ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 1/6 стр. 20-24
  • Јехова докажа дека е со мене

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова докажа дека е со мене
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Пионерска служба во Холандија
  • Додатни предности
  • Под нацистичка контрола
  • Затвори и концентрациони логори
  • Повоена активност
  • Нема ништо подобро од вистината
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Стрпливо чекајќи на Јехова уште од својата младост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • „О, кога би имал вера која нема да се повлече!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Мотивиран од лојалноста на моето семејство кон Бог
    Разбудете се! 1998
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 1/6 стр. 20-24

Јехова докажа дека е со мене

РАСКАЖАЛ МАКС ХЕНИНГ

Тоа беше во 1933 година, а Адолф Хитлер штотуку беше дошол на власт во Германија. Меѓутоа, околу 500 Јеховини сведоци во подрачјето на Берлин не се двоумеа. Многумина млади луѓе станаа пионери, односно полновремени слуги, а некои прифатија дури и доделби во други европски земји. Мојот пријател Вернер Флатен и јас имавме обичај да се прашуваме еден со друг: „Зошто да се врткаме наоколу и да губиме време? Зошто да не одиме да служиме како пионери?“

ОСУМ дена по моето раѓање во 1909 година, грижата за мене ја презеле старатели полни со љубов. Во 1918 година, нашето семејство беше скршено кога мојата малечка сестра по млеко ненадејно умре. Кратко потоа, на нашата врата дојдоа Истражувачите на Библијата, како што тогаш беа познати Јеховините сведоци, а моите старатели ширум ги отворија срцата за да ја примат библиската вистина. Тие ме поучија и мене да ги ценам духовните работи.

Јас се сконцентрирав на световно школување и станав водоинсталатер. Но, што е поважно, зазедов свој став во духовен поглед. Вернер и јас почнавме со пионерска служба на 5 мај 1933 година. Ќе се возевме со велосипеди до еден град на околу 100 километри од Берлин, каде што останувавме и проповедавме по две седмици. Потоа ќе се вратевме во Берлин за да се погрижиме за неопходните работи. Потоа, одевме назад на нашето подрачје за проповедање на уште две седмици.

Побаравме да служиме во друга земја и, во декември 1933 година, добивме доделба во тогашна Југославија. Меѓутоа, пред да можеме да заминеме, нашата доделба беше променета на Утрехт во Холандија. Кратко потоа јас се крстив. Во тие денови, крштавањето помалку се нагласуваше; важна беше службата. Ослонувањето на Јехова сега стана постојано обележје во мојот живот. Најдов голема утеха во зборовите од библискиот псалмист: „Ете, Бог ми помогна; Господ [Јехова, НС] е заштитник на животот мој“ (Псалм 53:4).

Пионерска служба во Холандија

Недолго по пристигнувањето во Холандија бевме предоделени во градот Ротердам. Таткото и синот во семејството кај коешто престојувавме, исто така беа пионери. По неколку месеци, во Лерсум, еден град недалеку од Утрехт, беше купена една голема куќа како живеалиште за пионери, а Вернер и јас се преселивме таму.

Додека живеевме во тој пионерски дом, патувавме со велосипед до блиските подрачја, а за пооддалечените користевме автомобил за седум патници. Во тоа време, во цела Холандија имаше само сто Сведоци. Денес, после 60 години, подрачјето што го обработувавме од тој пионерски дом, има преку 4.000 објавители во околу 50 собранија!

Работевме напорно, по 14 часа дневно во служба, и тоа нѐ одржуваше среќни. Главна цел беше да се даде колку што е можно повеќе литература. Обично кај заинтересираните лица остававме по повеќе од сто џебни брошури на ден. Правењето повторни посети и водењето библиски студии сѐ уште не беше дел од нашата редовна активност.

Еден ден, мојот партнер и јас работевме во градот Фресвик. Додека тој му сведочеше на еден човек на капијата од една воена тврдина, јас го користев времето за да ја читам мојата Библија. Таа беше раскошно потцртана со црвена и сина боја. Подоцна, еден столар, кој работеше на еден покрив во близината, го предупреди човекот на капијата дека јас веројатно сум бил некаков шпион. Како последица на тоа, истиот ден бев уапсен додека му сведочев на еден дуќанџија, а мојата Библија беше конфискувана.

Бев изведен пред суд. Таму бев обвинет дека ознаките во мојата Библија биле обид да направам цртеж на тврдината. Бев прогласен за виновен, а судијата ме осуди на две години затвор. Меѓутоа, беше поднесена жалба и јас бев ослободен. Колку само бев среќен што сум слободен, но бев уште посреќен кога ми ја вратија мојата Библија со сите нејзини забелешки!

Во текот на летото 1936 година, Рикард Браунинг, еден од пионерите во домот и јас го поминавме летото во проповедање во северниот дел од земјата. Првиот месец поминавме 240 часа во служба и дадовме огромна количина литература. Живеевме во еден шатор и се грижевме за сите наши лични потреби, сами перејќи, готвејќи, итн.

Подоцна јас бев префрлен на бродот по име Lightbearer (Светлоносец), кој стана добро познат во северниот дел од Холандија. На тој брод живееја петмина пионери, и со него бевме во можност да достигнеме доста изолирани подрачја.

Додатни предности

Во 1938 година бев назначен за зонски слуга, како што тогаш беа нарекувани покраинските надгледници на Јеховините сведоци. Така го напуштив Lightbearer и почнав да ги посетувам собранијата и изолираните Сведоци во три јужни провинции.

Велосипедот беше нашето единствено превозно средство. Честопати ни беше потребен цел ден за да патуваме од едно собрание или група интересенти до следното. Меѓу градовите што ги посетив беше Бреда, каде што живеам сега. Во тоа време, во Бреда немаше собрание, туку само една постара брачна двојка Сведоци.

Додека им служев на браќата во Лимбург, бев повикан да одговорам на многу прашања што ги постави еден рудар по име Јохан Пипер. Тој зазеде цврст став за библиската вистина и стана храбар проповедник. По четири години, се најде во концентрационен логор каде што помина три и пол години. По неговото ослободување, ревносно почна повторно да проповеда, а денес сѐ уште е верен старешина. Ова мало собрание од 12 Сведоци во Лимбург сега порасна на 17 собранија со околу 1.550 објавители!

Под нацистичка контрола

Во мај 1940 година, нацистите ја нападнаа Холандија. Јас добив доделба во канцеларијата на подружницата на Друштвото Стражарска кула во Амстердам. Нашето дело требаше да го вршиме со крајна претпазливост, што ни помогна да ја цениме библиската изрека: „Пријателот . . . како брат ќе се јави во време на неволја“ (Изреки 17:17). Угодната врска на единство што се развиваше во текот на ова време на стрес имаше длабоко влијание врз мојот духовен развој, и тоа ме опреми за уште потешките денови што претстоеја.

Мојата доделба беше да го надгледувам испорачувањето на литература до собранијата, кое обично го правеа курири. Гестапо постојано бараше млади луѓе да работат како принудни мануелни работници во Германија, и затоа користевме христијански сестри како курири. Со текот на времето, од Хаг ни беше испратена Вилхелмина Бакер, секогаш позната како Нони, и јас ја одведов таму каде што се криеше нашиот надгледник на подружницата, Артур Винклер. Обидувајќи се да бидам колку што е можно неупадлив, се облеков како холандски фармер, со дрвени кломпи и сѐ друго, и ја придружував Нони со трамвај. Подоцна дознав дека едвај се воздржувала од смеење, бидејќи мислела дека сум бил сѐ друго само не неупадлив.

На 21 октомври 1941 година, на непријателите им беше издадено складиштето за литература и хартија во Амстердам. За време на рацијата на Гестапо беа уапсени Винклер и Нони. Кога беа предадени в затвор, тие наслушнале како двајца агенти на Гестапо разговараат за тоа како бркале некое „малечко, темнокосо момче“, на кого му ја изгубиле трагата во преполните улици. Беше очигледно дека разговарале за мене, па затоа Винклер успеа да испрати порака до браќата. Веднаш бев преместен во Хаг.

Во меѓувреме, Нони беше пуштена од затвор и се врати во Хаг за да служи како пионер. Таму ја сретнав повторно. Но, кога беше уапсен собранискиот слуга во Ротердам, јас бев испратен да го преземам неговото место. Подоцна беше уапсен собранискиот слуга во собранието Гауда, и бев префрлен таму за да го заменам. Најпосле, на 29 март 1943 година бев фатен. Додека ја проверував нашата залиха со библиска литература, ме изненади една рација на Гестапо.

Покрај библиската литература што беше распостелена на една маса, имаше и еден список со имиња на христијански браќа и сестри, иако во шифриран облик. Од мака, се молев Јехова да ми овозможи начин да ги заштитам оние кои сѐ уште беа слободни да проповедаат. Без да бидам забележан, успеав да ја ставам мојата отворена рака врз списокот со имиња и да го стуткам во дланката. Потоа побарав дозвола да одам во тоалет, каде што го искинав списокот и ја пуштив водата.

Кога се наоѓав во такви шкрипци, научив да црпам сила од Јеховините постапувања со неговиот народ во минатото и од неговите ветувања за ослободување. Ова е една инспирирана гаранција која секогаш ми беше во мислите: „Да не беше Господ со нас, кога луѓето се кренаа против нас, — живи ќе нѐ проголтаа“ (Псалм 123:2, 3).

Затвори и концентрациони логори

Бев однесен во затворот во Ротердам, каде што бев благодарен што со мене ја имав својата Библија. Исто така, ја имав и книгата Salvation (Спасение), делови од книгата Children (Деца) и изобилство време да ја читам сета оваа литература. По шест месеци, сериозно се разболев и морав да одам в болница. Пред да го напуштам затворот, ја сокрив мојата литература под душекот. Подоцна дознав дека еден друг Сведок, Пит Бруртјес бил префрлен во мојата ќелија и ја пронашол. Така, литературата се користеше за да ги зајакне и другите во верата.

Кога се опоравив, бев префрлен во еден затвор во Хаг. Додека бев таму, го запознав Лео К. ван дер Тас, студент на право кој беше во затвор поради спротивставувањето на нацистичката окупација. Никогаш не беше чул за Јеховините сведоци, па имав прилика да му сведочам. Понекогаш ќе ме разбудеше среде ноќ и ми поставуваше прашања. Не можеше да го сокрие своето восхитување од Сведоците, особено откако дозна дека би можеле да бидеме ослободени ако само потпишеме еден документ со кој се откажуваме од својата вера. После војната, Лео стана адвокат и бранеше десетици правни случаи за Друштвото Стражарска кула во кои се работеше за слободата на обожавањето.

На 29 април 1944 година, бев качен на воз на едно мачно 18-дневно патување за Германија. На 18 мај, зад мене се затвори капијата на концентрациониот логор Бухенвалд. Додека нѐ ослободија сојузничките сили после скоро една година, животот беше неописливо ужасен. Илјадници умреа, а многумина пред наши очи. Поради тоа што одбивав да работам во една фабрика во близината која произведуваше воени материјали, бев ставен да работам на еден одводен канал.

Еден ден, фабриката беше бомбардирана. Мнозина втрчаа во бараките на безбедно, додека други отрчаа во шумите. Залутани бомби ги погодија бараките, а запаливи бомби ги запалија шумите. Тоа беше стравотна глетка! Многумина изгореа живи! Јас најдов сигурно засолниште и, откако огнот стивна, назад до логорот поминав покрај безброј мртви тела.

Повеќето луѓе денес се свесни за ужасите од нацистичкиот холокауст. Благодарен сум му на Јехова што ја зајакна мојата способност за размислување, така што ужасите што ги доживеав не доминираа со моите мисли низ годините. Кога размислувам за периодот додека бев затворен, моето првенствено чувство е радоста дека ја зачував својата беспрекорност кон Јехова, на слава на неговото име (Псалм 123:6—8).

Повоена активност

После моето ослободување и враќање во Амстердам, веднаш се пријавив во канцеларијата на подружницата заради доделба. Бев желен да бидам известен за она што се случило за време на мојата отсутност. Нони веќе работеше таму. Во текот на последната година од војната, таа служела како курир, доставувајќи им библиска литература на собранијата. Не била повторно апсена, иако честопати доживувала да се извлече за влакно.

Кратко време служев како пионер во Харлем, но во 1946 година бев замолен да одам во подружницата во Амстердам за да работам во експедитот. Кон крајот на 1948 година, Нони и јас се венчавме и ја напуштивме подружницата за да служиме заедно како пионери. Нашата пионерска доделба беше Асен. Дванаесет години пред тоа, Рикард Браунинг и јас таму го поминавме летото, живеејќи во шатор и проповедајќи. Дознав дека Рикард бил застрелан на пат кон еден концентрационен логор.

Периодот додека бев в затвор очигледно ми го беше нарушил здравјето. По шест години откако бев ослободен од Бухенвалд, болеста ме прикова за кревет четири месеци. Со години подоцна, во 1957, цела една година бев соборен од туберкулоза. Силата ми беше исцрпена од телото, но мојот пионерски дух сѐ уште беше јак. За време на мојата болест, ја искористував секоја прилика за да сведочам. Мислам дека тој пионерски дух беше еден важен фактор што не дозволив моите боледувања да ме претворат во некаков безработен болник. Нони и јас сме одлучни да се држиме за полновремената служба сѐ додека ни дозволува здравјето.

После моето опоравување, бевме доделени во градот Бреда. Тоа беше 21 година откако за првпат го посетив градот како зонски слуга. Кога дојдовме во 1959 година, таму имаше едно мало собрание од 34 Сведоци. Денес, после 37 години, тоа порасна на шест собранија со над 500 Сведоци кои се состануваат во три Сали на Царството! На нашите локални состаноци и на конгресите гледаме многумина кои дошле до спознание на библиската вистина како резултат на некои наши напори. Честопати се чувствуваме како апостол Јован, кога напишал: „За мене нема поголема радост од тоа — да чујам дека моите чеда живеат во вистина [одат во вистината, НС]“ (3. Јованово 4).

Сега сме веќе остарени. Јас имам 86 години, а Нони 78, но морам да речам дека пионерската служба е едно здраво занимање. Откако сум во Бреда, ги надминав повеќето мои здравствени проблеми што ги заработив додека бев в затвор. Исто така, се радував на голем број продуктивни години во Јеховината служба.

Кога ќе погледнам наназад на годините на плодна служба, тоа претставува извор на радост за двајцата нас. Секојдневно се молиме Јехова да ни ги даде духот и силата за да продолжиме во неговата служба, сѐ додека има здив во нашите тела. Со доверба, се изразуваме со зборовите на псалмистот: „Ете, Бог ми помогна; Господ е заштитник на животот мој“ (Псалм 53:4).

[Слика на страница 23]

Стоејќи покрај шаторот што го користевме додека бевме во пионерска служба во 1930-тите

[Слика на страница 23]

Бродот што го користевме за да достигнеме изолирани подрачја

[Слика на страница 23]

Интервју на програмата на конгресот во 1957 година

[Слика на страница 24]

Со мојата сопруга денес

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели