ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/9 стр. 5-6
  • Љубомората скоро ми го уништи животот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Љубомората скоро ми го уништи животот
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Сличен материјал
  • Љубовта ја победува неисправната љубомора
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Љубоморни за чистото обожавање на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Што би требало да знаеш за љубомората
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Како да се спречи љубомората во бракот
    Совети за семејствата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/9 стр. 5-6

Љубомората скоро ми го уништи животот

ЉУБОМОРАТА навистина почна многу лошо да влијае врз мене кога се омажив за мојот втор сопруг, Марк.a Двајцата моравме да се грижиме за неколку пасторчиња и да излеземе на крај со нашите поранешни брачни партнери. Ситуацијата понекогаш беше неподнослива. Секогаш кога постоеше семејна конфронтација, се чинеше како Марк да не се зазема за мене. Почнав да мислам дека тој сѐ уште ја сака неговата бивша сопруга. Наместо да ја контролирам својата љубомора, јас дозволив таа да го контролира мојот живот. Секогаш кога бившата сопруга на Марк беше во близина, се чувствував емотивно загрозена.

Постојано го набљудував Марк, ги набљудував дури и неговите очи за да видам каде гледа. Во неговите погледи читав работи кои воопшто и не беа таму. Понекогаш отворено ќе го обвинев дека е сѐ уште вљубен во својата бивша сопруга. Во една прилика тој беше толку погоден од тоа, што дури стана и го напушти христијанскиот конгрес. Се чувствував виновна пред Јехова. Си го направив мизерен семејниот живот бидејќи на крајот и децата беа погодени од сето тоа. Се мразев себеси поради она што го правев, но колку и да се напрегав, изгледаше како да не можам да ја контролирам мојата љубомора.

Наместо да ми помогне, Марк почна да се одмаздува. Кога ќе го обвинев, тој ќе почнеше да вика на мене: „Љубоморна, ти си само љубоморна и ништо друго“. Дури изгледаше дека намерно се обидува да ме направи љубоморна. Можеби мислеше дека така ќе ја излечи мојата љубомора, но тоа само уште повеќе ги влоши работите. Тој почна да гледа по други жени, коментирајќи за нивната убавина. Ова предизвика да се чувствувам уште поинфериорна и понепожелна. Работите отидоа до тој степен што се појави грозната реалност на една друга емоција — омразата. Во тоа време бев толку збркана што само посакував тој и неговото семејство да ми се тргнат од животот.

Кога Бибилијата вели дека „зависта е гнилеж за коските“, таа навистина и е токму тоа (Изреки 14:30). Тогаш почна да се нарушува моето здравје. Добив чир на желудникот што бараше доста време за да се излекува. Продолжив да си го загорчувам животот со тоа што се сомневав во сѐ што правеше Марк. Почнав да пребарувам по неговите џебови и, ако најдев некои телефонски броеви, веднаш ќе телефонирав за да видам кој ќе се јави. Длабоко во срцето толку многу се срамев од самата себе што дури плачев од срам пред Јехова. Но сепак, не можев да се запрам. Самата на себе си бев најголемиот непријател.

Мојата духовност страдаше до тој степен што не можев повеќе да се молам. Го сакав Јехова и навистина сакав да го правам она што е исправно. Ги знаев сите стихови во врска со сопрузите и сопругите, но не бев способна да ги применам. По првпат во мојот живот не сакав повеќе да живеам, и покрај фактот што имав прекрасни дечиња.

Старешините во христијанското собрание беа големо охрабрување и дадоа сѐ од себе за да ми помогнат. Но, секогаш кога ќе го спомнеа проблемот со мојата љубомора, јас од срам ќе ја порекнував, не сакајќи да признаам дека имам таков проблем.

На крајот, мојата здравствена ситуација се влоши до тој степен што требаше да одам на операција. Додека бев во болница, сфатив дека животот не може понатаму да продолжи така. Марк и јас решивме да се разделиме на три месеци за да ја испитаме нашата ситуација, без да бидеме толку емоционално вклучени во тоа. За време на тој период се случи нешто прекрасно. Во списанието Разбудете се! се појави една статија под наслов: „Помош за возрасните деца на алкохоличари“.b

Знаете, мајка ми беше алкохоличарка. Иако јас не бев физички малтретирана, моите родители никогаш не покажале физичка наклоност меѓу себе или спрема мене. Дури, не можам да се сетам ниту на такво нешто дека мајка ми ме држела в раце или дека ми рекла дека ме сака. Така, всушност јас пораснав не знаејќи како да сакам или, што е исто толку важно, како е да се биде сакан.

Мајка ми честопати ми кажуваше за љубовните афери на татко ми и за тоа дека таа не може да му верува. Па така, мислам дека пораснав без доверба во мажите воопшто. Поради таквото детство, секогаш се чувствував инфериорно во однос на другите, особено во однос на другите жени. Читањето на статијата од Разбудете се! ми помогна да ја сфатам важноста на овие работи. За првпат ги сфатив основните причини за мојот проблем со љубомората.

Статијата од Разбудете се! му ја покажав на мојот сопруг Марк, а таа му помогна и нему подобро да ме разбере. Наскоро тој и јас бевме способни да го примениме библискиот совет упатен до брачните двојки кои размислуваат за разделување. Се смиривме (1. Коринтјаните 7:10, 11). Сега нашиот брак е подобар од кога и да било порано. Повеќето работи ги извршуваме заеднички, особено кога се работи за христијанските активности. Марк покажува повеќе разбирање. Скоро секој ден ми кажува колку многу ме сака, и сега навистина му верувам.

Секогаш кога ќе дознаам дека ќе имаме некој контакт со бившата сопруга на Марк, му се молам на Јехова за сила, барајќи од него да ми помогне да се однесувам на еден зрел христијански начин. И тоа функционира. Исчезнуваат дури и моите непријателски чувства кон неа. Повеќе не се занимавам со негативни мисли или не ѝ дозволувам на мојата фантазија да ми избега од контрола.

Сѐ уште имам некои неисправни чувства на љубомора. Само совршениот живот во Божјиот нов свет потполно ќе ме ослободи од неа. Во меѓувреме, се научив да ја контролирам љубомората, наместо да ѝ дозволам таа да ме контролира мене. Да, љубомората скоро ми го уништи животот, но благодарение на Јехова и неговата Организација многу сум посреќна, а моето здравје повторно се нормализира. Сега пак имам цврст однос со мојот Бог, Јехова. (Приложено.)

[Фусноти]

a Имињата се променети.

b Види исто така Разбудете се! од 22 мај 1992, стр. 8-12 (англ.).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели