцена вера!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Од својот Господар научил да простува
    Угледајте се на нивната вера
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/10 стр. 27-30

Петровиот гроб — во Ватикан?

„ПРОНАЈДЕН е гробот на принцот на апостолите“. Триумфалната објава на папата Пио XII била пренесена преку ватиканското радио. Тоа се случило на крајот на 1950, а неодамна била завршена една комплексна серија ископувања под базиликата Св. Петар. Според некои, резултатите од ова археолошко истражување докажале дека Петар бил навистина закопан во Ватикан. Меѓутоа, сите не се сложуваат со тоа.

За католиците, црквата Свети Петар во Ватикан има особено значење. „Главната цел на поклонението во Рим е да се сретне Петровиот наследник и да се прими неговиот благослов“, наведува католичкиот прирачник, „бидејќи Петар дошол во Рим и бил закопан таму“. Но, дали Петар бил навистина закопан во Рим? Дали неговиот гроб е во Ватикан? Пронајдени ли се неговите коски?

Една археолошка мистерија

Ископувањата кои започнаа околу 1940 и траеја отприлика десет години, беа предмет на многу полемики. Што пронашле археолозите поставени од страна на папата? Како прво, пагански гробишта кои содржат повеќе гробови. Во средината, под денешниот папски олтар, тие идентификувале една едикула, односно вдлабнатина направена во вид на куќичка за некаква статуа или икона, поставена во ѕид обложен со црвен гипс и заградена со два бочни ѕида. Конечно, и прилично мистериозно, на видело излегле и некои човечки остатоци кои, како што се вели, доаѓаат од едниот од двата бочни ѕида.

Овде почнуваат толкувањата. Според мнозина католички научници, откритијата го потврдуваат преданието за Петровиот престој и мачеништво во Рим, во текот на владеењето на Нерон, можеби за време на прогонството во 64. н. е. Дури било кажано дека остатоците се мошти од апостолот и дека можат да се идентификуваат како такви преку еден натпис кој, според едно толкување, гласи: „Петар е овде“. Изгледа дека папата Павле VI ѝ поверувал на оваа претпоставка кога во 1968 го објавил откривањето на „посмртните останки на св. Петар, кои се достојни за сета наша предаденост и длабоко почитување“.

Меѓутоа, заедно со толкувањата имало и контрааргументи. Католичкиот теолог Антонио Феруа, језуит кој учествувал во ватиканските ископувања, повеќе пати тврдел дека ‚не му било дозволено да објави‘ сѐ што знаел за таа тема, материјал кој очигледно би бил во противречност со тврдењето дека биле идентификувани Петровите остатоци. Освен тоа, туристичкиот водич за Рим, издаден од католичкиот кардинал Пупар и објавен во 1991, вели дека „научните испитувања на човечките коски пронајдени под темелите на Црвениот ѕид покажуваат дека тие изгледа немаат никаква врска со апостол Петар“. Чудно е тоа што во следното издание (подоцна во 1991), оваа реченица исчезнала, а било додадено едно ново поглавје со наслов: „Факт: Петар во св. Петар“.

Толкување на наодите

Видливо е дека наодите се подложни на толкувања и дека се различно толкувани од различни луѓе. Навистина, најавторитетните католички историчари сфаќаат дека „историските проблеми за Петровото импресивно мачеништво во Рим и за неговиот гроб се дискутабилни“. Што откриваат наодите?

Едикулата, според оние кои сакаат да ја поддржуваат католичката традиција, е „споменик“ кој упатува на некојси Гај, свештеник кој живеел на почетокот од третиот век од н. е. Според Еузебиј од Цезарија — црковен историчар од четвртиот век — Гај рекол дека тој би можел да ‚укажува на Петровиот споменик на Ватиканскиот рид‘. Поборниците на традицијата тврдат дека апостолот бил закопан овде, под споменикот кој станал познат како „споменикот на Гај“. Меѓутоа, други прилично поинаку ги толкуваат резултатите од ископувањата, покажувајќи дека првите христијани посветувале мало внимание на погребот на своите мртви и дека дури и ако Петар бил убиен таму, реконструкцијата на неговото тело би била многу неверојатна. (Види рамка, страница 29.)

Има и такви кои не се сложуваат дека „споменикот на Гај“ (ако е тоа она што било пронајдено) е гроб. Тие тврдат дека тоа е споменик кој бил подигнат во чест на Петар кон крајот на вториот век, и дека подоцна „почнале да го сметаат за надгробен споменик“. Меѓутоа, според теологот Оскар Кулман, „Ватиканските ископувања воопшто не го идентификуваат Петровиот гроб“.

Што е со коските? Би требало да се каже дека местото од каде што всушност потекнуваат коските е сѐ уште енигма. Бидејќи во првиот век на местото кое денес е познато како Ватиканско брдо стоела една паганска некропола, бројни човечки остатоци биле закопани во областа, а многу од нив веќе биле реставрирани. Некомплетниот натпис (најверојатно датира од четвртиот век) за кој некои велат дека го идентификува местото каде што биле пронајдени посмртните останки како гроб на апостолот, може, во најдобар случај, да се однесува, на наводното присуство на коските на Петар“. Освен тоа, многу епиграфисти мислат дека натписот може дури да значи и: „Петар не е овде“.

Една ‚неверодостојна традиција‘

„Раните и поверодостојни извори не го спомнуваат местото на [Петровото] мачеништво, но помеѓу последните и помалку веродостојни извори има вистинско слагање во мислењата дека тоа била Ватиканската област“, вели историчарот Д. В. О’Конор. Како резултат на тоа, потрагата по Петровиот гроб во Ватикан била темелена на неверодостојни традиции. „Кога реликвиите станале од голема важност“, тврди О’Конор, „христијаните почнале искрено да веруваат дека [споменикот] на Петар фактички го означува точното место на неговиот гроб.“

Овие традиции се развиле напоредно со небиблиското почитување на реликвиите. Со почеток во третиот и четвртиот век, разни црковни центри користеле реликвии, вистински и лажни — коешто не било без економска корист — во битката да постигнат „духовна“ надмоќ и да го зголемат својот сопствен авторитет. Така, убедени дека Петровите посмртни останки имаат чудесна моќ, поклониците се упатувале кон неговиот наводен гроб. На крајот на шестиот век верниците имале обичај да фрлаат внимателно измерени парчиња ткаенина врз „гробот“. „Зачудувачки“, вели еден современ извештај, „ако верата на молителот е цврста, кога ткаенината ќе се подигне од гробот ќе биде полна со божествена доблест и ќе тежи повеќе од порано“. Ова го покажува степенот на лекомисленост во тоа време.

Со текот на вековите, легенди како оваа и традиции лишени од било каков темел значително придонеле за растот на угледот на Ватиканската базилика. Меѓутоа, се појавиле различни мислења. Во XII и XIII век Валдензите ги осудиле овие крајности и со помош на Библијата објасниле дека Петар никогаш не бил во Рим. Со векови подоцна претставници на Протестантската реформација се препирале на сличен начин. Во XVIII век, прочуени филозофи ја сметале традицијата за неоснована како од историски така и од библиски аспект. Сѐ до ден-денес, истото гледиште го делат и способни научници, католици и други.

Дали Петар умрел во Рим?

Петар, еден понизен галилејски рибар, сигурно не развивал никаква идеја за примат над старешините во христијанското собрание од првиот век. Наместо тоа, се дефинирал себеси како „еден од старешините“ (1. Петрово 5:1-6, Revised Standard Version). Понизната појава на Петар е во спротивност со раскошната околина на неговиот наводен гроб, како што може да ја види секој посетител на Ватиканската базилика.

Со намера да ја потврди својата супериорност над другите христијански деноминации, католичката црква барала да се овластат ‚последните и помалку веродостојни‘ традиции кои тврдат дека Петар живеел некое време во Рим. Иако необично, некои древни традиции сметаат дека местото каде што бил погребан не е Ватикан, туку некое друго место во Рим. Сепак, зошто да не се држиме за фактите запишани во Библијата, единствениот извор на информации за Петар од прва рака? Од Божјата Реч е јасно дека од послушност спрема упатствата што ги добил од водечкото тело на христијанското собрание во Ерусалим, Петар продолжил со неговото дело во источниот дел од стариот свет, вклучувајќи го и Вавилон (Галатјаните 2:1-9; 1. Петрово 5:13; спореди со Дела 8:14).

Кога им пишувал на христијаните во Рим, околу 56. н. е., апостол Павле поздравил приближно 30 членови на тоа собрание дури и без да го спомне Петар (Римјаните 1:1, 7; 16:3-23). Потоа, помеѓу 60. и 65. н. е., Павле напишал шест писма од Рим, но Петар не е спомнат — јак доказ дека Петар не бил таму.a (Спореди 2. Тимотеј 1:15-17; 4:11.) Павловата активност во Рим е опишана на крајот од книгата Дела, но повторно нема никаков осврт на Петар (Дела 28:16, 30, 31). Според тоа, едно објективно испитување на библиските докази, ослободено од секакви предрасуди, може само да води до заклучокот дека Петар не проповедал во Рим.b

„Приматот“ на папата се темели на неверодостојни традиции и извртена примена на Библијата. Исус, а не Петар, е темелот на христијанството. ‚Христос е глава на Црквата‘, вели Павле (Ефесјаните 2:20-22; 5:23). Исус Христос бил тој кого Јехова го испратил да ги благослови и спаси сите оние кои имаат вера (Јован 3:16; Дела 4:12; Римјаните 15:29; види и 1. Петрово 2:4-8).

Значи, сите оние кои патуваат до местото за кое искрено веруваат дека е Петровиот гроб, со намера да го ‚сретнат неговиот наследник‘, соочени се со проблемот дали да ги прифатат ‚неверодостојните традиции‘, или да веруваат во доверливата Реч Божја. Бидејќи христијаните сакаат нивното обожување да биде прифатливо за Бог, тие ‚гледаат на Усовршителот на нивната вера, Исус‘, и на совршениот пример што тој ни го оставил да го следиме (Евреите 12:2, НС; 1. Петрово 2:21).

[Фусноти]

a Околу 60-61. н. е. Павле ги напишал своите писма до Ефесјаните, Филипјаните, Колосјаните, Филемон и до Евреите; околу 65. н. е. тој го напишал своето второ писмо до Тимотеј.

b Прашањето „Дали Петар бил во Рим?“ беше разгледувано во Стражарска кула, од 1. ноември 1972, страници 669-671 (англ.).

[Рамка на страница 29]

„Ископувањата не открија никакви посебни знаци на гроб под едикулата; ниту, пак, може да постои некаква сигурност дека Петровото тело воопшто било повторно земено од егзекуторите за да биде погребано од страна на христијанската заедница. Во нормалниот развој на настаните, телото на некој странец (перегринус), кој во очите на законот бил обичен злосторник, можеби попрво би било фрлено во Тибар. . . . Освен тоа, во овој ран период не постоел истиот интерес за зачувување на посмртните останки како што тоа било случај подоцна, кога верувањето во неизбежниот крај на светот исчезнало и кога почнал да се појавува култот на маченици. Значи, веројатноста дека телото на св. Петар не било повторно земено за да биде погребано, е реална“ (Ковчегот на св. Петар и Ватиканските ископувања, од Џослин Тојнби и Џон Вард Перкинс).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели