ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 1/12 стр. 4-8
  • Обезбедување помош сред урнатини

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Обезбедување помош сред урнатини
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Акра — „Минијатурен ден на Ное“
  • Сан Анџело — „звучеше како светот да завршува“
  • Кобе — „крш од дрво, малтер и човечки тела“
  • Наскоро трајно ослободување!
  • Помагање на соверниците — света служба во чест на Јехова
    Божјето Царство владее!
  • Работи кои ураганот Ендрју не можеше да ги уништи
    Разбудете се! 1993
  • Тоа што не можеше да го однесе ниедна бура
    Разбудете се! 2003
  • Кога погодуваат природни катастрофи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 1/12 стр. 4-8

Обезбедување помош сред урнатини

ЧОВЕЧКИТЕ напори да обезбедат помош веднаш после катастрофа, без сомнение, се за пофалба. Многу програми за помош помогнале повторно да се изградат домови, повторно да се обединат семејствата и, пред сѐ, да се спасат животи.

Кога погодува катастрофа, Јеховините сведоци користат — и се благодарни за — какви и да било подготовки кои ги прават световните програми за помош. Во исто време, тие имаат библиска обврска да ‚прават добро . . . најмногу на своите по вера‘ (Галатјаните 6:10). Да, Сведоците се чувствуваат како да се поврзани; тие гледаат еден на друг како на „семејство“. Затоа, тие укажуваат еден на друг како на „брат“ и „сестра“. (Спореди Марко 3:31—35; Филемон 1, 2.)

Затоа, кога некоја катастрофа ќе го погоди соседството, старешините меѓу Јеховините сведоци прават трудољубиви напори за да утврдат каде е секој член на собранието, какви се неговите потреби и прават подготовки за потребната помош. Разгледај како ова беше случај во Акра (Гана), Сан Анџело (САД) и Кобе (Јапонија).

Акра — „Минијатурен ден на Ное“

Дождот почна да врне околу 23 часот и немилосрдно истураше со часови. „Врнеше толку многу што целото мое семејство лежеше будно“, вели Џон Твумаси, еден Јеховин сведок од Акра. Списанието Daily Graphic го нарекол „минијатурен ден на Ное“. „Се обидовме да земеме некои вредни работи на горниот кат“, продолжува Џон, „но кога ја отворивме вратата кон скалите, водите навлегоа внатре.“

Властите објавија предупредување за евакуација, но сепак многумина се колебаа, плашејќи се дека еден празен дом — дури и да е исполнет со вода — би можел да намами арамии. Некои не можеа да излезат дури и да сакаа. „Мајка ми и јас не можевме да ја отвориме вратата“, вели една девојка по име Паулина. „Водата и понатаму растеше, па затоа застанавме на дрвени буриња и се држевме за гредата на покривот. Конечно, околу пет часот утрото, нашите соседи нѐ ослободија.“

Веднаш штом беше можно, Јеховините сведоци се фатија за работа. Една христијанска сестра по име Беатрис, раскажува: „Старешините во собранието нѐ бараа и нѐ најдоа во куќата на еден друг Сведок, каде што се засолнивме. Само три дена после поплавата, старешините и помладите членови на собранието ни се придружија на нашата страна и ја гребеа калта внатре и надвор од нашата куќа. Watch Tower Society обезбеди детергенти, дезинфициенси, боја, душеци, ќебиња, ткаенини и облека за децата. Браќата ни испратија храна за неколку дена. Јас бев длабоко трогната!“

Џон Твумаси, цитиран претходно, известува: „Им кажав на другите станари дека нашето Друштво ни испрати детергенти и дезинфициенси — доволно за да ја исчистиме целата куќа. Околу 40 станари помогнаа во чистењето. Јас им дадов неколку детергенти на моите соседи, вклучувајќи и еден човек кој е свештеник во една локална црква. Моите колеги од работа имаа погрешно мислење дека Јеховините сведоци покажуваат љубов само кон своите луѓе“.

Христијанските браќа и сестри многу ја ценеа помошта полна со љубов која им беше дадена. Брат Твумаси заклучува: „Иако работите што ги изгубив во поплавата имаа поголема парична вредност отколку работите добиени од помошта, моето семејство и јас мислиме дека поради оваа трогателна подготовка на Друштвото, ние добивме далеку повеќе отколку што изгубивме“.

Сан Анџело — „звучеше како светот да завршува“

Торнадото што го опустоши Сан Анџело на 28 мај 1995, откорна дрвја, искрши електрични бандери и исфрли електрични водови кои биле под напон низ улиците. Ветровите жестоко удираа со 160 километри на час, нанесувајќи им штета на објектите за комунални услуги. Повеќе од 20.000 домови претрпеа затемнување. Тогаш се појави град. Националната служба за времето извести за „град со големина на топче за голф“, потоа „град со големина на топче за бејзбол“ и на крај, „град со големина на цитрон“. Нападот беше заглушувачки. Еден жител рекол: „Звучеше како светот да завршува“.

После невремето следеше една злокобна тишина. Луѓето полека излегоа од нивните изобличени домови за да ја одмерат штетата. На дрвјата што сѐ уште стоеја, лисјата им беа соголени. Домовите што сѐ уште стоеја изгледаа како да биле одрани. Во некои подрачја градот ја покриваше земјата во наноси кои беа длабоки до еден метар. Илјадници прозорци од домовите и автомобилите беа искршени во невремето, така што сега парчиња искршено стакло светеа по должината на градот кој ја покриваше земјата. „Кога си дојдов дома“, вели една жена, „само седев во мојот автомобил на патеката за автомобили и плачев. Штетата беше толку голема, што едноставно ме совлада.“

Програмите за спасување и болниците брзо обезбедија финансиска помош, градежни материјали, медицински третман и советување. Вредно за пофалба е тоа што многу поединци кои и самите беа жртви на невремето, го направија она што можеа за да им помогнат на другите.

Собранијата на Јеховините сведоци исто така презедоа акција. Обре Конер, старешина во Сан Анџело, известува: „Веднаш штом заврши невремето, ние бевме на телефон проверувајќи се едни со други. Помогнавме и кај себе и кај нашите соседи кои не се Сведоци да се покријат прозорците со даски, да се стави пластика на покривите и да се заштитат домовите од невреме, колку што е можно. Потоа, направивме досие за секое лице од собранието, чиј дом беше погоден. Требаше да се поправат околу сто домови, а материјалот кој беше добиен од агенциите за помош не беше доволен. Затоа, набавивме додатни материјали и се организиравме за работа. Сѐ на сѐ, околу 1.000 Сведоци доброволно помагаа, околу 250 секој викенд. Тие дојдоа дури и од 740 километри оддалеченост. Сите работеа неуморно, често на температура од 40 степени. Дури и една 70-годишна сестра работеше со нас секој викенд освен еден, а тоа беше кога се поправаше нејзиниот дом. И тој викенд таа беше горе на сопствениот покрив, помагајќи околу поправките!

Честопати од набљудувачите слушавме изрази, како: ‚Зарем немаше да биде убаво и другите религии да го правеа ова за своите членови?‘ Нашите соседи беа импресионирани кога гледаа како во петок рано наутро, во домот на некој друг Сведок, пристигнува екипа од 10 до 12 волонтери (вклучувајќи и сестри), подготвени да поправаат или дури и повторно да градат цел покрив бесплатно. Во повеќето случаи, работата беше комплетирана за еден викенд. Понекогаш, некој надворешен претприемач ќе беше во екот на конструкцијата на покривот, кога нашата екипа ќе стигнеше на следната врата. Ние ќе го расклопевме и повторно ќе го изградевме нашиот покрив и ќе го имавме дворот исчистено пред тие да завршат со нивниот. Понекогаш тие запираа со својата работа само за да нѐ посматраат!“

Брат Конер заклучува: „На сите нас ќе ни недостасуваат искуствата на кои се радувавме заедно. Се запознавме еден со друг од различна перспектива со тоа што покажувавме и ни се покажуваше братска љубов како никогаш порано. Мислиме дека ова е само пример на она што ќе се случува во Божјиот нов свет, со браќа и сестри кои си помагаат еден на друг поради тоа што тие вистински го сакаат тоа“ (2. Петрово 3:13).

Кобе — „крш од дрво, малтер и човечки тела“

Од жителите на Кобе се очекувало да бидат подготвени. Навистина, секој 1 септември тие го одбележувале Денот за спречување на катастрофи. Учениците практикуваат вежби за земјотрес, војската увежбува спасувачки акции со хеликоптер, а одделите за пожар ги донесуваат своите машини за стимулирање земјотреси, во кои волонтери ги вежбаат своите вештини за преживување, во кутија со големина на соба што се тресе и трепери, токму како вистински земјотрес. Но, кога вистинскиот се појавил на 17 јануари 1995, целата подготовка изгледала за џабе. Десетици илјади покриви се срушиле — нешто што никогаш не се случило во стимулаторите. Возовите се превртеле странично; деловите на автопатот се распаднале; главните цевки на гас и вода пукнале; куќите пропаднале како картон. Списанието Time ја опишало сцената како „крш од дрво, малтер и човечки тела“.

Потоа избиле пожари. Зградите пламтеле додека фрустрираните пожарникари биле заглавени во натрупаниот со километри сообраќај. Оние кои стигнале до огнот често увидувале дека не можело да се добие вода од оштетениот водоводен систем на градот. „Првиот ден беше тотална паника“, рекол еден службеник. „Никогаш во мојот живот не сум се чувствувал толку немоќен, знаејќи дека имаше толку многу затрупани луѓе во оние куќи што горат. А знаев дека ништо не можам да направам.“

Сѐ на сѐ, околу 5.000 луѓе загинаа, а близу 50.000 згради лежеа во урнатини. Кобе имаше само една третина од храната што му беше потребна. За да набават вода, некои прибегнаа кон тоа да собираат нечиста течност од под пукнатите водоводни цевки. Многу од оние без домови избегаа во засолништа од кои некои ја ограничуваа храната, доделувајќи му на секое лице само по една топка ориз дневно. Наскоро се рашири незадоволство. „Властите немаат направено ништо“, се жалел еден човек. „Ако продолжиме да се потпираме на нив, ќе изумреме од глад.“

Собранијата на Јеховините сведоци од Кобе и од блиските делови веднаш се организираа. Еден пилот на хеликоптер, кој од прва рака ја видел нивната работа, рекол: „Отидов до местото на катастрофата на денот на земјотресот и таму поминав една седмица. Кога стигнав до едно засолниште, сѐ беше хаотично. Таму не се спроведуваше никакво дело на помагање. Јеховините сведоци беа единствените кои итаа кон местото, справувајќи се со работите една по друга“.

Навистина, имаше да се изврши многу работа. Десет Сали на Царството станаа непогодни за употреба, а повеќе од 430 Сведоци беа без домови. На додатни 1.206 домови во кои тие живееја им беше потребна поправка. Освен тоа, семејствата на 15 Сведоци кои загинаа во катастрофата имаа страшна потреба од утеха.

Околу 1.000 Сведоци ширум државата доброволно го даваа своето време за да помогнат во поправките. „Кога работевме на куќите на библиските ученици кои сѐ уште не беа крстени“, забележува еден брат, „секогаш нѐ прашуваа: ‚Колку треба да платиме за сето ова?‘ Кога им кажавме дека работата ја поддржуваат собранијата, тие ни се заблагодаруваа, велејќи: ‚Она што го проучуваме, сега е реалност!‘“

Многумина беа импресионирани од брзиот и целосен одѕив на Сведоците во врска со катастрофата. „Јас бев длабоко импресиониран“, вели пилотот кој беше претходно цитиран. „Вие се викате едни со други ‚брат‘ и ‚сестра‘. Јас видов како си помагате еден на друг; вие луѓе, навистина сте едно семејство.“

И самите Сведоци научија вредни лекции од потресот. Една сестра признала: „Секогаш сум мислела дека колку станува поголема една организација толку е потешко да се покажува лична грижа“. Но, нежната грижа што таа ја примила, го изменила нејзиното гледиште. „Сега знам дека Јехова се грижи за нас не само како организација туку и како поединци.“ Но, трајното ослободување од катастрофите допрва претстои.

Наскоро трајно ослободување!

Јеховините сведоци со нетрпение го очекуваат времето кога човечкиот живот и живеачката нема повеќе да бидат прекратени од катастрофи. Во Божјиот нов свет, човекот ќе биде научен да соработува со земната околина. Како што луѓето ќе ги отстрануваат себичните навики, ќе бидат помалку ранливи на природните опасности.

Освен тоа, Јехова Бог — Творецот на природните сили — ќе се погрижи неговото човечко семејство и земското творештво никогаш повеќе да не бидат загрозувани од природните сили. Тогаш Земјата навистина ќе биде рај (Исаија 65:17, 21, 23; Лука 23:43, НС). Славно ќе се исполни пророштвото од Откровение 21:4: „Ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина“.

[Слика на страница 5]

Беатрис Џонс (лево) покажува како таа и другите направиле синџир за да поминат преку водите од поплавата

[Слика на страница 6]

Дело на помагање после торнадото

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели