ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/8 стр. 17-22
  • „Јаремот мој е благ и бремето мое е лесно“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Јаремот мој е благ и бремето мое е лесно“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Благ јарем
  • Лесно бреме
  • „Закрепа за вашите души“
  • Исус им бил поткрепа на другите
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
  • Ослободување од стресот — практичен лек
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Дојдете кај мене и јас ќе ве закрепнам
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • „Земете го мојот јарем на себе“
    Нашата служба за Царството 2008
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/8 стр. 17-22

„Јаремот мој е благ и бремето мое е лесно“

„Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене“ (МАТЕЈ 11:29).

1, 2. а) Која работа во животот ти донела освежување? б) Што мораме да правиме за да го добиеме освежувањето што го ветил Исус?

ЛАДЕН туш на крајот од жешкиот и влажен ден, или добро спиење после долгото и заморно патување — ммм . . . ‚ колку освежително! Така е и кога ќе ни се симне некој тежок товар или кога ќе ни бидат простени гревовите и престапите (Изреки 25:25; Дела 3:19). Освежувањето што го донесуваат таквите разведрувачки искуства нѐ подмладува и нѐ поттикнува да одиме напред.

2 Сите оние кои се чувствуваат натоварени и уморни, можат да дојдат кај Исус, зашто тој им го ветил токму тоа — освежување. Меѓутоа, за да го најдеме толку пожелното освежување, постои нешто што мораме да бидеме спремни да го направиме. „Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене“, рекол Исус, „и ќе најдете мир [освежување, НС] за душите ваши“ (Матеј 11:29). Што претставува овој јарем? Како донесува освежување?

Благ јарем

3. а) Какви јареми биле употребувани во библиски времиња? б) Кое симболично значење е поврзано со јаремот?

3 Со оглед на тоа што живееле во земјоделска заедница, на Исус и на неговите слушатели им било добро познато што е јарем. Во основа, јаремот претставува долга дрвена греда со две вдлабнатини од долната страна, во кои се ставаат вратовите на запрежните животни, обично волови, за да се впрегнат и да влечат плуг, кола или некој друг товар (1. Царства 6:7). Се користеле и јареми за луѓе. Тоа биле едноставни греди или стапови кои се ставале преку рамењата, а на секој крај бил прицврстен товар. Со нив работниците можеле да носат тешки товари (Јеремија 27:2; 28:10, 13). Поради неговата поврзаност со товари и работа, во Библијата јаремот честопати се користи во преносна смисла како симбол за доминација и контрола (5. Мојсеева 28:48; 3. Царства 12:4; Дела 15:10).

4. Што симболизира јаремот што им го нуди Исус на оние кои доаѓаат кај него?

4 Тогаш, што претставува јаремот за којшто Исус ги повикал да го земат на себе оние кои доаѓаат кај него за освежување? Сети се дека тој рекол: „Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене“ (Матеј 11:29). Оној кој учи е ученик. Затоа, да се земе Исусовиот јарем едноставно значи да се стане негов ученик (Филипјаните 4:3). Меѓутоа, ова бара повеќе отколку само умствено да се познаваат неговите поуки. Тоа бара и да се постапува во согласност со нив — да се врши делото што го вршел тој и да се живее онака како што живеел тој (1. Коринтјаните 11:1; 1. Петрово 2:21). Тоа бара спремно подложување на неговиот авторитет и на оние на коишто тој им дава авторитет (Ефесјаните 5:21; Евреите 13:17). Тоа значи да се стане предаден, крстен христијанин и да се прифатат сите предности и одговорности што одат со таквото предание. Тоа е јаремот што Исус им го нуди на сите оние кои доаѓаат кај него за утеха и освежување. Дали си спремен да го прифатиш тој јарем? (Јован 8:31, 32).

5. Зошто не би било грубо искуство да го земеме Исусовиот јарем?

5 Да најдеш освежување така што ќе прифатиш јарем — зарем тоа не е противречност? Всушност не, затоа што Исус рекол дека неговиот јарем е „благ“. Овој збор го има значењето на мек, угоден, пријатен (Матеј 11:30; Лука 5:39, НС; Римјаните 2:4; 1. Петрово 2:3). Со оглед на тоа што бил професионален дрводелец, Исус најверојатно имал правено плугови и јареми, и знаел како се обликува еден таков јарем со кој ќе може да се врши максимална работа на што поудобен начин. Можеби ги обложувал јаремите со ткаенина или со кожа. Многу од нив биле изработувани на начин на кој не би го дразнеле или триеле вратот премногу. На сличен начин, симболичниот јарем што ни го нуди Исус е „благ“. Иако фактот дека некој е негов ученик подразбира извесни обврски и одговорности, тоа не е грубо или угнетувачко искуство, туку освежувачко. А ни заповедите на Неговиот татко, Јехова, не се тегобни (5. Мојсеева 30:11; 1. Јованово 5:3).

6. Што можеби мислел Исус кога рекол: „Земете го Мојот јарем на себе?“

6 Постои уште нешто што го прави Исусовиот јарем „благ“, односно лесен за носење. Кога рекол: „Земете го Мојот јарем на себе“, можел да мисли на една од следните две работи. Доколку го имал на ум двојниот јарем, то ест, оној кој поврзува две впрегнати животни за да го влечат товарот, тогаш тој нѐ повикувал да дојдеме под истиот јарем со него. Каков благослов би било тоа — да го имаме Исус покрај себе и тој да го влече нашиот товар заедно со нас! Од друга страна, пак, доколку Исус го имал на ум јаремот што го употребувале обичните работници, тогаш тој ни го нудел средството со кое можеме секој товар да си го направиме полесен или полесно да го управуваме. Како и да е, неговиот јарем претставува извор на вистинско освежување, зашто тој ни гарантира: „Бидејќи сум кроток и смирен по срце“.

7, 8. Каква грешка прават некои кога се под стрес?

7 Тогаш, што треба да правиме ако чувствуваме дека товарот од животни проблеми кој го носиме станува неподнослив и дека сме подложени на стрес до крајни граници? Некои може неисправно да мислат дека јаремот да се биде ученик на Исус Христос е претежок или дека премногу се бара, иако она што им тежи се всушност грижите на секојдневниот живот. Некои поединци во таква ситуација престануваат да ги посетуваат христијанските состаноци или се воздржуваат од учество во службата, мислејќи дека можеби ќе најдат некакво олеснување. Но, тоа е сериозна грешка.

8 Свесни сме дека јаремот што го нуди Исус е „благ“. Но, ако не го ставиме исправно, тој може да нѐ трие. Во тој случај треба одблиску да го испитаме јаремот на нашите рамења. Ако од некоја причина јаремот е во лоша состојба или не е поставен исправно, неговата употреба не само што ќе бара поголем напор од наша страна туку ќе предизвика и извесна болка. Со други зборови, ако теократските активности почнуваат да ни изгледаат како товар, мораме да провериме дали постапуваме со нив на исправен начин. Кој е нашиот мотив за она што го правиме? Дали сме соодветно подготвени кога одиме на состаноците? Дали сме физички и умствено подготвени кога сме ангажирани во службата на подрачјето? Дали се радуваме на блиското и здраво дружење со другите во собранието? И, над сѐ, каков е нашиот личен однос со Јехова Бог и со неговиот Син, Исус Христос?

9. Зошто христијанскиот јарем не треба никогаш да претставува неподносливо бреме?

9 Кога со цело срце го прифаќаме јаремот што ни го нуди Исус и учиме исправно да го носиме, нема причина некогаш да го сметаме за неподнослив товар. Всушност, доколку си ја претставиме ситуацијата — Исус под истиот јарем со нас — нема да ни биде тешко да видиме кој навистина ја носи главнината на товарот. Тоа е исто како некое детенце кое се потпира на рачката од својата количка, мислејќи дека ја турка напред, а всушност, се разбира, родителот е тој кој ја турка. Како љубезен Татко, Јехова Бог е сосема свесен за нашите ограничувања и слабости и ги исполнува нашите потреби преку Исус Христос. „Бог, по Своето богатство, нека ја исполни секоја ваша потреба, за слава преку Христа Исуса“, рекол Павле (Филипјаните 4:19; спореди Исаија 65:24).

10. Што доживува оној кој сериозно го зема фактот дека е ученик?

10 Многумина предадени христијани почнале да го сфаќаат ова од лично искуство. Да ја земеме за пример Џени, која заклучила дека служењето како помошен пионер секој месец и осумчасовната тешка световна работа ја ставаат под голем стрес. Сепак, таа смета дека пионерското дело всушност ѝ помага да задржи емоционална рамнотежа. Да им помага на луѓето да ја дознаат библиската вистина и да ги посматра како тие ги менуваат своите животи за да постигнат Божје одобрение — тоа е она што ѝ донесува најголема радост во нејзиниот динамичен живот. Таа од сѐ срце се согласува со зборовите од изреката која вели: „Благословот Господов — збогатува, и не донесува со себеси тага во срцето“ (Изреки 10:22).

Лесно бреме

11, 12. Што мислел Исус кога рекол: „Бремето Мое е лесно?“

11 Освен што ни ветува „благ“ јарем, Исус ни гарантира: „Бремето Мое е лесно“. Ако јаремот е „благ“, тоа веќе ја олеснува работата; ако е олеснето и бремето, тогаш работата навистина претставува задоволство. Но, што мислел Исус со таа изјава?

12 Размисли што би сторил еден земјоделец кога би сакал да му ја смени работата на својот добиток, да речеме од орање на полето во влечење кола. Првин би го тргнал плугот, а потоа би ја закачил колата. За него би било незамисливо да им ги закачи на животните и плугот и колата. На сличен начин, Исус не им рекол на луѓето да го стават неговото бреме врз она што веќе го носеле. На своите ученици им рекол: „Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари“ (Лука 16:13). Затоа, Исус им понудил на луѓето избор. Дали порадо ќе го носат тешкото бреме кое го имале, или ќе го симнат долу и ќе го прифатат она кое тој им го нудел? Исус им го дал љубезниот поттик: „Бремето Мое е лесно“.

13. Какво бреме носеле луѓето во времето на Исус, и какви биле последиците?

13 Во времето на Исус, луѓето се мачеле под тешкото бреме што им го наметнале угнетувачките римски владетели и формалистичките, лицемерни верски водачи (Матеј 23:23). Сакајќи да се ослободат од римското бреме, некои луѓе се обиделе да ги земат работите во свои раце. Се мешале во политичките борби, но сепак доживеале катастрофален крај (Дела 5:36, 37). Други биле решени да ја подобрат својата ситуација со тоа што длабоко загазиле во материјалистички тежнеења (Матеј 19:21, 22; Лука 14:18-20). Кога Исус им го понудил патот за ослободување, повикувајќи ги да станат негови ученици, сите не биле спремни да прифатат. Се колебале помеѓу тоа дали да го симнат бремето што го носеле, иако било тешко, и да го прифатат неговото бреме (Лука 9:59-62). Каква трагична грешка!

14. Како можат грижите во животот и материјалните желби да нѐ преоптоварат?

14 Ако не сме внимателни, и ние денес можеме да ја направиме истата грешка. Ако станеме Исусови ученици, тоа ќе нѐ ослободи од тежнеењето по целите и вредностите по кои тежнеат луѓето од светот. Иако сѐ уште мораме напорно да работиме за да имаме за дневните потреби, овие работи не ги сметаме за најважни во нашиот живот. Сепак, грижите на животот и мамката на материјалната удобност можат да имаат силно влијание врз нас. Ако им допуштиме, таквите желби можат дури и да ја задушат вистината која желно сме ја прифатиле (Матеј 13:22). Може да станеме толку преокупирани со задоволувањето на таквите желби, што нашите христијански одговорности ќе станат заморни обврски кои сакаме само да ги завршиме и набрзина да се ослободиме од нив. Секако дека не можеме да очекуваме некаква закрепа од нашата служба за Бог, доколку ја вршиме со таков умствен став.

15. Какво предупредување дал Исус во поглед на материјалните желби?

15 Исус истакнал дека задоволството во животот не доаѓа од тежнеењето да ги исполниме сите наши потреби, туку од грижата за поважните работи во животот. „Немојте да се грижите за душата — што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќе се облечете“, опоменал тој. „Зар не чини душата повеќе од храната, и телото — од облеклото?“ Потоа го свртел вниманието на птиците небески и рекол: „Тие ни сеат, ни жнеат, ниту во амбар собираат; но вашиот Отец ги храни“. Осврнувајќи се на полските кринови, рекол: „Не се трудат, ниту предат; но ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, не се облече така, како еден од нив“ (Матеј 6:25-29).

16. Што покажало искуството во врска со последиците од материјалните тежнеења?

16 Можеме ли да научиме нешто од овие едноставни примери? Познато е искуството дека колку повеќе човек тежнее да ја подобри својата материјална состојба во животот, толку повеќе се заплеткува во световни тежнеења и толку потешко му станува бремето на рамењата. Светот е полн со претприемачи кои го платиле својот материјален успех со распаднати семејства, уништени бракови, нарушено здравје итн. (Лука 9:25; 1. Тимотеј 6:9, 10). Нобеловецот Алберт Ајнштајн еднаш рекол: „Отсекогаш сум ги презирал материјалните работи, надворешниот успех, публицитетот и луксузот. Мислам дека едноставниот и скромен начин на живот е најдобар за секого“. Со оваа изјава само е повторен едноставниот совет на апостол Павле: „Голема печалба е, навистина, да биде човек благочестив [оддаден на Бог, НС] и задоволен со себеси“ (1. Тимотеј 6:6).

17. Каков начин на живот препорачува Библијата?

17 Постои еден важен аспект што не смееме да го изоставиме. Иако „едноставниот и скромен начин на живот“ има бројни предности, тој самиот по себе не донесува задоволство. Постојат многумина чијшто начин на живот едноставно е резултат на околностите, а сепак не се ни оддалеку задоволни или среќни. Библијата не нѐ поттикнува да се одречеме од материјалното уживање и да водиме испоснички живот. Треба да се нагласи оддаденоста на Бог, а не да се биде задоволен со себеси. Само ако ги искомбинираме овие две работи, ќе имаме „голема добивка“. Каква добивка? Понатаму, во истото писмо, Павле истакнува дека оние кои не „се надеваат на непостојаното богатство, туку на живиот Бог“, ќе „собираат сокровиште — добра основа за иднината, за да постигнат живот вечен [вистински живот, НС]“ (1. Тимотеј 6:17-19).

18. а) Како може некој да најде вистинско освежување? б) Како треба да гледаме на промените што можеби треба да ги направиме?

18 Освежувањето ќе го добиеме ако научиме да го симнеме своето лично бреме што можеби го носиме и го земеме лесното бреме што го нуди Исус. Многумина кои ги преуредиле своите животи за да можат во поголема мера да учествуваат во службата на Царството, пронашле среќен и задоволителен живот. Се разбира, потребни се вера и храброст за да се направи таков потег, а можеби постојат и препреки на патот. Но, Библијата нѐ потсетува: „Кој го набљудува ветрот, нема да сее, и кој гледа во облаците, нема да жнее“ (Проповедник 11:4). Многу работи, всушност, не се толку тешки штом еднаш сме се одлучиле да ги направиме. Се чини дека најтешкиот дел е да се донесе одлуката. Можеме да се измориме борејќи се или спротивставувајќи се на идејата дали да ја прифатиме тешката задача. Ако ги напрегнеме своите мисли и го прифатиме предизвикот, можеби ќе се изненадиме кога ќе увидиме колкав благослов ќе се покаже тоа за нас. Псалмистот поттикнал: „Вкусете и ќе видите, колку е благ [добар, НС] Господ“ (Псалм 33:8; 1. Петрово 1:13).

„Закрепа за вашите души“

19. а) Што можеме да очекуваме додека ситуацијата во светот продолжува да се влошува? б) Додека сме под Исусовиот јарем, во што сме уверени?

19 Апостол Павле ги потсетил учениците од првиот век: „Во царството Божјо треба да влеземе преку многу маки“ (Дела 14:22). Тоа важи и денес. Додека ситуацијата во светот продолжува да се влошува, притисоците што доаѓаат врз сите оние кои се решени да водат праведен и побожен живот, ќе стануваат сѐ поголеми (2. Тимотеј 3:12; Откровение 13:16, 17). Сепак, ние се чувствуваме како Павле кога рекол: „Во сѐ сме навредувани, но не сме притеснети; во тешкотии сме, не губиме надеж; нѐ гонат, но не сме изоставени; нѐ кутнуваат, но ние не загинуваме“. Причината е таа што можеме да се ослониме на Исус Христос дека тој ќе ни ја даде силата која е над нормалната (2. Коринтјаните 4:7-9). Ако сесрдно го прифатиме јаремот како негови ученици, ќе се радуваме на исполнувањето на Исусовото ветување: „Ќе најдете мир [освежување, НС] за душите ваши“ (Матеј 11:29).

Можеш ли да објасниш?

◻ Што е благиот јарем што го нудел Исус?

◻ Што треба да сториме ако чувствуваме дека јаремот ни станува бреме?

◻ Што мислел Исус кога рекол: „Бремето Мое е лесно“?

◻ Како можеме да се погрижиме нашето бреме да остане лесно?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели