ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/1 стр. 24-29
  • Собирање со оние кои се плашат од Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Собирање со оние кои се плашат од Бог
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Бој се од Бога и пази ги неговите заповеди“
  • ‚Принесувај света служба со божествен страв и стравопочитување‘
  • „Бојте се од Бога и подајте Му слава“
  • Научи како да најдеш радост во стравот од Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Нека во твоето срце се развие страв од Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Плаши се од Јехова и слави го неговото свето име
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Користи од стравот од вистинскиот Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/1 стр. 24-29

Собирање со оние кои се плашат од Бог

„ЛУЃЕТО насекаде копнеат по слобода од страв — страв од насилство, страв од невработеност и страв од сериозна болест. Ние го делиме тој копнеж. . . . Но, зошто тогаш дискутираме како да негуваме страв?“ Тоа интригантно прашање беше поставено од страна на говорникот кој го изнесе клучниот говор на секој од Обласните конгреси „Божествен страв“, кои започнаа во јуни 1994.

Милионите кои присуствуваа — прво во Северна Америка, па подоцна во Европа, Централна и Јужна Америка, Африка, Азија и морските острови — беа желни да научат да негуваат таков страв. Зошто? Затоа што нашиот удел во благословите кои Јехова Бог ги има за својот народ зависи од нашето поседување на божествен страв. Конгресните делегати се собраа заедно да учат за божествениот страв, и во текот на тридневната програма, тие научија многу за ова битно христијанско својство.

„Бој се од Бога и пази ги неговите заповеди“

Тоа беше темата на првиот ден од конгресот, темелена на Проповедник 12:13. Што значи тоа човек да се плаши од Бог? На самиот почеток од програмата, претседавачот на конгресот објасни дека божествениот страв одразува стравопочитување и длабоко почитување кон Јехова, како и здрав страв да не му се допаднеме. Ваквиот божествен страв не е морбиден; тој е здрав и исправен.

Како ни користи овој здрав страв? Следниот говор, „Не се изморувај и не се откажувај“, објасни дека божествениот страв ќе нѐ мотивира да ги пазиме Божјите заповеди со радост. Заедно со љубовта кон Бог и кон ближните, ваквиот страв ќе нѐ исполни со духовна енергија. Да, божествениот страв може да ни помогне да не успоруваме во трката за вечен живот.

Како следно, на програмата беа интервјуа кои прикажуваа докази од животот дека божествениот страв може да нѐ поткрепи. Оние кои беа интервјуирани зборуваа за тоа како стравот од Бог полн со почит влијаел врз нив да продолжат во службата и покрај апатијата, индиферентноста или прогонството, и како им помогнал да издржат дури и кога биле соочени со тешки лични неволји.

Меѓутоа, зошто некои луѓе имаат божествен страв, додека други немаат? Во клучниот говор „Да се негува и извлече корист од божествениот страв“, говорникот објасни дека во Јеремија 32:37-39, Јехова ветил дека ќе му даде богобојазливо срце на Својот народ. Јехова всадува божествен страв во нашите срца. Како? Преку неговиот свет дух и преку неговата инспирирана Реч, Библијата. Меѓутоа, очигледно мораме да вложиме искрени напори за да ја студираме Божјата Реч и да извлечеме потполна корист од изобилните духовни подготовки што ги направил тој. Ова ги вклучува нашите конгреси и собраниските состаноци, кои ни помагаат да учиме да се плашиме од него.

Попладневната програма беше отворена со опомената да се има доверба во Јехова и во неговата Реч. Ова беше проследено со дискусија за примарните начини на кои Царството би требало да влијае на нашиот живот како христијани.

Тогаш започна првата од трите серии предавања кои беа претставени на конгресот. „Божествениот страв нѐ мотивира да ги слушаме божествените барања“ беше темата на оваа серија предавања, која се сосредоточи на семејството. Ова што следи е пример за библискиот — и практичен — совет кој беше понуден.

□ За сопрузите: Божествениот страв би требало да го поттикне сопругот да ја сака својата сопруга како своето тело (Ефесјаните 5:28, 29). Човек не го повредува намерно своето тело понижувајќи се себеси пред своите пријатели или, пак, не оговара за своите сопствени недостатоци. Според тоа, со својата сопруга би требало да постапува со достоинство и респект што си ги укажува и себеси.

□ За сопругите: Исусовиот божествен страв го поттикнал ‚секогаш да му угодува на Бог‘ (Јован 8:29). Ова е една добра склоност којашто сопругите би требало да ја имитираат во односот со своите сопрузи.

□ За родителите: Христијанските родители ќе покажат божествен страв така што сериозно ќе ги сфатат своите родителски одговорности, гледајќи на децата како на наследство од Јехова (Псалм 126:3). Првенствената цел на родителите би требала да биде да ги одгледуваат своите деца да станат вистински христијани.

□ За децата: Јехова ги поучува децата да ги слушаат своите ‚родители, во името на Господа‘ (Ефесјаните 6:1). Оттука, да се биде послушен на родителите значи да се биде послушен на Бог.

Заклучниот говор ги возбуди нашите емоции бидејќи расправаше за длабоките чувства што секој од нас ги доживува кога ќе ни умре некој сакан. Меѓутоа, некаде на половина говор имаше изненадување. Говорникот ги израдува присутните објавувајќи го излегувањето на новата брошура, Кога ќе умре некој што го сакаш. Оваа четворобојна публикација од 32 страници зборува за многу работи кои ќе им помогнат на оние кои жалат, да ги разберат и да се справат со чувствата и емоциите кои се појавуваат по смртта на некој близок. Дали некогаш си се нашол во ситуација да не знаеш што да му кажеш на некое ужалено лице? Еден дел од оваа брошура зборува за тоа како можеме да им помогнеме на оние кои жалат. Додека го слушаа говорникот, многумина од публиката размислуваа за некого кој би можел да извлече корист од оваа нова брошура.

‚Принесувај света служба со божествен страв и стравопочитување‘

Тоа беше темата на вториот ден, темелена на Евреите 12:28. За време на утринската програма се одржа втората серија предавања, „Собранијата кои одат во страв од Јехова“. Првиот дел беше во врска со посетувањето на состаноците. Присуството на состаноците го покажува нашето ценење кон Бог и кон неговите духовни подготовки. Со нашето присуство покажуваме дека се плашиме од неговото име и дека копнееме да бидеме во склад со неговата волја (Евреите 10:24, 25). Вториот говорник објасни дека за собранието да чекори како целина во стравот Јеховин, секој поединец мора да го даде својот дел во задржувањето на добро однесување. Последниот говорник зборуваше за предноста и за должноста на сите христијани да ја објавуваат добрата вест без престан. Колку долго ќе продолжиме да проповедаме? Додека Јехова не каже доста (Исаија 6:11).

„Радоста Јеховина е ваше прибежиште“ беше темата на следниот говор, како што е опфатено и сега во студиските статии во ова списание (Неемија 8:10). Зошто е радосен Јеховиниот народ? Говорникот во главни црти прикажа неколку причини. Една многу значајна причина е тоа што блиското пријателство со Бог нѐ прави да бидеме најрадосните луѓе на Земјата. Размисли само, говорникот ги потсети конгресните делегати дека ја имаат предноста да бидат помеѓу народот кого Јехова го привлекол кон Исус Христос (Јован 6:44). Колку голема причина за радост!

Кулминација на секој конгрес е крштевањето, а конгресите „Божествен страв“ не беа исклучок во тоа. Во говорот „Предание и крштевање во страв од Јехова“, говорникот објасни дека личните одговорности на сите крстени лица се четирикратни: 1) мора да ја проучуваме Божјата Реч со помош на публикациите кои ни помагаат да ја разбереме и да ја примениме; 2) мора да се молиме; 3) мора да се дружиме со соверниците на собраниските состаноци; и 4) мора да сведочиме за Јеховиното име и Царство.

Саботната попладневна програма започна со една тема која охрабрува — „Народ кого Јехова нема да го напушти“. Триесет и пет века порано, кога нацијата Израел се соочувала со тешки времиња, Јехова дал гаранција преку Мојсеј, велејќи: „Господ, твојот Бог . . . нема да отстапи од тебе и нема да те остави“ (5. Мојсеева 31:6). Јехова се покажал доследен на таа гаранција така што ги заштитил Израелците кога влегле во Ветената земја и ја зеле во посед. Денес, кога се соочуваме со тешки искушенија, и ние можеме да имаме потполна доверба дека Јехова нема да не остави ако се прилепиме до него и внимаваме на советот од неговата Реч.

Како можеш да најдеш радост во читањето на Библијата? Во говорот „Читај ја Божјата Реч, Светото писмо, секојдневно“, говорникот предлагаше да се чита со љубопитност и да се поставуваат прашања како овие: Што ме поучува овој извештај за Јеховините својства и патишта? Како можам повеќе да бидам како Јехова во овој поглед? Читањето на Библијата на овој начин е радосно и наградувачко искуство.

Потоа, вниманието беше насочено на третата серија предавања од програмата, „Подготовки за помош на оние кои се плашат од Јехова“. Иако Јехова можеби нема да прави чуда во корист на своите слуги денес, тој сигурно им помага на оние кои се плашат од него (2. Петрово 2:9). Оваа серија разгледуваше четири подготовки од Јехова за да ни помогне во овие критични времиња: 1) Преку својот дух Јехова нѐ ополномоштува да извршиме дела кои се далеку над нашите сили. 2) Преку својата Реч тој обезбедува совет и водство за нас. 3) Преку откупнината ни дарува чиста совест. 4) Преку својата организација, вклучувајќи ги и старешините, тој ни дава водство и заштита (Лука 11:13; Ефесјаните 1:7; 2. Тимотеј 3:16; Евреите 13:17). Со целосното користење на овие подготовки, ќе бидеме во состојба да издржиме и така да добиеме Јеховино одобрување.

Завршниот говор во сабота попладне беше со наслов „Јеховиниот ден кој влева страв е близу“, темелен на пророштвото од Малахија. Во историјата имало денови кои влевале страв, како на пример кога бил извршен суд над Ерусалим во 70 н. е.. Но, ден кој ќе предизвика најголем страв во сето досегашно човечко искуство, ќе биде Јеховиниот ден кој доаѓа, кога ‚ќе им се одмазди на оние, кои не Го познаваат Бога, кои не се покоруваат на Благовестието на нашиот Господ Исус‘ (2. Солунјаните 1:6-8). Колку скоро ќе се случи тоа? Говорникот изјави: „Крајот е близу! Јехова ги знае тој ден и час. Тој нема да го измени својот временски план. Повикани сме стрпливо да истраеме“.

Беше тешко да се поверува дека веќе поминале два дена. Што ќе донесе завршниот ден?

„Бојте се од Бога и подајте Му слава“

Темата на третиот ден се темелеше на Откровение 14:7. За време на утринската програма, низа предавања истакнаа некои од доктринарните науки кои ги одделуваат Јеховините сведоци од сите други религиозни организации.

Во говорот „Ќе има воскресение на праведните“, говорникот постави едно интересно прашање: „Кога, во текот на тој илјадагодишен Суден ден, ќе воскреснат оние кои умреле како верни во овие завршни години на Сатановиот систем на ствари?“ Одговорот? „Библијата не кажува“, објасни говорникот. „Меѓутоа, зарем не е логично оние кои умреле во наше време да бидат воскреснати порано за да можат заедно со големото мноштво преживеани од Армагедон да учествуваат во огромното воспитно дело кое треба да се спроведе за време на Судниот ден? Да, навистина!“ Ќе има ли преживеани? Сигурно дека ќе има. Библиското учење и примерите кои нѐ уверуваат во ова, беа јасно објаснети во следниот говор, „Сочувани во живот во големата неволја“.

Јеховините сведоци одамна сфатиле дека Библијата содржи два исхода — вечен живот на рајска Земја за безброј милиони, и бесмртен небесен живот за ограничен број кои ќе владеат со Христос во неговото Царство. Небеската надеж беше обработувана во говорот „Не бој се, мало стадо“ (Лука 12:32). Со оглед на сегашната светска ситуација, малото стадо мора да биде бестрашно; секој од нив мора да истрае до самиот крај (Лука 21:19). „Нивната бестрашност“, рече говорникот, „служи за да ги охрабри оние од големото мноштво. И тие треба да негуваат став на бестрашност додека го очекуваат ослободувањето во текот на најголемото време на неволја кое Земјата некогаш го доживеала“.

Во заклучокот на утринската програма, присутните со восхит ја гледаа библиската драма Избори пред коишто стоиш. Во деновите на Исус Навин и на пророкот Илија, Израелците се наоѓале на раскрсница. Требало да се направи избор. Илија рекол: „Уште ли ќе храмите на две колена? Ако Господ е Бог, врвете по Него; ако ли е Ваал — одете по него“ (3. Царства 18:21). Денес човештвото исто така се наоѓа на една раскрсница. Ова не е време да се куца помеѓу две различни мислења. Кој е исправниот избор? Истиот оној што уште одамна го направил Исус Навин. Тој рекол: „Јас и домот мој ќе му служиме на Господа“ (Исус Навин 24:15).

Се чини ненадејно, дојде недела попладне и времето за јавното предавање „Зошто сега да се плашиме од вистинитиот Бог“. Во Откровение 14:6, 7, сето човештво е поттикнато: „Бојте се од Бога и подајте Му слава“. Зошто е нужно сега да се плашиме од Бог? Бидејќи, како што Писмото понатаму вели, „настапи часот на Неговиот суд“. Преку својот Син, кој сега е устоличен како Цар на Божјето небесно царство, Јехова ќе стави крај на сегашниот нечист, бунтовнички систем на ствари. Говорникот објасни дека тоа е единствениот начин да се донесе ослободување за оние кои се плашат од Бог, како и да се спаси и да се зачува нашиот земски дом. Бидејќи ова се завршните денови од овој систем на ствари, нужно е сега да се плашиме од вистинскиот Бог!

По сижето на студијата од Стражарска кула за таа недела, последниот говорник излезе на подиумот за да го изнесе својот говор. Како резултат на конгресната програма, божествениот страв доби поголемо значење за конгресните делегати, објасни тој. Ги нагласи многуте користи што ги имаат оние кои се плашат од Бог. Говорникот го најави излегувањето на новата видеокасета United by Divine Teaching (Обединети преку Божествена поука). Таа ги истакнува извонредните аспекти на меѓународните конгреси „Божествена поука“, одржани 1993/94. Како што говорот се ближеше кон својот крај, многумина се прашуваат: ‚Што можеме да очекуваме следната година?‘ Тридневни конгреси на многу места.

Во заклучокот говорникот се осврна на Малахија 3:16, кој вели: „Но оние, кои се бојат од Бога, си велат еден на друг: Господ гледа и го пази тоа, и пред лицето Негово се пишува спомен книга за оние што се бојат од Бога и го почитуваат името Негово“. Конгресните делегати си заминаа со јасна решеност да размислуваат за Јеховиното име и да му служат со божествен страв.

[Слика на страница 24]

Кандидатите за крштевање треба да продолжат да покажуваат божествен страв

[Слика на страница 25]

Драмата „Избори пред коишто стоиш“, на слушателите им ја всади потребата да бидат решителни во врска со служењето на Јехова

[Слика на страница 26]

Конгресните делегати беа радосни што ја добија новата брошура „Кога ќе умре некој што го сакаш“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели