ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 1/9 стр. 3-4
  • Еден простран пат со мала слобода

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Еден простран пат со мала слобода
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Еден поинаков начин на живот
  • Навистина еден широк пат
  • Широкиот пат води во пропаст
  • Тесниот пат кон слободата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Продолжи да го слушаш гласот на Исус
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Дали сите религии се добри?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Дали Јеховините сведоци сметаат дека само нивната религија е исправна?
    Најчесто поставувани прашања
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 1/9 стр. 3-4

Еден простран пат со мала слобода

Едно тричлено семејство — татко, мајка и мала ќеркичка — било дома, во Сиднеј (Австралија) кога куќата била зафатена од пожар. Се обиделе да скокнат низ прозорците, но тие биле заградени со решетки. Поради овие сигурносни решетки пожарникарите не можеле да ги спасат. Мајката и таткото исчезнале во чадот и пламенот, а ќеркичката умрела подоцна во болницата.

КОЛКУ е жално што ова семејство настрадало поради сигурносните решетки кои требало да ги заштитат! Тоа е осудата на нашето време, бидејќи ова семејство не е единственото кое го чувало својот дом со решетки и сигурносни брави. Многумина од соседите исто така имаат домови и имоти слични на тврдини. Зошто? Тие бараат сигурност и душевен мир. Каква штета за едно „слободно“ општество, каде што луѓето се чувствуваат сигурни само кога се забарикадирани како затвореници во своите сопствени домови! Во сѐ поголем број соседства, децата не можат повеќе безбедно да си играат во соседниот парк или да одат на училиште без придружба од едниот родител или од некој друг возрасен. Во многу подрачја од животот слободата испарува како утринска роса.

Еден поинаков начин на живот

Времињата на нашите дедовци и баби биле поинакви. Како деца, тие обично можеле да си играат каде што сакале без да се плашат од нешто. Како возрасни, не биле опседнати со катанци и решетки. Се чувствувале слободни, што всушност до извесна мера и биле. Но, нашите дедовци и баби виделе како духот на општеството се променил во текот на нивниот животен век. Тој станал поладен, посебичен; во многу места љубовта кон соседот била заменета со страв од соседот, што придонело за трагичниот настан спомнат погоре. Овој растечки недостиг на слобода бил придружуван со постојано влошување на моралните вредности. Општеството „се заљубило“ во „новиот морал“, но всушност ситуацијата денес ја достигнало точката во која е тешко да се види воопшто некаква моралност.

Еден поранешен професор при Универзитетот во Квинсленд, д–р Руперт Гудмен, пишува: „Младите луѓе денес се изложени на поинаков, хедонистички . . . начин на живот каде што ‚егоизмот‘ е во центарот на вниманието: самозадоволство, самосвесност, самоисполнетост, самопреокупираност“. Тој исто така вели: „Вредностите како што се самоконтрола, самооткажување, напорна работа, домаќинлак, почитување на авторитет, љубов и почитување кон родителите . . . за многумина се ‚шпанско село‘“.

Навистина еден широк пат

Оние кои се запознаени со библиските пророштва не се изненадени од оваа распространета егоцентричност, бидејќи Исус Христос ги предупредил своите слушатели: „Широки се вратите и широк е патот што води кон пропаст, и мнозина минуваат низ нив; а тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот, и малцина го наоѓаат“ (Матеј 7:13, 14). Првиот пат, кој има простор за многу патници, е „широк“ бидејќи не е ограничен со библиските мерила кои ја контролираат моралноста и секојдневното живеење. Тој е привлечен за оние кои сакаат да размислуваат за она што им се свиѓа и да живеат како што им се свиѓа — без правила и обврски.

Навистина, многумина кои го избрале широкиот пат тврдат дека уживаат во својата слобода. Но, повеќето од нив се водени од општиот дух на себичност. Библијата вели дека тие се управувани од „духот, кој сега дејствува во синовите на неверието“. Овој дух ги поттикнува да живеат „според телесните желби, извршувајќи ги похотите на телото“, било да е тоа неморал, злоупотреба на дрога или безобѕирно тежнеење по богатство, престиж или моќ (Ефесјаните 2:2, 3).

Широкиот пат води во пропаст

Забележи дека оние кои одат по широкиот пат се наведени да ги вршат „похотите на телото“. Ова покажува дека тие воопшто не се слободни, туку дека имаат господар. Тие се робови на телото. А служењето на овој господар може да доведе до многу проблеми: пандемија на сексуално преносливи болести, уништени семејства, оболени тела и умови поради злоупотреба на дрога и алкохол — тоа се само некои од нив. Дури и насилството, кражбата и силувањата ги наоѓаат своите корени во егоцентричното размислување кое се негува на овој попустлив широк пат. И додека овој „пат кој води во уништување“ продолжува да постои, неговите плодови ќе станат уште поопасни (Изреки 1:22, 23; Галатјаните 5:19-21; 6:7).

Разгледај две животни искуства од Австралија. Мери подлегнала на искушението да зема јаки опојни дроги и да прави неморал.a Меѓутоа, не ја нашла среќата што ја барала. Нејзиниот живот изгледал празен дури и откако ѝ се родиле две деца. Таа го достигнала самото дно кога дознала дека е заразена од СИДА.

Том бил погоден на еден поинаков начин. „Пораснав во една црковна населба, во северен Квинсленд“, пишува тој. „На 16-годишна возраст почнав многу да пијам. Татко ми, чичковците и пријателите беа тешки пијаници и затоа тоа изгледаше нешто сосем природно. Дојдов до тој степен што почнав да пијам сешто, од пиво до метил алкохол. Почнав и да се кладам на коњи, понекогаш губејќи го поголемиот дел од моите тешко спечалени пари. Ова не беше мала сума пари, бидејќи мојата работа, сечење на шеќерна трска, беше прилично добро платена.

Потоа се оженив и ни се родија деца. Наместо да се соочам со своите одговорности, јас го правев истото што го правеа и моите пријатели — пиев, се коцкав и се тепав. Честопати бев затворан во локалниот затвор. Но, дури ни тоа немаше некој посебен ефект врз мене. Животот ми се тркалаше надолу. Тоа беше еден вистински хаос.“

Да, оддавајќи се на погрешните желби, Том и Мери не само што си наштетиле на самите себе туку и на своите семејства. Жално е тоа што и многу други млади луѓе дозволуваат да бидат заведени од либералниот, заводлив дух на слобода кој се нуди на широкиот пат. Кога би можеле само младите да го забележат лажливиот изглед на оваа слобода. Кога би можеле само да ја видат реалноста на широкиот пат — огромните даноци што на крајот мора да ги платат оние кои одат по него. Навистина, има доста простор и лесно е да се оди по него. Но, токму во неговата пространост е неговата клетва. Патот на мудроста е да се земе при срце непобитниот факт дека „кој сее во телото свое, од телото ќе пожнее погибел“ (Галатјаните 6:8).

Сепак, постои еден подобар избор. Тоа е тесниот пат. Но, колку рестриктивен и колку збиен и тесен е тој пат? И каде води тој?

[Фуснота]

a Имињата се променети.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели