ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/4 стр. 30
  • Се сеќаваш ли?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се сеќаваш ли?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Сличен материјал
  • Зближи се со Бог преку молитва
    Што навистина учи Библијата?
  • Одредување на слабост, злоба и каење
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Чии молитви ќе бидат одговорени?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Како да ги збогатиш своите молитви?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/4 стр. 30

Се сеќаваш ли?

Дали со ценење си ги прочитал најновите изданија на Стражарска кула? Тогаш, провери дали можеш да одговориш на следниве прашања:

▫ Зошто раните христијани не го прославувале Исусовиот роденден?

Според The World Book Encyclopedia, „раните христијани не го славеле [Исусовото] раѓање бидејќи славењето на било чиј роденден го сметале за пагански обичај“ (15.12., страница 4).

▫ Дали треба молитвите да му бидат упатени на Исус?

Не, затоа што молитвите се еден облик на обожавање што му припаѓа исклучително на Семоќниот Бог. Упатувајќи ги сите наши молитви до Јехова Бог, покажуваме дека сме го зеле при срце Исусовото упатство да се молиме: „Оче наш, Кој си на небесата“ (Матеј 6:9; 15.12., страница 25).

▫ Зошто била поинаква пресудата за сериозниот грев на Давид, во споредба со гревот на Ананија и Сапфира? (2. Царства 11:2-24; 12:1-14; Дела 5:1-11).

Гревот на царот Давид бил поради телесна слабост. Кога бил соочен со она што го сторил, се покајал, а Јехова му простил — иако морал да живее со последиците од својот грев. Ананија и Сапфира погрешиле во тоа што лицемерно лажеле, обидувајќи се да го измамат христијанското собрание и на тој начин да ‚го излажат светиот дух и Бог‘ (Дела 5:3, 4). Тоа се покажало како доказ за злобно срце, па затоа тие биле построго осудени (1.1., страници 27, 28).

▫ Што може да ни помогне да му служиме на Јехова со радосно срце?

Треба да негуваме позитивен и благодарен став за нашите благослови и за предностите што ни се дадени од Бог во врска со службата, и никогаш не треба да заборавиме дека со следење на Божјата Реч му угодуваме на Бог (15.1., страници 16, 17).

▫ Кои две работи мораме да ги задржиме во мислите ако сакаме да дадеме делотворно охрабрување?

Прво, да размислиме што ќе кажеме со цел охрабрувањето да биде нешто одредено. Второ, да бараме прилика да му пристапиме на лицето кое заслужува пофалба или кое треба да се изгради (15.1., страница 23).

▫ Зошто ‚големото мноштво‘ има „палмови гранчиња во рацете“? (Откровение 7:9).

Мавтањето со палмови гранчиња покажува дека ‚големото мноштво‘ радосно го поздравува Јеховиното Царство и неговиот помазан Цар, Христос Исус. (Види 3. Мојсеева 23:39, 40; 1.2., страница 17.)

▫ Какви вредни поуки можат да се најдат во книгата на Јов?

Книгата на Јов покажува како да се постапува со проблемите. Нуди извонреден пример за тоа како би требало, а како не би требало да биде советуван некој кој се соочува со тешкотии. Освен тоа, Јововото искуство ќе ни помогне да реагираме на еден урамнотежен начин кога ќе се најдеме погодени од непријателски околности (15.2., страница 27).

▫ Што нѐ поучуваат Исусовите чуда?

Исусовите чуда го прославуваат Бог, поставувајќи модел за христијаните како да го слават Бога (Римјаните 15:6). Охрабруваат да се прави добро, да се покажува великодушност и сочувство (1.3., страница 8).

▫ Со која цел старешините разгледуваат подготвени прашања со новопредадените?

Со тоа се потврдува дали секој кандидат потполно ги разбира темелните учења од Библијата и дали е свесен што значи да се биде Јеховин сведок (1.3., страница 13).

▫ Како можат да ни користат библиските молитви?

Ако поблиску ги разгледаме молитвите од Светото писмо, ќе можеме да ги препознаеме оние кои биле кажани во ситуации слични на нашата. Ако пронајдеме такви молитви, и ако ги читаме и медитираме за нив, тоа ќе ни помогне да ја збогатиме својата комуникација со Јехова (15.3., страници 3, 4).

▫ Што е божествен страв?

Божествен страв е стравопочит кон Јехова, длабоко почитување кон него, заедно со здрав страв да не предизвикаме негово незадоволство (Псалм 88:7; 15.3., страница 10).

▫ На кои три начини Библијата покажува дека ние сме драгоцени во Божји очи?

Библијата поучува дека секој од нас има своја вредност во Божји очи (Лука 12:6, 7); јасно кажува што цени Јехова кај нас (Малахија 3:16); и таа известува што направил Јехова за да ја покаже својата љубов кон нас (Јован 3:16; 1.4., страници 11, 12, 14).

▫ Зошто стиховите од Евреите 10:24, 25 се повеќе отколку само заповед христијаните да се состануваат?

Овие Павлови зборови даваат едно божествено инспирирано мерило за сите христијански состаноци, односно за секоја прилика кога христијаните се собираат заедно (1.4., страница 16).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели