Дополнување на Водечкото тело
ВО ВРСКА со порастот на персоналот на Водечкото тело на Јеховините сведоци, почнувајќи од 1. јули 1994, додаден е уште еден член кон 11-темина старешини коишто сега служат. Новиот член е Герит Леш (Gerrit Lösch).
Брат Леш стапи во полновремена служба на 1. ноември 1961, а дипломира во 41. клас на Библиската школа Гилеад на Watchtower. Служеше во покраинската и обласната служба во Австрија од 1963 до 1976. Се ожени во 1967 и, подоцна, со неговата сопруга Мерете служеа 14 години како членови на австриската бетелска фамилија во Виена. Пред четири години беа префрлени во седиштето на Друштвото во Бруклин (Њујорк), каде што брат Леш служеше во Извршниот одбор и како помошник на Службениот одбор. Со неговото разновидно искуство на европското поле и со неговото познавање на германскиот, англискиот, романскиот и италијанскиот јазик, тој ќе даде вреден придонес во работата на Водечкото тело.