ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/12 стр. 3-4
  • Евангелието според научниците

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Евангелието според научниците
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Научното“ гледиште за Исус
  • Повеќе од академски
  • Евангелијата — дебатата продолжува
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Вистинскиот Исус
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Колку веродостојни се евангелијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Вистината за Исус
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/12 стр. 3-4

Евангелието според научниците

„ЗА КОГО Ме мисли народот?“ (Лука 9:18). Исус ги прашал своите ученици за ова пред скоро два милениума. Прашањето тогаш било контраверзно. Се чини дека денес е уште повеќе, особено околу божиќната сезона, за која се тврди дека се сосредоточува на Исус. Мнозина веруваат дека Исус бил испратен од небото за да го откупи човештвото. Дали и ти така мислиш?

Некои научници предлагаат едно друго гледиште. „Ликот на Исус како таков кој поучувал дека тој е Синот Божји, кој требало да умре за гревовите на светот, не е историски точен“ — тврди Маркус Ј. Борг, професор по религија и култура.

Други научници тврдат дека вистинскиот Исус бил поинаков од оној за кого читаме во Библијата. Некои сметаат дека сите евангелија биле запишани четири или повеќе децении после Исусовата смрт и дека дотогаш Исусовиот вистински идентитет бил накитен. Проблемот не бил во сеќавањето на писателите на евангелијата, тврдат научниците, туку во нивното толкување. После Исусовата смрт, учениците почнале поинаку да гледаат на него — како на Син Божји, Спасител и Месија. Некои смело тврдат дека Исус не бил ништо друго освен патувачки мудрец, социјален револуционер. Ете таква е евангелската вистина, велат научниците.

„Научното“ гледиште за Исус

За да го одбранат своето „научно“ гледиште, критичарите изгледа се желни да отфрлат сѐ што се чини натприродно во врска со Исус. На пример, некои велат дека раѓањето преку девица било покривка за Исусовата вонбрачност. Други ги отфрлаат Исусовите пророштва во врска со уништувањето на Ерусалим, инсистирајќи дека тие биле вметнати во евангелијата после нивното „исполнување“. Некои дури велат дека Исусовите лечења биле чисто психосоматски — влијание на духот врз материјата. Дали таквите ставови ги сметаш за здрави или, пак, за бесмислени?

Извесни научници дури тврдат дека Исусовите ученици го измислиле воскресението за да го сочуваат своето движење од пропаѓање. Најпосле, научниците резонираат дека Исусовите следбеници биле немоќни без него, па затоа го вратиле својот Учител назад во приказната. Всушност, христијанството, а не Христос, е тоа кое било воскреснато. Доколку тоа изгледа како научно размавтување, тогаш што е со предлогот на теологот Барбара Тиринг — дека Исус воопшто не бил погубен? Таа верува дека Исус го преживеал своето распнување и потоа се оженил двапати и станал татко на три деца.

Сите овие тврдења го спуштаат Исус на единственото ниво на кое многу научници ќе го прифатат: на нивото на мудар човек, маргинален Евреин, социјален реформатор — сѐ друго освен Син Божји, кој дошол за „да ја даде душата Своја за откуп на мнозина“ (Матеј 20:28).

Можеби отприлика во ова време од годината си читал делови од евангелијата, како што е делот за Исусовото раѓање во јасли. Или можеби си ги чул в црква. Дали си ги прифатил евангелските извештаи како вредни и веровити? Тогаш, обрни внимание на следнава шокантна ситуација. На еден таканаречен Семинар за Исус, од 1985 година па наваму, една група научници се среќавала двапати годишно за да ја утврди автентичноста на Исусовите зборови. Дали Исус навистина го рекол она што му го припишува Библијата? За секоја изрека, членовите на семинарот гласале со обоени зрна. Црвеното зрно значело дека изјавата сигурно била изговорена од Исус; розовото зрно значело дека Исус веројатно ја кажал; сивото зрно означувало сомневање, а црното зрно означувало фалсификат.

Ти би можел да бидеш вознемирен да дознаеш дека Семинарот за Исус изјавил оти 82 отсто од зборовите што му се припишуваат на Исус, веројатно не биле изговорени од него. Само еден цитат од Марковото евангелие било сметано за веродостојно. За Лукиното евангелие било речено дека е толку полно со пропаганда што е „неизлечиво“. Сите, освен три реда од Јовановото евангелие, биле изгласани со црни зрна кои означувале фалсификат, а на она малку што преостанало, му било дадено сиво зрно на сомневање.

Повеќе од академски

Дали се согласуваш со научниците? Дали тие ни изнесуваат еден поточен опис на Исус од оној што се наоѓа во Библијата? Овие прашања се повеќе отколку предмет на научна дебата. Во ова доба од годината можеби си потсетуван дека, според Библијата, Бог го испратил Исус за „секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен“ (Јован 3:16).

Доколку Исус не бил ништо друго освен патувачки мудрец за кого можеби знаеме малку, би било бесмислено да ‚веруваме во Него‘. Од друга страна, ако библискиот опис на Исус е вистинит, вклучено е нашето вечно спасение. Затоа, треба да знаеме — дали Библијата ја содржи вистината за Исус?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели