ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 1/7 стр. 28-31
  • Кој заслужува да биде наречен Раби?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кој заслужува да биде наречен Раби?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали Мојсеј бил рабин?
  • Да се имитира Учителот
  • Рабините низ вековите
  • „Не викајте се учители“
  • Следи го Примерот
  • Јудаизам — потрага по Бог преку Писмо и традиција
    Потрагата на човештвото по Бог
  • Усниот закон — зошто бил изнесен на писмено?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Што е Тората?
    Одговор на библиски прашања
  • Дали Библијата е вдахновена од Бог?
    Ќе постои ли некогаш свет без војни?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 1/7 стр. 28-31

Кој заслужува да биде наречен Раби?

ЕДЕН простодушен турист имал мала надеж дека навреме ќе стигне на аеродромот. Стотици полицајци се обидувале да го регулираат сообраќајот додека штителе повеќе од 300.000 оплакувачи кои ги наполниле улиците на Ерусалим. The Jerusalem Post тоа го нарекол „погребна поворка со величина што општо е резервирана само за претседатели, цареви или тоталитарни диктатори“. Кој би можел да предизвика толкав излив на оддаденост, парализирајќи го со часови главниот град на Израел? Еден почитуван рабин. Зошто рабинскиот положај наложува толкава почит и оддаденост меѓу Евреите? Кога најпрво почнал да се користи терминот „раби“? На кого тој со право се применува?

Дали Мојсеј бил рабин?

Најпочитуваното име во јудаизмот е Мојсеј, посредникот на израелскиот сојуз на Законот. Религиозните Евреи го нарекуваат „Мојсеј ‚нашиот Раби‘“. Меѓутоа, никаде во Библијата не се укажува на Мојсеј со титулата „Раби“. Всушност, терминот „раби“ воопшто не се појавува во Хебрејските списи. Тогаш, како почнале Евреите да се осврнуваат на Мојсеј на овој начин?

Според Хебрејските списи, одговорноста и власта да поучуваат и да го објаснуваат Законот им била дадена на потомците на Арон, на свештениците од племето Леви (3. Мојсеева 10:8—11; 5. Мојсеева 24:8; Малахија 2:7). Меѓутоа, во вториот век пр. н. е., во јудаизмот започнала една тивка револуција, која од тоа време па наваму неизбришливо влијаела врз еврејската мисла.

Во врска со оваа духовна метаморфоза, Даниел Џереми Силвер во книгата A History of Judaism (Историја на јудаизмот), пишува: „Во [тоа] време, една класа од несвештенички книжници и научници почнале да ја оспоруваат законитоста на свештеничкиот монопол околу толкувањето на Тората [Мојсеевиот Закон]. Секој се сложувал дека свештениците биле неопходни како храмски службеници, но зошто би имале последен глас во врска со Тората?“ Кои биле иницијаторите што го оспориле авторитетот на свештеничката класа? Една нова група во јудаизмот, наречена фарисеи. Силвер продолжува: „Уписите на своите академии фарисеите ги темелеле според заслугата, а не според раѓањето [свештеничко потекло], и во религиозното раководство вовеле една нова класа Евреи“.

До првиот век н. е., дипломците на овие фарисејски академии станале познати како учители на еврејскиот закон. Во знак на почит, другите Евреи почнале да се осврнуваат на нив како на „мој учителу“, на хебрејски раби.

Ништо не можело да ѝ даде поголема легитимност на оваа нова титула освен да се примени на оној кој бил сметан за најголем учител во еврејската историја, Мојсеј. Ефектот од тоа понатаму би го намалил нагласокот на свештенството, а би го поткрепил имиџот на растечкото влијателно фарисејско раководство. Така, по повеќе од 1.500 години од неговата смрт, Мојсеј отпосле бил означен како „раби“.

Да се имитира Учителот

Иако изразот „раби“ („мој учителу“) понекогаш бил употребуван од масите кога се осврнувале на други учители кои тие ги почитувале, терминот обично се применувал на угледните учители меѓу фарисеите, на „мудреците“. Со уништувањето на храмот во 70 н. е., кое всушност го окончало авторитетот на свештенството, фарисејските рабини станале неоспорни водачи на јудаизмот. Нивниот недостижен положај го дал поттикот да се развие еден вид култ што се сосредоточувал околу рабинските мудреци.

Дискутирајќи за овој преоден период од првиот век н. е., професор Дов Злотник коментира: „,Опслужувањето на Мудреците‘ станало поважно отколку проучувањето на Тората“. Еврејскиот научник Јакоб Нојзнер понатаму објаснува: „,Ученикот на мудреците‘ е студент кој се приврзал за еден рабин. Тој го прави тоа затоа што сака да учи ‚Тора‘ . . . Тора не се учи преку законот, туку преку гледање на законот како да е отелотворен во гестовите и делата на живите мудреци. Тие поучуваат за законот преку она што го прават, а не само преку она што го кажуваат“.

Талмудскиот научник Адин Стајнсалц го поткрепува ова, пишувајќи: „Самите мудреци велеле: ‚Треба да се проучуваат случајните разговори, досетките или неформалните изјави на мудреците‘“. До кој обем можело тоа да се примени? Стајнсалц забележува: „Екстремен пример за ова бил еден ученик за кого се известува дека се сокрил под креветот на својот голем учител со цел да открие како тој се однесува спрема својата сопруга. Кога бил испрашуван за неговата љубопитност, младиот ученик одговорил: ‚Тоа е Тора и заслужува да се проучува‘ — пристап кој бил прифаќан како важечки и од рабините и од студентите“.

Поради нагласокот врз рабините, а не врз Тората — учењето Тора преку рабините — јудаизмот од првиот век н. е. па наваму станал религија ориентирана кон рабините. Човек се зближувал со Бог не преку инспирираната пишана Реч, туку преку некој личен пример, учител, рабин. На тој начин, нагласокот природно се префрлил од инспирираното Свето писмо на усниот закон и традиции за кои поучувале овие рабини. Оттогаш, еврејската литература, како Талмудот, повеќе се сосредоточува на разговорите, анегдотите и однесувањето на рабините отколку на Божјите изјави.

Рабините низ вековите

Иако имале огромен авторитет и влијание, раните рабини не заработувале за живеачка од својата религиозна активност. Encyclopaedia Judaica наведува: „Рабинот од Талмудот бил . . . потполно поинаков од денешниот носител на титулата. Талмудскиот рабин бил толкувач и објаснувач на Библијата и на Усниот закон и скоро секогаш имал занимање од кое заработувал за живеачка. Дури во средниот век рабинот станал . . . учител, проповедник и духовен поглавар на еврејското собрание или заедница“.

Кога рабините почнале да го претвораат својот положај во платено занимање, некои рабини проговориле против тоа. Мајмонид, прочуениот рабин од XII век, кој заработувал како лекар, протестирал против таквите рабини. „[Тие] си средиле парични побарувања од поединци и од заедници и ги навеле луѓето да мислат, што е чиста бесмислица, дека е задолжително и исправно да им се помага [финансиски] на мудреците, на научниците и на луѓето кои проучуваат Тора, дека на тој начин Тората е нивни занает. Но, сето тоа е неисправно. Ни во Тората ни во изјавите на мудреците нема ниту еден единствен збор што го поддржува ова“ (Commentary on the Mishnah — Коментар кон Мишна, Авот 4:5). Но, разобличувањето од Мајмонид останало непослушано од идните генерации рабини.

Кога јудаизмот навлегол во модерното време, тој се поделил на фракции од реформирано, конзервативно и ортодоксно верување. За многу Евреи, религиозното верување и пракса станале второстепени во однос на другите интереси. Поради тоа, положајот на рабинот бил поткопан. Рабинот главно станал ординирана глава на собранието, кој дејствува како платен, професионален учител и советник за членовите на својата група. Меѓутоа, меѓу ултраортодоксните хасидски групи, сфаќањето за рабинот како учител и пример се развивало уште понатаму.

Забележи ги коментарите на Едвард Хофман во неговата книга за хасидското движење Хабад-Лубавич: „Раните Хасиди исто така нагласувале дека во секоја генерација постои некој поединечен еврејски водач, задик [праведник], кој е ‚Мојсеј‘ на своето време, чија ученост и оддаденост кон другите е неспоредлива. Преку неговата извонредна побожност, секоја група Хасиди мислела дека нивниот Ребе [јидиш за: „раби“] би можел да влијае дури и врз одлуките на Семоќниот. Тој не бил почитуван само како примерен во своите откровениски говори, туку се сметало дека и самиот негов начин на живот (,како си ги врзува врвките‘, како што било речено) ја возвишува хуманоста и дека дава проникливи индикации за патот кон божественото“.

„Не викајте се учители“

Исус, Евреин од првиот век, кој го основал христијанството, живеел во времето кога фарисејското сфаќање за рабинот почнувало да го зафаќа јудаизмот. Тој не бил фарисеј ниту бил воспитуван на нивните академии, а сепак и тој бил нарекуван раби (Марко 9:5; Јован 1:38; 3:2).

Разобличувајќи го рабинскиот тренд во јудаизмот, Исус рекол: „На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите. . . . сакаат прво место на гозбите и предни места во синагогите, и поздрави по улиците, и да им велат луѓето ‚учителе, учителе [Раби, НС]!‘ А вие, немојте да се наречувате учители [Раби, НС], зашто еден е вашиот Учител — Христос, а вие сте сите браќа“ (Матеј 23:2, 6—8).

Исус предупредил на оваа разлика свештенство — лаици што се развивала во јудаизмот. Тој го жигосал давањето ваква неприкладна важност на луѓе. „Еден е вашиот Учител“ — смело изјавил тој. Кој бил Тој?

Мојсеј, „кого Господ го познаваше лице со лице“ и кој од самите мудреци бил наречен „наш Раби“, бил несовршен човек. Дури и тој правел грешки (5. Мојсеева 32:48—51; 34:10; Проповедник 7:20). Наместо да го истакнува Мојсеј како врвен пример, Јехова му рекол: „Јас ќе им издигнам пророк од браќата нивни, како што си ти, ќе ги ставам зборовите Мои во устата Негова и Он ќе им каже сѐ, што Јас ќе му заповедам; а кој не ќе ги послуша зборовите што ќе говори оној Пророк од Мое име, Јас ќе му се одмаздам“ (5. Мојсеева 18:18, 19).

Библиските пророштва докажуваат дека овие зборови имаат свое исполнување во Исус, Месијата.a Исус не бил само „како“ Мојсеј; тој бил поголем од Мојсеј (Евреите 3:1—3). Светото писмо открива дека Исус се родил како совршен човек и, за разлика од Мојсеј, му служел на Бог „без грев“ (Евреите 4:15, НС).

Следи го Примерот

Интензивното проучување на секоја постапка и збор на рабинот не ги зближило Евреите со Бог. Иако еден несовршен човек би можел да биде пример за верност, ако ја проучуваме и имитираме секоја негова постапка, ние ќе ги имитираме неговите грешки и несовршености, како и неговите добри точки. Би му оддавале неприкладна слава на оној кој е создаден наместо на Творецот (Римјаните 1:25).

Но, Јехова обезбедил Пример за човештвото. Според Светото писмо, Исус имал претчовечко постоење. Всушност, тој е наречен „образ на невидливиот Бог, првороден пред секоја твар“ (Колосјаните 1:15). Поради тоа што неброени милениуми служел на небото како Божји „главен работник“, Исус е во најдобра положба да ни помогне да го запознаеме Јехова (Изреки 8:22—30, НС; Јован 14:9, 10).

Затоа, Петар можел да напише: „Христос пострада за нас, оставајќи ни пример, за да врвиме по Неговите стапки“ (1. Петрово 2:21). Апостол Павле ги поттикнал христијаните да ‚гледаат внимателно на Главниот Застапник и Усовршителот на нашата вера, Исуса‘. Исто така, тој објаснил дека ‚во Него се сокриени сите сокровишта на премудроста и познавањето [спознанието, НС]‘ (Евреите 12:2, НС; Колосјаните 2:3). Ниеден друг човек — ниту Мојсеј ниту некој рабински мудрец — не е достоен за такво внимание. Ако некој треба внимателно да се имитира, тоа е Исус. Божјите слуги немаат потреба од некаква титула како што е раби, особено ако се има предвид нејзиното современо значење. А ако некој заслужувал да биде наречен раби, тоа бил Исус.

[Фуснота]

a За повеќе информации во врска со доказот дека Исус е ветениот Месија, види ја брошурата Ќе постои ли некогаш свет без војни?, страници 24—30, издадена од Библиското и трактатно Друштво Стражарска кула, Њујорк, инк.

[Извор на слика на страница 28]

© Брајан Хендлер 1995. Сите права се придржани.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели