ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 1/11 стр. 29
  • Пакетот со храна дава сведоштво

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Пакетот со храна дава сведоштво
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Сличен материјал
  • Заедничките оброци го зближуваат семејството
    Разбудете се! 2010
  • Обезбедување помош сред урнатини
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2011
  • Земјотресот на Хаити — вера и љубов на дело!
    Разбудете се! 2010
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 1/11 стр. 29

Пакетот со храна дава сведоштво

ПОСЛЕ земјотресот во Кобе (Јапонија), минатиот јануари, луѓето во погоденото подрачје тешко доаѓале до храна. Сепак, на Јеховините сведоци не им недостигала храна, благодарение на љубезната помош од нивните браќа. Првите два-три дена по земјотресот, соседните собранија им испратиле ориз. Наскоро грижливите браќа обезбедиле пакети со храна. Многумина прицврстувале на пакетите писменца, изразувајќи заинтересираност за настраданите. Оние кои ги добиле пакетите рекле дека секој оброк бил „посолен“ затоа што не можеле да ги воздржат солзите додека ги читале писменцата.

Јеховините сведоци ја делеле својата храна со оние на кои им била потребна. Еден Сведок го јадел својот оброк додека патувал со автомобил со еден колега од фирмата, кој не бил Сведок. Затоа тој поделил со него еден пакет храна.

„Од каде го купи овој пакет?“, го прашал колегата. Братот ја објаснил акцијата за хуманитарна помош на Јеховините сведоци. „Не сум јадел зеленчук со денови. Ќе зачувам малку и ќе однесам дома за мојата фамилија“, со благодарност рекол човекот.

Третиот пат кога се случило тоа, колегата му дал на Сведокот 3.000 јени (околу 35 американски долари) и му рекол: „Запознаен сум со вашите активности и затоа ве молам дозволете ми да дадам прилог за вашето дело. Го ценам тоа што го подели оброкот со мене. Навистина, сите твои браќа се многу фини луѓе“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели