ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w15 1/12 стр. 12-14
  • Дали Петар бил првиот папа?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали Петар бил првиот папа?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „НА ОВАА КАРПА ЌЕ ГО ИЗГРАДАМ СВОЕТО СОБРАНИЕ“
  • „ТИ СИ ПЕТАР“
  • ДАЛИ ПАПАТА Е НАСЛЕДНИК НА ПЕТАР?
  • Дали папата е „наследник на Свети Петар“?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Тој бил лојален и покрај испитите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Отпадништво — патот до Бог е препречен
    Потрагата на човештвото по Бог
  • Петровиот гроб — во Ватикан?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
w15 1/12 стр. 12-14
Апостол Петар разговара со Исус

Дали Петар бил првиот папа?

„Кардиналот Хорхе Марио Берголјо, кој е избран за Врховен свештеник, е 265-тиот наследник на Петар“ (ВАТИКАНСКА ИНФОРМАТИВНА СЛУЖБА, ВАТИКАН, 13 МАРТ 2013).

„Бискупот на Рим има највисока положба во Католичката црква бидејќи тој е наследник на Свети Петар, кој добил таква положба од Исус Христос“ (THE PRIMACY OF THE BISHOP OF ROME DURING THE FIRST THREE CENTURIES, 1903, книга од ВИНСЕНТ ЕРМОНИ).

„Ако некој рече... дека Папата не е наследник на положбата на благословениот Петар, нека биде проклет [односно нека биде прогласен за еретик]“ (ПРВИОТ ВАТИКАНСКИ КОНЦИЛ, 18 ЈУЛИ 1870).

ЗА МИЛИОНИ католици низ светот, декретот донесен на Првиот Ватикански концил во 1870 год. е догма на црквата, односно учење кое верниците треба да го прифатат како апсолутна вистина. Сепак, се поставуваат прашањата: Дали ова учење се темели на Библијата? Дали папата Франциск навистина е наследник на апостол Петар? И, дали Петар бил првиот папа?

„НА ОВАА КАРПА ЌЕ ГО ИЗГРАДАМ СВОЕТО СОБРАНИЕ“

Декретот донесен во 1870 год. на Ватиканскиот концил се темелел главно на толкувањето на зборовите запишани во Матеј 16:16-19 и Јован 21:15-17. Разговорите меѓу Исус и Петар што се запишани во овие стихови, како и други библиски извештаи, покажуваат дека апостол Петар имал важна улога во почетоците на христијанството. Всушност, кога за прв пат го сретнал Петар, Исус претскажал дека Петар ќе биде цврст како карпа (Јован 1:42). Но, дали Исус го поставил Петар над другите апостоли?

Во извештајот од Матеј 16:17, 18, Исус му рекол на Петар: „Тебе ти велам: ти си Петар [чие име значи „карпа“]. На оваа карпа ќе го изградам своето собрание“. Дали со ова Исус сакал да каже дека собранието ќе го изгради врз човек, односно врз Петар? Дали Петар требало да биде глава на сите следбеници на Исус? Како другите апостоли кои го слушале овој разговор ги разбрале зборовите на Исус? Евангелијата ни откриваат дека во неколку ситуации по овој разговор, апостолите се расправале кој од нив е најголем (Матеј 20:20-27; Марко 9:33-35; Лука 22:24-26). Ако Исус веќе го поставил Петар на највисока положба, зошто апостолите би се расправале за тоа?

Како Петар ги сфатил зборовите на Исус? Бидејќи пораснал како Израелец, Петар ги знаел пророштвата за ‚каменот‘ или за ‚аголниот камен‘ кои биле запишани во Хебрејските списи (Исаија 8:13, 14; 28:16; Захарија 3:9). Кога во едно од своите писма цитирал едно такво пророштво, Петар објаснил дека проречениот „аголен камен“ бил Господарот Исус Христос, Месијата. Тој го употребил грчкиот збор петра (истиот збор од изјавата на Исус запишана во Матеј 16:18) само за Христос (1. Петрово 2:4-8).

И апостол Павле бил верен следбеник на Исус. Дали Павле верувал дека Исус го поставил Петар над сите други апостоли? Во врска со положбата што ја имал Петар во христијанското собрание, Павле напишал дека тој бил меѓу оние што биле „сметани за столбови“. Значи, за Павле, во собранието имало повеќе од еден ‚столб‘ (Галатите 2:9).

Во една прилика, кога Петар на несоодветен начин се однесувал со другите, Павле со почит, но отворено го прекорил. Во врска со тоа, Павле напишал: „Му се спротивставив в лице, бидејќи заслужи осуда“ (Галатите 2:11-14). Апостол Павле не сметал дека Христос го изградил собранието врз Петар или врз кој и да било друг несовршен човек. Наместо тоа, тој бил уверен дека темелот врз кој е изградено собранието е Исус Христос. Павле сметал дека ‚карпата го претставувала Христос‘ (1. Коринќаните 3:9-11; 10:4).

„ТИ СИ ПЕТАР“

Тогаш, како треба да ги разбереме зборовите: „Ти си Петар. На оваа карпа ќе го изградам своето собрание“? За исправно да ја разбереме оваа изјава, треба да го земеме предвид контекстот во кој била кажана. За што зборувале Исус и Петар во таа прилика? Кратко пред тоа, Исус ги прашал своите ученици: „Што велите вие, кој сум јас?“ Без двоумење, Петар одговорил: „Ти си Христос, Синот на живиот Бог“. Поради тоа, Исус го пофалил Петар и едноставно кажал дека ќе го изгради „своето собрание“ на уште поцврста „карпа“ — оној во кого Петар штотуку покажал вера — самиот Исус (Матеј 16:15-18).

Како треба да ги разбереме зборовите на Исус: „Ти си Петар. На оваа карпа ќе го изградам своето собрание“?

Имајќи го ова на ум, многу „Црковни отци“ пишувале дека Христос е карпата за која се зборува во Матеј 16:18. На пример, Августин во петтиот век напишал: „Господарот рекол: ‚На оваа карпа ќе го изградам моето собрание‘, затоа што Петар му рекол нему: ‚Ти си Христос, Синот на живиот Бог‘. Значи Господарот всушност рекол дека ќе го изгради своето собрание врз карпата во која Петар покажал вера“. Августин честопати изјавувал дека „карпата (петра) бил Христос“.

Ако на Августин и на некои други луѓе им се суди според декретот донесен на Ватиканскиот концил во 1870 год., кој важи до ден-денес, тие би биле прогласени за еретици. Всушност, според швајцарскиот теолог Улрих Луз, мислењето на повеќето библиски изучувачи денес во врска со оваа тема исто така би било осудено како ерес.

ДАЛИ ПАПАТА Е НАСЛЕДНИК НА ПЕТАР?

Титулата „папа“ воопшто не му била позната на апостол Петар. Всушност, до деветтиот век многу бискупи кои не биле Римјани се нарекувале себеси со оваа титула. И покрај тоа, овој назив не се користел како официјална титула сѐ до крајот на 11 век. Освен тоа, ниту еден од првите христијани не мислел дека Петар бил поставен над другите и дека неговата положба требало да ја наследи некој друг. Затоа, германскиот изучувач Мартин Хенгел дошол до заклучок дека „нема очигледни историски или теолошки докази“ дека папството е поврзано со Петар.

Значи, дали Петар бил првиот папа? Дали има наследници на неговата положба? Дали католичкото учење во врска со папата е во склад со Светото писмо? Единствениот точен одговор на овие прашања е ‚не‘. Сепак, факт е дека Исус го изградил своето вистинско собрание врз себе (Ефешаните 2:20). Затоа, важно е секој од нас да се праша: ‚Го најдов ли вистинското собрание на Исус?‘

Првиот Ватикански концил од 1869 до 1870 год.

Папството низ вековите

  • 32 год. од н.е.: Исус претскажал дека ќе го изгради своето собрание врз себе; не му дал никаква посебна положба на апостол Петар.

  • 55-64: Апостол Павле и апостол Петар напишале повеќе писма во кои објасниле дека Исус е единствениот темел на кој е изградено христијанското собрание.

  • 254-257: Стефан, бискуп од Рим, ја раширил идејата дека е наследник на Петар и дека има повисока положба од другите; но другите бискупи, како што биле бискупот Фирмилиан од Цезареја и бискупот Киприан од Картагина, го отфрлиле тврдењето на Стефан.

  • 296-304: Првиот познат натпис од кој се гледа употребата на титулата „папа“ за бискупот од Рим.

  • 5 век: Еден друг бискуп од Рим, Лео I, ги искористил зборовите од Матеј 16:18 за да докаже дека е на повисока положба од другите бискупи.

  • 6 век: Сѐ повеќе римски бискупи си ја присвојувале титулата „папа“; сепак, и бискупите кои не биле од Рим продолжиле да ја користат оваа титула сѐ до деветтиот век.

  • 1075: Григориј VII објавил дека титулата „папа“ треба да се користи само за бискупите од Рим; според еден историчар, со својот документ (Dictatus Papae) Григориј VII го ставил папството „на исто рамниште со Христос“.

  • 1870: Со декретот кој бил донесен на Првиот Ватикански концил се потврдувало дека „римскиот папа е наследник на благословениот Петар, Главниот апостол, дека е вистински заменик на Христос и дека е глава на целата Црква“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели