ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/4 стр. 28-29
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Сличен материјал
  • ‚Продолжете да си простувате спремно еден на друг‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Простувај од срце
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Зошто да се проштева?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Дали простуваш како Јехова?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/4 стр. 28-29

Прашања од читателите

Исус рекол: „На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат“. Дали овие зборови значат дека христијаните можат да простуваат гревови?

Не постои библиска основа да се заклучи дека христијаните општо, па дури и наименуваните старешини во собранието, имаат божествено овластување да простуваат гревови. Сепак, она што им го рекол Исус на своите ученици во Јован 20:23, горе цитиран, покажува дека Бог им доделил на апостолите една посебна моќ во овој поглед. А Исусовата изјава овде може да се однесува на она што го рекол тој во Матеј 18:18 во врска со небесните одлуки.

Христијаните можат да простат одредени престапи, во согласност со советот на апостол Павле, запишан во Ефесјаните 4:32: „Еден спрема друг бидете добри, сочувствителни, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христа“. Павле овде зборувал за личните проблеми помеѓу христијаните, како што е непромислено зборување. Тие треба да се стремат да ги расчистат тие работи, простувајќи си еден на друг. Присети се на Исусовите зборови: „И така, ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па отиди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот“ (Матеј 5:23, 24; 1. Петрово 4:8).

Меѓутоа, контекстот на Јован 20:23 укажува на тоа дека Исус мислел на посериозни гревови, како што може да се види од останатото што им го кажал на тие посебни слушатели. Да видиме зошто.

На денот кога бил воскреснат, Исус им се појавил на учениците во една заклучена соба во Ерусалим. Извештајот вели: „А Исус пак им рече: ‚Мир вам!‘ Како што Ме прати Отецот, така и Јас ве праќам‘. И кога им го кажа ова, дувна и им рече: ‚Примете Дух Свети! На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат‘“ (Јован 20:21-23).

Веројатно, споменатите ученици главно биле верните апостоли. (Спореди стих 24.) Со тоа што им дувнал и им рекол „Примете Дух Свети“, Исус симболично им дал до знаење дека наскоро врз нив ќе биде излеан светиот дух. Исус понатаму рекол дека тие ќе имаат овластување што се однесува до простување на гревовите. Логично, неговите две изјави се поврзани, така што едната води кон следната.

Педесет денови после неговото воскресение, на денот Пентакост, Исус го излеал светиот дух. Што било постигнато со тоа? Како прво, оние кои добиле дух повторно биле родени како духовни Божји синови со надеж да бидат совладетели со Христос на небото (Јован 3:3-5; Римјаните 8:15-17; 2. Коринтјаните 1:22). Но излевањето на духот имало многу поголем ефект. Некои од оние кои го примиле, добиле чудесна моќ. Со негово посредство, некои можеле да зборуваат странски јазици кои не ги знаеле. Други можеле да пророкуваат, а трети, пак, можеле да лечат болни или да подигнуваат мртви во живот (1. Коринтјаните 12:4-11).

Поради тоа што Исусовите зборови во Јован 20:22 укажале на излевањето на светиот дух врз учениците, неговите взаемно поврзани зборови во врска со простување на гревовите по сѐ изгледа значат дека на апостолите им било дадено посебно овластување од Бог, преку делувањето на духот, да простуваат или да задржуваат гревови. (Види Стражарска кула, 1 март 1949, стр. 78, англ.)

Библијата не ни дава комплетен извештај за секој поединечен случај кога апостолите употребувале такво овластување нити, пак, е забележан секој случај кога го употребувале чудесниот дар да зборуваат јазици, да пророкуваат или да лечат (2. Коринтјаните 12:12; Галатјаните 3:5; Евреите 2:4).

Еден случај во кој е видливо апостолското овластување за простување или задржување на гревови, ги вклучувал Ананија и Сапфира, кои го излажале духот. Петар, кој слушнал како Исус ги изговорил зборовите од Јован 20:22, 23, ги разоткрил Ананија и Сапфира. Петар прво му се обратил на Ананија кој на место умрел. Кога Сапфира дошла подоцна и продолжила со лагата, Петар ја објавил нејзината пресуда. Тој не го простил нејзиниот грев, туку ѝ рекол: „Ете, пред вратата се нозете на оние што го закопаа твојот маж; и тебе ќе те изнесат“. И таа на место умрела (Дела 5:1-11).

Во овој случај, апостол Петар употребил посебно овластување за да изрази одлучно задржување на грев, чудесно спознание дека Бог нема да им го прости гревот на Ананија и Сапфира. Но, исто така, апостолите изгледа имале натчовечки увид и во случаи каде што биле сигурни дека гревовите биле простени на темел на Христовата жртва. Значи, тие апостоли кои биле овластени од духот можеле да објават простување или задржување на гревовите.a

Тоа не значи дека сите старешини од тоа време кои биле помазани со дух имале такво чудесно овластување. Тоа можеме да го видиме од она што го рекол апостол Павле за човекот кој бил исклучен од коринтското собрание. Павле не рекол: ‚Јас му ги простувам гревовите на овој човек‘, па ниту: ‚Знам дека на човекот му е простено на небото, затоа прифатете го назад‘. Наместо тоа, Павле го охрабрил целото собрание да му прости на христијанинот кој се вратил повторно и да му покаже љубов. Павле додал: „А кому вие ќе му простите за нешто, нему ќе му опростам и јас“ (2. Коринтјаните 2:5-11).

Кога човекот бил повторно вратен во собранието, сите христијански браќа и сестри можеле да му простат во таа смисла што немало повеќе да го прекоруваат за она што го сторил. Но, прво морал да се покае и да биде повторно вратен. Како би дошло до тоа?

Собраниските старешини мораат да се справуваат со сериозни гревови, како што се крадење, лажење или тежок неморал. Тие се обидуваат да ги исправат и да ги укорат таквите престапници, поттикнувајќи ги на покајание. Но ако некој непокајнички врши тежок грев, овие старешини го применуваат божественото упатство да го исклучат престапникот (1. Коринтјаните 5:1-5, 11-13). Она што го рекол Исус во Јован 20:23 не се применува во такви случаи. Овие старешини немаат чудесни дарови на духот, како што е способноста да ги лечат телесно болните или да ги подигнуваат мртвите; тие дарови ја исполниле својата цел во првиот век и после тоа завршиле (1. Коринтјаните 13:8-10). Освен тоа, старешините денес немаат божествено овластување да простуваат сериозни престапи, во смисла еден сериозен грешник да прогласат за чист во Јеховините очи. Таквото простување мора да биде на темел на откупната жртва и само Јехова може да простува на таа основа (Псалм 31:5; Матеј 6:9, 12; 1. Јованово 1:9).

Како што бил случајот со човекот во древниот Коринт, кога еден сериозен грешник не сака да се покае, тој мора да биде исклучен. Но, ако подоцна се покае и врши дела кои се достојни на покајание, можно е божествено простување (Дела 26:20). Во таква ситуација, Библијата им дава причини на старешините да веруваат дека Јехова навистина му простил на престапникот. Тогаш, кога некој е повторно вратен, старешините можат духовно да му помогнат за да стане цврст во верата. Другите во собранието можат да простат на ист начин како што коринтските христијани му простиле на исклучениот човек кој бил повторно вратен во тоа време.

Постапувајќи со работите на ваков начин, старешините не создаваат свои сопствени мерила за судење. Тие применуваат библиски начела и тесно ги следат библиските процедури кои ги поставил Јехова. Според тоа, секое простување или непростување од страна на старешините ќе биде во согласност со Исусовите зборови од Матеј 18:18: „Вистина ви велам: сѐ што сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и сѐ што разврзете на земјата, ќе биде разврзано и на небото“. Нивните постапки едноставно ќе го одразуваат Јеховиното гледиште на работите како што е претставено во Библијата.

Според тоа, она што го рекол Исус, запишано во Јован 20:23, не е во конфликт со останатиот дел од Библијата, туку покажува дека апостолите имале посебно овластување за простувањето во согласност со нивната посебна улога во зародишот на христијанското собрание.

[Фуснота]

a Уште пред Исус да умре и да ја даде откупнината, тој имал авторитет да каже дека нечии гревови биле простени (Матеј 9:2-6; спореди „Прашања од читателите“ во Стражарска кула од 1 јуни 1995).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели