ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 1/5 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Сличен материјал
  • Не обѕрнувај се „на она што е одзади“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Образован човек
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Ние не се откажуваме
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Благословите на Царството можеш да ги имаш и ти
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 1/5 стр. 31

Прашања од читателите

На што мислел апостол Павле кога рекол дека ‚го заборава она што е зад него, а се стреми кон она што е пред него‘? (Филипјаните 3:13). Може ли некој намерно да заборави нешто?

Не, во повеќето случаи не можеме намерно да отстраниме некое сеќавање од нашите мисли. Факт е дека често забораваме нешто што би сакале да го запамтиме, а повеќе памтиме нешто што радо би го заборавиле. Тогаш, на што мислел Павле кога ги запишал зборовите во Филипјаните 3:13? Контекстот ни помага да разбереме.

Во Филипјаните, 3. поглавје, Павле ја објаснува својата „основа за доверба . . . во телото“ (НС). Тој зборува за своето чисто еврејско потекло и за својата ревност за Законот — работи кои можеле да му дадат големи предности во Израелската нација (Филипјаните 3:4—6; Дела 22:3—5). Сепак, тој им свртел грб на таквите предности, отпишувајќи ги, така да се рече, како загуба. Зошто? Затоа што тој нашол нешто подобро — „преважното познавање на Христа Исуса“ (Филипјаните 3:7, 8).

Главната цел на Павле не била да достигне положба во овој свет, туку „[пораното, НС] воскресение на мртвите“ (Филипјаните 3:11, 12). Според тоа, тој пишува: „Го заборавам она што е зад мене, а се стремам кон она што е пред мене, трчам кон целта — кон наградата на горното призвание од Бога во Исуса Христа“ (Филипјаните 3:13, 14). Кога Павле рекол дека го ‚заборава она што е зад него‘, тој не мислел дека од мислите, на некој начин, го избришал ‚тоа што е зад него‘. Очигледно сѐ уште се сеќавал на тоа, затоа што тукушто го навел истото. Освен тоа, на оригинален грчки јазик, тој употребува еден глаголски облик кој означува дејство во развој, кое е несвршен глагол. Тој вели „заборавам“, а не „заборавив“.

Грчкиот збор преведен со „заборава“ (епилантано́ме) има различни нијанси на значење, од кои едното е „да се биде незаинтересиран за нешто“ или „да се занемари нешто“. Според Exegetical Dictionary of the New Testament (приреден од Хорст Балц и Герхард Шнајдер), токму тоа е значењето на „заборава“ во Филипјаните 3:13. Павле не мислел постојано на работите од кои се откажал. Тој научил да гледа на нив како на малку важни. Тие биле како „отпад“ во споредба со небесната надеж (Филипјаните 3:8).

Какво значење денес можат да имаат Павловите зборови? Па, како Павле, некој христијанин можеби направил жртви за да му служи на Бог. Можеби се откажал од некоја доходовна кариера заради полновремената служба, или можеби припаѓа на некоја богата фамилија која го лишила во финансиски поглед затоа што тие не ја одобруваат вистината. Таквите жртви се пофални, но не се нешто за кое треба постојано да се размислува. Еден христијанин ‚заборава‘, престанува да се интересира за ‚она што е зад него‘, со оглед на славната иднина која го очекува (Лука 9:62).

Начелото кое стои зад Павловите зборови можеби може да се примени и на друг начин. Што е со оној христијанин кој бил вплеткан во погрешно однесување пред да го спознае Бог? (Колосјаните 3:5—7). Или, да претпоставиме дека откако станал христијанин, извршил сериозен грев и бил укорен од собранието (2. Коринтјаните 7:8—13; Јаков 5:15—20). Ако тој вистински се кае и ги менува своите патишта, тој се ‚измил‘ (1. Коринтјаните 6:9—11). Она што се случило е минато. Тој можеби дословно никогаш нема да заборави што сторил — всушност, би бил мудар ако научи нешто од искуството за да не го повтори гревот. Сепак, тој ‚заборава‘ во таа смисла што не се прекорува постојано. (Спореди Исаија 65:17.) Затоа што му било простено на темел на Исусовата жртва, тој се стреми минатото да го остави зад себе.

Во Филипјаните 3:13, 14, Павле се опишува себеси како тркач во трка кој ‚се стреми‘ да ја достигне целта. Еден тркач гледа напред, а не назад. На сличен начин, христијанинот треба да гледа напред на благословите, а не на работите што се зад него. Павле исто така вели: „Ако во кој и да било поглед сте поинаку умствено наклонети, Бог ќе ви го открие горенаведениот став“ (Филипјаните 3:15, НС). Според тоа, моли му се на Бог да ти помогне да го развиваш ова гледиште. Полни го својот ум со Божјите мисли од Библијата (Филипјаните 4:6—9). Медитирај за Јеховината љубов спрема тебе и за благословите што ги уживаш поради тоа (1. Јованово 4:9, 10, 17—19). Тогаш, преку светиот дух, Јехова ќе ти помогне да не бидеш загрижен за она што си го оставил зад себе. Наместо тоа, како Павле, ќе гледаш напред на славната иднина (Филипјаните 3:17).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели