ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/3 стр. 3
  • Потребни ни се вистински пријатели

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Потребни ни се вистински пријатели
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто ни се потребни вистински пријатели
  • Трајни пријателства во свет без љубов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Ти можеш да се радуваш на трајни пријателства
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Мудро бирај ги своите пријатели
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Како да ја задоволиме потребата од пријатели
    Разбудете се! 2005
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/3 стр. 3

Потребни ни се вистински пријатели

ЏЕНИ и Су водат жив разговор. Насмевките блеснуваат, а очите им светкаат — сѐ во нивните манири открива длабок интерес за она што другата сака да го каже. Иако се од различно потекло, тие очигледно имаат многу заеднички интереси, како и длабок респект една спрема друга.

На едно друго место, Ерик и Денис работат заедно на еден проект, еден од многуте низ годините. Тие се опуштени, а смеењето си доаѓа спонтано. Кога разговорот ќе премине на сериозни теми, тие отворено ги изменуваат своите гледишта. Се почитуваат еден со друг. Како Џени и Су, така и Ерик и Денис се вистински пријатели.

Овие описи можеби ти го загреваат срцето, наведувајќи те да помислиш на твоите пријатели. Од друга страна, тие можат да те натераат да копнееш по вакви пријателства. И ти можеш да ги имаш!

Зошто ни се потребни вистински пријатели

Здравите пријателства се многу битни за нашата умствена и физичка благосостојба. Меѓутоа, кога се чувствуваме осамени, тоа не значи дека нешто не е во ред со нас. Некои истражувачи велат дека осаменоста е глад, природен показател дека ни е потребно друштво. Во секој случај, исто како што храната го намалува или отстранува гладот, така и правиот вид пријателства може да ја намали осаменоста или дури да направи таа да исчезне. Освен тоа, да имаме добри пријатели кои нѐ ценат, не е некаков недостижен луксуз.

Луѓето биле создадени со потреба од другарство (1. Мојсеева 2:18). Библијата вели дека вистинскиот пријател, односно другар, ‚се јавува во време на неволја‘ (Изреки 17:17). Значи, искрените пријатели треба да бидат во состојба да побараат помош еден од друг кога таа е потребна. Но, пријателството може да значи и повеќе отколку само да се има некого кон кого ќе се свртиме или кој ќе ни биде другар во работата или во играта. Добрите пријатели меѓусебно си помагаат да ги покажуваат своите најдобри особини. Изреки 27:17 вели: „Железо железо остри, и човек го изострува погледот [лицето, НС] на пријателот свој“. Како што едно парче железо може да се употреби за да се изостри едно сечило направено од истиот метал, така и еден пријател може да успее во острењето на интелектуалната и духовната состојба на другиот. Доколку нѐ притискаат разочарувања, сочувствителниот поглед на пријателот и библиското охрабрување можат многу да издигнат.

Во Библијата, пријателството е поврзано со љубовта, познавањето, довербата и другарството. Пријателствата може да вклучуваат соседи, колеги од работа итн. Во свои најблиски пријатели некои вбројуваат и извесни роднини. Меѓутоа, денес за многумина е тешко да пронајдат и да задржат вистински пријатели. Зошто е така? Можеш ли да се радуваш на вистински и трајни пријателства?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели