ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 1/11 стр. 4-8
  • Вистината за ангелите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Вистината за ангелите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Ублажување на улогата на Сатана
  • Молитви — до кого?
  • Ангели кои немаат вероисповед?
  • „Татко на лагата“
  • Пристап до ангелите или до демоните?
  • „Ангел на светлината“
  • Еден ‚ангел лета посреде небото‘
  • Ангели — како влијаат врз нас?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Ангелите — „духови чија должност е да служат“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Како ангелите можат да ти помогнат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Што се ангелите?
    Одговор на библиски прашања
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 1/11 стр. 4-8

Вистината за ангелите

Запознавањето со некого обично вклучува да се научи нешто за неговата фамилија. Истото важи и кога се запознава Јехова Бог. Тоа вклучува повеќе отколку само да се дознае неговото име. Мораме, да научиме нешто и за неговата „фамилија“ на небото. (Спореди Ефесјаните 3:14, 15.) Библијата ги нарекува ангелите Божји ‚синови‘ (Јов 1:6). Со оглед на нивната значајна улога во Библијата, би требало да имаме поголема желба да дознаеме повеќе за нив за да го разбереме нивното место во Божјата намера.

СЕ СОЗДАВА една нова субкултура. Не само што сѐ поголем број луѓе велат дека веруваат во ангели, туку сѐ поголем број тврдат дека до извесна мера ангелите влијаеле врз нив. Кога 500 Американци биле запрашани: „Дали некогаш лично сте почувствувале некакво ангелско присуство во животот?“, скоро една третина одговориле потврдно. Исто така изненадува и бројот на млади луѓе кои тврдат дека веруваат во ангели — според една анкета во САД, тоа се цели 76 проценти! Очигледно, луѓето се заинтересирани за ангелите. Но до кој степен моменталното размислување за ангелите одговара на библиската вистина?

Ублажување на улогата на Сатана

Кога зборуваме за ангелите, не треба да ги игнорираме злите ангели, небесни суштества за кои Библијата вели дека се побуниле против Бог. Најистакнат меѓу нив е Сатана. Една популарна книга со наслов Ask Your Angels (Прашајте ги вашите ангели) наведува дека Сатана е само „еден аспект на Бог“ кој им помага на луѓето да ги зајакнат своите „духовни мускули“ преку постојани искушенија. И покрај Сатановите „љубезни намери“, наведуваат авторите, низ вековите тој е погрешно идентификуван со злото. Тие додаваат дека Сатана и Исус, „иако во потполност не се надополнуваат еден со друг, барем се на истата страна, односно составни делови од истата целина“. Овие тврдења зачудуваат, но што вели Библијата?

Библијата јасно покажува дека Сатана не е „еден аспект на Бог“ туку непријател на Бог (Лука 10:18, 19; Римјаните 16:20). Тој ја оспорува Јеховината сувереност и не би се рекло дека неговите намери спрема луѓето се „љубезни“. Тој бездушно го истура својот гнев врз Божјите слуги на Земјата. Тој ги обвинува пред Бог дење и ноќе!a (Откровение 12:10, 12, 15-17) Сатана е решен да ги изопачи по секоја цена. Тоа што безмилосно го прогонувал праведниот човек Јов, го разоткрил неговиот бесчувствителен став спрема човековите страдања (Јов 1:13-19; 2:7, 8).

Далеку од тоа да се „на истата страна“, Сатана и Исус се наоѓаат на две потполно спротивни страни. Без сомнение Сатана бил тој кој го навел Ирод да издаде наредба за масовно убивање на деца — сето тоа во обидот да се погуби детето Исус! (Матеј 2:16-18) А Сатановите непопустливи напади продолжиле сѐ до Исусовата смрт (Лука 4:1-13; Јован 13:27). Според тоа, наместо да се „составни делови од истата целина“, Исус и Сатана се потполно спротивни. Библиското пророштво покажува дека нивното непријателство е неизбежно (1. Мојсеева 3:15). Соодветно на тоа, воскреснатиот Исус е тој кој ќе го уништи Сатана во време што го определил Бог (Откровение 1:18; 20:1, 10).

Молитви — до кого?

Некои поборници на ангелското движење препорачуваат медитација и други методи за да се комуницира со ангелите. „Искрената молба за контакт со било кој член на небесната фамилија нема да помине незабележано“, вели една книга. „Барајте и ќе ви се одговори.“ Михаел, Габриел, Уриел и Рафаел спаѓаат во ангелите кои оваа книга ги препорачува за консултации.b

Меѓутоа, Исус ги учел своите следбеници да му се молат на Бога, а не на ангелите (Матеј 6:9, 10). Слично на тоа, Павле напишал: „Во сѐ преку молитва и молба со благодарност изјавувајте ги пред Бога своите барања“ (Филипјаните 4:6). Затоа, во своите молитви, христијаните не му се обраќаат на никој друг освен на Јехова, а тоа го прават во името на Исус Христосc (Јован 14:6, 13, 14).

Ангели кои немаат вероисповед?

Според Ајлин Илиас Фриман, која претседава над AngelWatch Network (Мрежа од ангелска стража), „ангелите ја надминуваат секоја религија, секоја филозофија, секоја вера. Всушност, ангелите немаат религија каква што ние познаваме“.

Меѓутоа, Библијата јасно покажува дека верните ангели имаат религија; тие го обожаваат вистинскиот Бог, Јехова, кој не поднесува ривалство со други богови (5. Мојсеева 5:6, 7; Откровение 7:11). Затоа, еден таков ангел му се претставил на апостол Јован, велејќи му дека е ‚слуга како и него‘, од оние кои ги слушаат Божјите заповеди (Откровение 19:10). Никаде во Библијата не читаме дека некои верни ангели поддржувале некаков друг облик на обожавање. Тие му даваат исклучителна оддаденост на Јехова (2. Мојсеева 20:4, 5).

„Татко на лагата“

Повеќето таканаречени средби со ангелите опфаќаат комуникација со мртвите. „Имав чувство дека чичко ми пронашол пат да дојде до мене и да ме извести дека конечно е среќен“, вели една жена по име Елис, откако примила нешто што го сметала за знак. Тери на сличен начин се сеќава на еден драг пријател кој умрел. „Една недела после погребот“, вели таа, „дојде кај мене како во сон. Ми рече да не тагувам поради неговото заминување, затоа што е среќен и спокоен“.

Но Библијата наведува дека мртвите „ништо не знаат“ (Проповедник 9:5). Таа исто така вели дека кога некој ќе умре, „во тој ден исчезнуваат сите негови помисли“ (Псалм 145:4). Меѓутоа, Сатана е „татко на лагата“ (Јован 8:44). Тој ја измислил невистината дека човечката душа ја преживува смртта. (Спореди Језекиил 18:4.) Многу луѓе денес веруваат во тоа, што им одговара на намерите на Сатана, затоа што се негира потребата за вера во воскресението, кое е темелна наука на христијанството (Јован 5:28, 29). Затоа, распрашувањето кај мртвите или наводното добивање на пораки од нив е уште еден аспект на ангелското движење кое Бог не го одобрува.

Пристап до ангелите или до демоните?

Голем дел од денешното ангелско движење има врска со окултизмот. Разгледај го доживувањето на Марша. „Од септември до декември 1986“, вели таа, „почнав да добивам пораки од ‚третата димензија‘. Гледав привиденија и сонував неверојатни соништа од ‚поранешниот живот‘. Стапив во контакт со некои починати пријатели и доживеав многу други психички состојби во кои дознавав работи за луѓе кои штотуку ги запознав. Исто така, бев благословена со дарот на автоматско пишување и пренесував пораки од бестелесни суштества. Некои од нив, кои никогаш не сум ги сретнала во нивниот земски живот, преку мене пренесуваа пораки до други луѓе“.

Користењето на претскажувањето како средство да се „комуницира“ со ангелите не е невообичаено. Еден извор отворено ги охрабрува своите читатели да користат волшебни камења, тарот карти, И Чинг парички, хиромантија и астрологија. „Дозволете му на вашето најдлабоко јас да ве води до вистинското пророштво“, пишуваат авторите, „и верувајте дека таму ќе ве сретне ангел“.

Но според Библијата, оној што ќе ‚ве сретне таму‘ секако не е еден од Божјите ангели. Зошто? Затоа што претскажувањето стои во остра спротивност со Бог, а вистинските обожаватели — и на небото и на Земјата — немаат никаква врска со тоа. Замисли, во Израел претскажувањето било смртен престап! „Секој, што го прави тоа, е гнасен пред Господа“, гласел Законот (5. Мојсеева 13:1-5; 18:10-12).

„Ангел на светлината“

Не треба да нѐ изненади тоа што Ѓаволот може да направи претскажувањето да изгледа корисно, па дури и ангелско. Библијата вели дека Сатана „се преобразува во ангел на светлината“ (2. Коринтјаните 11:14). Тој може дури да измисли лоши предзнаци и потоа да ги оствари, наведувајќи ги така посматрачите да мислат дека знакот доаѓа од Бог. (Спореди Матеј 7:21-23; 2. Солунјаните 2:9-12.) Но сите дела на Сатана — без разлика дали изгледаат доблесни или злокобни — служат за една од овие две цели: да ги свртат луѓето против Јехова или едноставно да ги заслепат нивните умови „за да не ги осветли светлината на Благовестието за славата на Христа“ (2. Коринтјаните 4:3, 4). Вториов метод на измама честопати е најделотворен.

Разгледај го библискиот извештај за една слугинка од првиот век. Нејзините предвидувања им донеле голема добивка на нејзините господари. Многу денови ги следела учениците, велејќи: „Овие луѓе се слуги на Севишниот Бог, што ви го соопштуваат патот на спасението“. Нејзините зборови биле вистинити. Сепак, извештајот ни кажува дека таа не била опседната од ангели, туку од „гледачки дух [демон за претскажување, НС]“. На крајот, Павле ‚се свртел кон духот и му рекол: „Ти заповедам во името на Исуса Христа излези од неа!“. И излегол во истиот час‘ (Дела 16:16-18).

Зошто Павле го истерал овој дух? Сепак, нели им донесувал голем приход на господарите на девојката опседната со демони? Со помош на натприродните сили, слугинката можеби им кажувала на земјоделците — кога да садат, на девојките — кога да се мажат и на рударите — каде да бараат злато. Овој дух ја поттикнал девојката да зборува дури и вистинити зборови, јавно фалејќи ги учениците!

Сепак, тој бил „демон за претскажување“. Како таков, тој немал право да дава изјави за Јехова и за неговата подготовка за спасение. Неговите пофални зборови, можеби изговорени за да им се даде веродостојност на прорекувањата на слугинката, го одвлекувале вниманието на посматрачите од Христовите вистински следбеници. Со добра причина, Павле ги предупредил Коринтјаните: „Не можете да учествувате на Господовата трпеза и на бесовската трпеза“ (1. Коринтјаните 10:21). Не изненадува тоа што христијаните од првиот век ги уништиле сите свои книги кои биле поврзани со претскажување (Дела 19:19).

Еден ‚ангел лета посреде небото‘

Како што видовме, Библијата покажува де-ка голем дел од денешното ангелско движење е тесно поврзано со Божјиот Непријател, Сатана Ѓаволот. Дали тоа значи дека светите ангели не се вклучени во човечките работи? Напротив, тие сега извршуваат едно моќно дело на Земјата. Кое е тоа? За да одговориме, мораме да погледнеме во библиската книга Откровение. Во таа книга ангелите се споменати повеќе пати отколку во било која друга книга во Библијата

Во Откровение 14:6, 7, го читаме записот на апостол Јован за пророчката визија што ја видел: „Видов друг ангел како лета посреде небото, кој имаше вечно Евангелие, за да им благовести на жителите земни, на секое племе и колено, јазик и народ. Тој зборуваше со висок глас: ‚Бојте се од Бога и подајте Му слава, зашто настапи часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној, Кој го создал небото и земјата, морето и водните извори!‘“

Овој библиски стих го нагласува истакнатото дело на ангелите денес. Тие се вклучени во една задача која има голема предност — да ја објавуваат добрата вест за Божјето Царство. Токму во врска со ова дело Исус им ветил на своите следбеници: „Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот“ (Матеј 28:18-20). На кој начин Исус е со своите следбеници? Еден начин е со тоа што им дава ангелско водство за да може да се изврши ова величествено дело.

Јеховините сведоци трошат повеќе од милијарда часови годишно проповедајќи ја добрата вест за Божјето Царство. Додека го извршуваат тоа дело, тие гледаат докази за ангелско водство. Во нивната служба од врата до врата, често пати се случувало да пронајдат поединци кои тукушто се молеле некој да им помогне да ги разберат Божјите намери. Како резултат на ангелското водство и на иницијативноста на самите Сведоци, секоја година стотици илјадници луѓе го запознаваат Јехова!

Дали ти го слушаш ангелот што лета сред небото? Кога ќе те посетат Јеховините сведоци, зошто со нив не дискутираш подетално за оваа ангелска порака?

[Фуснота]

a Зборовите „Сатана“ и „Ѓавол“ значат „противник“ и „клеветник“.

b Додека Михаел и Габриел се споменуваат во Библијата, имињата Рафаел и Уриел се појавуваат во апокрифните книги кои не се дел од библискиот канон.

c Забележи дека молитвата е упатена преку Исус, а не до него. Молитвата е изговорена во Исусово име затоа што неговата пролеана крв го отворила патот за да му пристапиме на Бог (Ефесјаните 2:13-19; 3:12).

[Рамка на страница 8]

КОИ СЕ АНГЕЛИТЕ?

СПРОТИВНО на верувањето на многумина, ангелите не се покојните души на луѓе кои умреле. Библијата јасно покажува дека мртвите „ништо не знаат“ (Проповедник 9:5). Тогаш, откаде дошле ангелите? Библијата покажува дека Бог ги создал поединечно пред да ја основа Земјата (Јов 38:4-7). Големината на Божјата небесна фамилија можеби изнесува стотици милиони, можеби милијарди или повеќе ангели! Некои ангели му се придружиле на Сатана во неговата побуна (Даниил 7:10; Откровение 5:11; 12:7-9).

Со оглед на тоа што Јехова е Бог на ред, не изненадува тоа што неговата огромна ангелска фамилија е организирана (1. Коринтјаните 14:33).

● Најистакнатиот ангел, како по својата моќ така и по авторитетот, е архангелот Исус Христос, кој е наречен и Михаел (1. Солунјаните 4:16; Јуда 9). Под негова власт се серафимите, херувимите и ангелите.

● Серафимите служат пред Божјиот престол. Очигледно нивната задача се состои во тоа да ја објавуваат светоста на Бог и да го држат неговиот народ чист (Исаија 6:1-3, 6, 7).

● Во Јеховината присутност се гледаат и херувими. Како носители и придружници на Божјиот престол, тие ја поддржуваат Јеховината величественост (Псалм 79:1; 98:1; Језекиил 10:1, 2).

● Ангелите (што значи „гласници“) се застапници и претставници на Јехова. Тие ја извршуваат божествената волја, без разлика дали тоа вклучува ослободување на Божјиот народ или уништување на злите (1. Мојсеева 19:1-26).

[Слика на страница 7]

Дали ти го слушаш ангелот што лета сред небото?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели