ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 1/9 стр. 5-7
  • Тесниот пат кон слободата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тесниот пат кон слободата
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Како ослободува тесниот пат
  • Ние сме уверени во Божјата помош
  • Тие престанале да одат по широкиот пат
  • Еден простран пат со мала слобода
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Дали сите религии се добри?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Продолжи да го слушаш гласот на Исус
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Јехова нека те води до вистинска слобода
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 1/9 стр. 5-7

Тесниот пат кон слободата

МАЛ број интелигентни луѓе оспоруваат дека универзумот е управуван од природни закони. Овие закони контролираат сѐ — од малите атоми до огромните галаксии кои се составени од милијарди ѕвезди. Кога не би постоеле природните закони, не би имало планирање и никакво разбирање; не би постоел ниту самиот живот. Со разбирањето на природните закони и соработувањето со нив, човекот бил во можност да постигне зачудувачки подвизи, како што се чекорење по месечината и пренесување на слики во боја од било кое место на Земјата, или дури и надвор од Земјината атмосфера, до телевизиските екрани во нашите домови.

Но, што е со моралните закони? Дали придржувањето за нив е исто така корисно и плодоносно? Изгледа многумина мислат дека не постојат морални закони, па си избираат попустлива фиолозофија или религија која одговара на нивните лични желби.

Меѓутоа, има и такви кои избираат еден друг пат, ‚тесниот пат што води кон живот‘, како што е прикажано во Библијата. Не треба да бидеме изненадени што ова е изборот само на малцинството, бидејќи за тесниот пат Исус рекол: „Малцина го наоѓаат“ (Матеј 7:14). Зошто само малцина?

Затоа што тесниот пат е ограничен со Божјите закони и мерила. Тој му одговара само на оној кој искрено копнее да го прилагоди својот живот според Божјите мерила. Во остра спротивност со широкиот пат, кој создава некаква илузија на слобода, но во реалноста поробува, тесниот пат кој изгледа рестриктивен, го ослободува лицето во секој значаен поглед. Неговите граници се поставени со „совршениот Закон на слободата“ (Јаков 1:25).

Како ослободува тесниот пат

Навистина, не е секогаш лесно да се остане на тесниот пат. Секој жив човек е несовршен и има наследена тенденција да греши. Според тоа, некое лице може да има склоност да залута малку. Сепак, користите што ќе ги имаме ако останеме на ‚тесниот пат‘, се вредни за секоја самодисциплина или поправање, бидејќи Бог ‚нѐ учи на добро‘ (Исаија 48:17; Римјаните 3:23).

На пример: Мудрите родители планираат една рестриктивна диета за своите деца. Ова понекогаш значи да се биде стриктен за време на оброците. Но, кога ќе пораснат, децата ќе ја ценат дисциплината полна со љубов од своите родители. Како возрасни, тие веќе ќе имаат развиено вкус за здрава храна. А бидејќи постои голема разноликост на хранливи продукти, никогаш нема да се чувствуваат ограничени.

Во духовен подглед, Бог го прави истото со оние кои одат по тесниот пат што води во живот. Кај кротките тој потхранува здрави желби кои водат до среќа и вистинска слобода. Ова го прави со тоа што ја дал неговата Реч, Библијата. Освен тоа, нѐ повикува да молиме за неговиот дух да ни помогне, а воедно ни заповеда и да се дружиме со верните сохристијани кои можат да нѐ охрабрат да останеме на тесниот пат (Евреите 10:24, 25). Да, Бог е љубов, и ова главно својство ги подвлекува неговите цели и сите негови методи (1. Јованово 4:8).

Кога преовладуваат љубовта, мирот, добротата, самосовладувањето и другите плодови на Божјиот дух, тесниот пат не изгледа рестриктивен. Како што вели Писмото: „Против такви нема закон“ (Галатјаните 5:22, 23). „Каде што е Духот Господов, таму има слобода“ (2. Коринтјаните 3:17). Веќе сега вистинските христијани го чувствуваат вкусот на оваа слобода. Тие се ослободени од многу стравувања кои ги погодуваат луѓето денес, како што се стравот од иднината и суеверниот страв од смртта. Колку возбудливо е да се размислува за иднината кога „земјата ќе биде полна со познавање на Господа, како што водите го полнат морето“! (Исаија 11:9). Тогаш, нема повеќе да има ниту страв ниту криминал. Катанците и решетките ќе ги снема засекогаш. Сите ќе се чувствуваат слободни и сигурни — дење и ноќе, како дома така и надвор. Тоа ќе биде вистинска слобода!

Ние сме уверени во Божјата помош

Навистина, да се живее по Божјите мерила бара труд, но сепак „Неговите заповеди не се тешки“, дури ни за несовршените луѓе (1. Јованово 5:3). Додека се прилагодуваме на тесниот пат и ги чувствуваме благословите од одењето по него, ние развиваме сѐ поголема омраза кон постапките и размислувањето кои ги карактеризираат оние на широкиот пат (Псалм 96:10). Послушноста на Божјиот закон апелира на совеста која ни е дадена од Бог. Наместо „болката во срцето“ (НС) и „паднатоста во духот“ (НС) кои се својствени за многумина, Бог ветува: „Слугите Мои ќе пеат од срдечна радост“. Да, срце кое е поучено од Јехова е радосно и слободно (Исаија 65:14).

Исус умрел за да ја направи вистинската слобода достапна за нас. Библијата вели: „Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен“ (Јован 3:16). Сега, како Цар на Божјето небесно Царство, Исус располага со користите од таа жртва. Кратко, по „големата неволја“, кога широкиот пат и оние кои се наоѓаат на него ќе бидат уништени, тој стрпливо ќе почне да го води послушното човештво по остатокот од тесниот пат сѐ до неговиот крај — човечко совршенство (Откровение 7:14-17; Матеј 24:21, 29-31). Конечно ќе го искусиме исполнувањето на величествената намера: „Самото творештво ќе биде ослободено од ропството на расипаноста и ќе ја има славната слобода на Божјите деца“. Оваа од Бог дадена слобода не може да биде надмината. Дури и смртта ќе биде отстранета (Римјаните 8:21; Откровение 21:3, 4).

Кога едно лице јасно ќе види и ќе разбере каде води овој тесен пат, тогаш ќе биде поспособно да го избере овој пат и да продолжи да оди по него. Особено на младите им се помага да не бидат кратковиди и да не се лутат на она што тие го гледаат како ограничувања наметнати од Божјите мерила. Тие учат да гледаат на ова како на доказ за Божјата љубов и како заштита од злото на широкиот пат (Евреите 12:5, 6). Се разбира, човек треба да биде стрплив, имајќи го на ум тоа дека е потребно време да се развијат божествени својства и желби, исто како што е потребно време за една овошка да произведе добар плод. Но дрвото ќе произведе плод ако се негува и залева.

Затоа, проучувај ја Божјата Реч, дружи се со другите христијани и ‚моли се постојано‘ за Божјиот дух (1. Солунјаните 5:17). Имај доверба дека Бог ќе ти помогне да ‚ги исправиш своите патеки‘ (Изреки 3:5, 6, НС). Но, дали сето ова е практично? Дали навистина функционира? Да, тоа се покажало дека е вистина како за Том така и за Мери, кои беа спомнати во претходната статија.

Тие престанале да одат по широкиот пат

Том пишува: „Во средината на ’70-тите, стапивме во контакт со Јеховините сведоци кога еден од нив дојде на нашата врата. Дискусијата водеше до библиска студија. Чекор по чекор, почнав да расчистувам некои работи во мојот живот. Се крстив во 1982 и денес служам во локалното собрание. Нашиот син сега исто така е крстен. Ѝ благодарам на мојата сопруга што ме поднесуваше сите тие години пред да ја запознаам вистината. А најмногу од сѐ, му благодарам на Јехова и на неговиот Син, Христос Исус, за сѐ што тие ни дале и за надежта што ја имаме за иднината“.

А што е со Мери? Па, таа мислела дека Бог никогаш нема да ѝ прости, но сакала да учи за него заради доброто на своите деца. Кога слушнала дека Јеховините сведоци ја поучуваат нејзината сосетка за Библијата и таа побарала помош. Меѓутоа, нејзините вкоренети лоши навики го отежнувале напредокот. Студијата осцилирала помеѓу напредни и назадувачки периоди. Меѓутоа, нејзината седумгодишна ќеркичка постојано ја храбрела. „Ајде, мамичке. Ти можеш да го сториш тоа!“, велела таа. Тогаш Мери се обидувала уште посилно.

Кога нејзиниот невенчан сопруг, исто така наркоман, се вратил дома, и тој се приклучил кон студијата. Со текот на времето, и двајцата ги победиле своите лоши навики. Тогаш, откако го легализирале нивниот брак и се крстиле, тие доживеале голема среќа и за прв пат се почувствувале како едно вистинско семејство. За жал, СИДА-та на крајот го зела животот на Мери, но сепак таа умрела со срце фиксирано на библиското ветување за воскресение и живот на рајската Земја, исчистена од секаква трага на злобниот широк пат.

Да, можно е да се напушти широкиот и простран пат кој води во уништување. Христос Исус рекол: „А животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исуса Христа“ (Јован 17:3). Зошто тогаш, да не се решиш да одиш по тесниот пат кој води во живот? Ако го земеш при срце и ако го применуваш она што го учиш од Божјата Реч, ти лично можеш да го искусиш библиското радосно ветување: „Ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:32).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели