ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/9 стр. 2-7
  • Дали сите религии му се допадливи на Бог?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сите религии му се допадливи на Бог?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Познаени по нивните плодови
  • Потреба од претпазливост
  • Испитај го плодот
  • Време за одлучна акција
  • Религија што ја одобрува Бог
    Што навистина учи Библијата?
  • Крајот на лажната религија е близу!
    Крајот на лажната религија е близу!
  • Дали си ја пронашол вистинската религија?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Сѐ зависи од твојата религија
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/9 стр. 2-7

Дали сите религии му се допадливи на Бог?

Дали мислиш дека сите религии му се допадливи на Бог? Веројатно кој и да било облик на обожавање за кој знаеш, барем во некоја мера охрабрува на добро однесување. Но, дали тоа е доволно за да му се угоди на Бог?

НЕКОИ велат: ‚Само биди искрен во своето обожавање и Бог ќе биде задоволен. Во сите религии има нешто добро‘. На пример, верата бахаи го довела ова гледиште до таа точка што во своите верувања ги прифаќа деветте главни религии на светот. Оваа религиозна група смета дека сите тие се од божествено потекло и дека претставуваат фасети на една вистина. Како би можело да биде тоа?

Освен тоа, ти имаш право да се прашаш како би можела една религија да му е допадлива на Бог кога таа им заповеда на своите членови да поставуваат нервен гас на јавни места, со можност да се убијат многу луѓе. Тоа обвинение беше покренато против една религиозна група во Јапонија. Или, дали Бог е задоволен со една религија која ги тера своите членови да извршат самоубиство? Пред неколку години, тоа се случи со следбениците на верскиот водач Џим Џонс.

Гледајќи наназад во поранешни времиња, би можеле со право да прашаме: Можат ли религиите да му бидат допадливи на Бог кога тие подбуцнуваат војна, како во случајот на Триесетгодишната војна, водена од 1618 до 1648 година? Според The Universal History of the World (Универзалната историја на светот), тој верски конфликт меѓу католиците и протестантите бил „една од најужасните војни во европската историја“.

Верските крстоносни војни од XI до XIII век исто така довеле до ужасно крвопролевање. Во првата крстоносна војна, на пример, таканаречените христијански крстоносци брутално ги колеле муслиманските и еврејските жители на Ерусалим.

Разгледај исто така што се случило за време на инквизицијата, која почнала во XIII век и траела околу 600 години. Илјадници биле мачени и горени до смрт по наредба на верските водачи. Во својата книга Vicars of Christ—The Dark Side of the Papacy (Свештениците на Христа — темната страна на папството), Питер де Роса наведува: „Во името на папата, [инквизиторите] беа одговорни за најдивјачкиот и непрекинат колеж врз човечката пристојност во историјата на [човечкиот] род“. Во врска со доминиканскиот инквизитор Торкемада од Шпанија, Де Роса вели: „Откако беше наименуван во 1483 година, тој тирански владееше петнаесет години. Неговите жртви броеја преку 114.000, од кои 10.220 беа изгорени“.

Се разбира, религиите на христијанскиот свет не се единствените кои се виновни за крв. Во своето дело Pensées (Мисли), францускиот филозоф Блез Паскал забележал: „Луѓето никогаш не прават зло толку потполно и весело како кога го прават од верско убедување“.

Познаени по нивните плодови

Од Божја гледна точка, прифатливоста на една религија не се темели само на еден фактор. За една религија да му биде прифатлива, нејзините учења и активности мораат да се придржуваат за неговата пишана Реч на вистината — Библијата (Псалм 118:160; Јован 17:17). Плодот на обожавањето што е одобрено од Бог мора да се придржува за мерилата на Јехова Бог.

Во својата Проповед на гората, Исус Христос покажал дека ќе има пророци кои лажно ќе тврдат дека го претставуваат Бога. Исус рекол: „Пазете се од лажните пророци, кои доаѓаат во овча кожа, а однатре се волци грабливи. По нивните плодови ќе ги познаете. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка? Па така, секое добро дрво дава добри плодови, а лошо дрво дава лоши плодови; не може добро дрво да дава лоши плодови, ниту лошо дрво да дава добри плодови. Секое дрво, што не дава добар плод, го сечат и го фрлаат во оган. И така, по нивните плодови ќе ги познаете“ (Матеј 7:15—20). Овие зборови покажуваат дека треба да бидеме духовно будни. Можеби мислиме дека некој верски водач или група е прифатлива за Бога и за Христа, но би можеле да се лажеме.

Потреба од претпазливост

Иако некоја религија тврди дека има Божје одобрение и нејзините слуги читаат извадоци од Библијата, не значи дека тоа е облик на обожавање што му е допадлив на Бог. Нејзините водачи би можеле да вршат дури и импресивни работи кои прават да изгледа дека Бог дејствува преку нив. И покрај тоа, религијата сепак би можела да биде лажна и да не дава плод што е прифатлив за Бог. Во времето на Мојсеј, египетските свештеници кои вршеле магии, биле во можност да прават импресивни работи, но тие секако немале Божје одобрување (2. Мојсеева 7:8—22).

Како и во минатото, денес многу религии унапредуваат човечки идеи и филозофии наместо да се придржуваат за она што Бог го објавува дека е вистина. Затоа, особено е соодветно библиското предупредување: „Браќа, пазете некој да не ве заведе со философија и со празна измама според човечкото предание, според стихиите на светот, а не по Христа“ (Колосјаните 2:8).

Откако зборувал за добриот и лошиот плод, Исус рекол: „Не секој што Ми вели: ‚Господи, Господи‘, ќе влезе во царството небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец небесен. Мнозина ќе ми речат во оној ден: ‚Господи, Господи, не во Твое ли име пророкувавме? И зар во Твое име бесови не изгонувавме? И не во Твое ли име многу чуда правевме?‘ И тогаш Јас ќе им кажам: ‚Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што правите незаконски дела!‘“ (Матеј 7:21—23).

Испитај го плодот

Тогаш, очигледно е битно да се погледне на плодот на една религија пред да се заклучи дека таа е прифатлива за Бог. На пример, дали религијата е вмешана во политика? Потоа, забележи ги овие зборови запишани во Јаков 4:4: „Кој сака да му е пријател на светот, му станува непријател на Бога“. Освен тоа, за своите вистински следбеници Исус рекол: „Тие не се дел од светот, како што и јас не сум дел од светот“ (Јован 17:16, НС). Религијата која е добра во Божји очи, не е вмешана во политиката на овој свет што „лежи во власта на злобниот“ — невидливото духовно суштество Сатана Ѓаволот (1. Јованово 5:19, НС). Место тоа, религијата што Бог ја одобрува, лојално го застапува неговото Царство под Исуса Христа и ја објавува добрата вест во врска со таа небесна влада (Марко 13:10).

Дали една религија е прифатлива за Бог ако таа застапува граѓанска непослушност? Одговорот е очигледен ако обрнеме внимание на советот од апостол Павле: „Напомнувај им да се покоруваат на началствата [владите, НС] и властите, да бидат готови за секое добро дело“ (Тит 3:1). Се разбира, Исус покажал дека неговите следбеници требало да ‚му го подадат царевото на царот, а Божјото на Бога‘ (Марко 12:17).

Претпостави дека една религија охрабрува на учество во војните на нациите. Прво Петрово 3:11 нѐ поттикнува да ‚правиме добро‘ и да ‚бараме мир и да се стремиме кон него‘. Како може една религија да му биде допадлива на Бог ако нејзините членови се спремни во војна да ги убиваат своите сообожаватели од друга земја? Членовите на религијата што има Божје одобрување ја одразуваат неговата главна особина — љубовта. А Исус рекол: „По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе“ (Јован 13:35). Таа љубов нема ништо заедничко со насилната омраза што е поттикнувана во војните на нациите.

Вистинската религија ги менува воинствените луѓе во љубители на мирот. Ова било проречено во следниве зборови: „Ќе ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои — во српови: народ против народ нема да крене меч и нема повеќе да се учат на војна“ (Исаија 2:4). Наместо да исфрлаат зборови на омраза, оние кои практикуваат вистинско обожавање се потчинуваат на заповедта: „Возљуби го својот ближен како себеси“ (Матеј 22:39).

Оние кои практикуваат вистинска религија се стремат да живеат според високите мерила на Јехова Бог, одбивајќи да усвојуваат неморални начини на живот. Божјата Реч наведува: „Или не знаете дека неправедниците нема да го наследат царството Божјо? Не лажете се: ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубодејците, ниту ракоблудците, ни мажеложниците, ниту крадците, ни користољупците, ни пијаниците, ниту хулниците, ни грабачите нема да го наследат царството Божјо. А такви беа и некои од вас; туку се измивте, се осветивте, се оправдавте во името на нашиот Господ Исус Христос преку Духот на нашиот Бог“ (1. Коринтјаните 6:9—11).

Време за одлучна акција

Суштинско е да се увиди разликата помеѓу лажното обожавање и вистинската религија. Во библиската книга Откровение, светското царство на лажната религија е идентификувано како ‚голем Вавилон‘, симболична блудница ‚со која блудствувале земните цареви‘. Таа е виновна за крв и држи една златна чаша „полна со гнасотија и нечистотија од блудството нејзино“ (Откровение 17:1—6). За Бог не постои ништо прифатливо во врска со неа.

Ова е време за одлучна акција. Нашиот Творец полн со љубов го испраќа овој повик до искрените луѓе кои сѐ уште се во Големиот Вавилон: „Излезете од неа, луѓе Мои, за да не учествувате во гревовите нејзини и да не се заразите од раните нејзини [и ако не сакате да примите дел од нејзините маки, НС]“ (Откровение 18:4).

Ако сакаш да практикуваш религија што му е допадлива на Бог, зошто не се запознаеш подобро со Јеховините сведоци? Придружната листа наведува некои од нивните верувања, како и библиските причини за нив. Провери во својата Библија да видиш дали верувањата на Сведоците се во согласност со Божјата Реч. Испитај да видиш дали нивната религија го дава оној вид плод што би го очекувал од вистинското обожавање. Ако утврдиш дека е така, ќе ја откриеш религијата што му е допадлива на Бог.

[Рамка на страница 5]

ШТО ВЕРУВААТ ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ

ВЕРУВАЊЕ БИБЛИСКИ ТЕМЕЛ

Божјето име е Јехова 2. Мојсеева 17:15; Осија 12:5

Библијата е Божја Реч Јован 17:17; 2. Тимотеј 3:16, 17

Исус Христос е Божји Син Матеј 3:16, 17; Јован 14:28

Човештвото не еволуирало, 1. Мојсеева 1:27; 2:7

туку било создадено

Човечката смрт се должи Римјаните 5:12

на гревот на првиот човек

Душата престанува да постои Проповедник 9:5, 10; Језекиил 18:4

при смртта

Пеколот е општ гроб Јов 14:13; Откровение 20:13

на човештвото

Воскресението е надеж Јован 5:28, 29; 11:25; Дела 24:15

за умрените

Христос го дал својот земен Матеј 20:28; 1. Петрово 2:24;

живот како откупнина за 1. Јованово 2:1, 2

послушните луѓе

Молитвите мораат да се Матеј 6:9; Јован 14:6, 13, 14

упатуваат само до

Јехова преку Христос

Библиските закони за моралот 1. Коринтјаните 6:9, 10

мора да се слушаат

Не смеат да се користат 2. Мојсеева 20:4—6;

ликови во обожавањето 1. Коринтјаните 10:14

Мора да се избегнува 5. Мојсеева 18:10—12;

спиритизам Галатјаните 5:19—21

Не смее да се прима крв во 1. Мојсеева 9:3, 4; Дела 15:28, 29

своето тело

Вистинските следбеници на Исус Јован 15:19; 17:16; Јаков 1:27; 4:4

се држат одвоени од светот

Христијаните сведочат Исаија 43:10—12; Матеј 24:14; 28:19, 20;

објавувајќи ја добрата вест

Крштавањето преку потполно Марко 1:9, 10; Јован 3:22; Дела 19:4, 5

подронување во вода

симболизира предание на Бог

Религиозните титули Јов 32:21, 22; Матеј 23:8—12

се небиблиски

Ние живееме во Даниил 12:4; Матеј 24:3—14;

„последното време 2. Тимотеј 3:1—5;

[во времето на крајот, НС]“

Христовата присутност Матеј 24:3 (НС); Јован 14:19;

е невидлива 1. Петрово 3:18

Сатана е невидливиот владетел Јован 12:31; 1. Јованово 5:19

на овој свет

Бог ќе го уништи сегашниот Даниил 2:44;

зол систем на ствари Откровение 16:14, 16; 18:1—8

Божјето Царство под Христа Исаија 9:6, 7; Даниил 7:13, 14;

ќе владее со Земјата Матеј 6:10

во праведност

Едно „мало стадо“ треба да Лука 12:32; Откровение 14:1—4; 20:4

владее на небото

со Христос

Други лица кои Бог ги Лука 23:43 (НС); Јован 3:16;

одобрува, ќе добијат вечен Откровение 21:1—4

живот на рајска Земја

[Слика на страница 4]

За време на инквизицијата биле убиени илјадници лица

[Слика на страница 6]

Крстоносните војни довеле до ужасно крвопролевање

[Слика на страница 7]

Вистинската религија е позната по својот добар плод

[Извор на слика на страница 2]

Насловна страница: Гаро Налбандијан

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели