ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/1 стр. 3-4
  • Кои се вистински гласници на мир?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кои се вистински гласници на мир?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Близу е вистинскиот мир!
  • Божји гласници на мир
  • Вистински мир — од кој извор?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Нека ”мирот Божји“ го чува твоето срце
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Да се служи како гласници на божествен мир
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Конгрес за 1996: „Гласници на божествен мир“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/1 стр. 3-4

Кои се вистински гласници на мир?

НА 31 мај 1996 година, новинските извори објавија нешто што изгледаше како порака на мир. Претходниот ден беше објавена една официјална изјава која потврдуваше дека Бенјамин Нетанјаху, кој требаше да стане премиер на Израел, е „длабоко оддаден на продолжувањето на мировниот процес, мир со безбедност, помеѓу државата Израел и сите нејзини соседи, вклучувајќи ги и Палестинците“.

Високо публикуваниот избор на Нетанјаху предизвика мнозина да се прашуваат дали мирот на Блискиот Исток би можел да биде повеќе отколку само сон. Ако да, дали останатите нации би можеле да го следат примерот на Израел и да заборават на своите несогласувања?

Се разбира, полесно е да се вети мир отколку да се постигне. Увидувајќи го ова, мнозина беа скептични. Како што се изразил новинарот Хеми Шалев, „половина од народот во Израел сега има чувство дека спасот е близу, а останатите веруваат дека Израел е фатен во една пеколна стапица на Земјата“. Во резимето, тој навел: „Некои се радуваат, а некои плачат“.

Така стојат работите со човековите обиди за мир. Победата на еден лидер и неговите поддржувачи значи пораз за противничкиот табор. Незадоволството води до разочарување, а разочарувањето честопати до бунт. Сеедно дали на Блискиот Исток, во Латинска Америка, Источна Европа или на кое и да е друго место — напорите на човештвото за мир се толку илузорни.

Близу е вистинскиот мир!

Во времето кога мирот на Блискиот Исток претставуваше тема број еден на вестите, се чу и една друга порака на мир. Тоа не беше некаков високо публикуван политички говор; ниту, пак, некаков мировен договор помеѓу нациите. Напротив, оваа порака објави мир кој ќе дојде само преку Божјето Царство. Каде беше чуена оваа порака? На преку 1.900 Обласни конгреси „Гласници на божествен мир“ што Јеховините сведоци ги одржаа ширум светот во текот на 1996/97 година.

На овие конгреси беше јасно изнесено дека ниедна човечка влада не може да донесе вистински мир и безбедност. Зошто? Затоа што тоа би барало да им се стави крај на работите што ни го одземаат секојдневниот мир. Вистинскиот мир значи да се будиш секое утро без закана од војна или насилство. Тоа значи да нема повеќе криминал, да нема повеќе брави на нашите врати, да нема повеќе страв да се оди по улиците, да нема повеќе растурени семејства. Која влада на Земјата може да го постигне сето тоа? Всушност, која влада на Земјата дури и би се осмелила да го вети тоа?

Меѓутоа, Божјето Царство може и ќе ги постигне овие работи. Библијата ветува: „Ете ја скинијата на Бога меѓу луѓето, и Он ќе живее со нив; тие ќе бидат Негов народ, а Сам Бог ќе биде со нив — нивни Бог. И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина“ (Откровение 21:3, 4). Какво само олеснување ќе му донесе тоа на човештвото кое страда!

Ветувањето на Јехова Бог не е некакво празно ветување. Библијата нѐ уверува: „Бог не е човек, та да се колеба, ниту е син човечки, па да се изменува. Што ќе каже, па да не го изврши, или што ќе рече, па да не биде така?“ (4. Мојсеева 23:19). Да, она што Бог го ветил, ќе се исполни — на благослов на сите оние кои заземаат став на неговата страна.

Божји гласници на мир

Јеховините сведоци се добро познати по своето ревносно проповедање на Божјето Царство. Секоја година, тие колективно поминуваат преку една милијарда часови во споделување на библиската освежувачка порака со другите. Тоа е во исполнение на Исусовите зборови: „Ќе биде проповедано ова Евангелие [добра вест, НС] за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот“ (Матеј 24:14). Пораката што ја донесуваат Сведоците навистина претставува „добра вест“, бидејќи таа го објавува Божјето небесно Царство како единствена надеж за човештвото. А каква само цврста надеж за иднината е тоа!

Дури и сега, Божјето Царство создава една вистинска врска на мир и на братска љубов меѓу своите поданици. Исус рекол: „По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе“ (Јован 13:35). Јеховините сведоци настојуваат да живеат според ова темелно барање за вистинското христијанство. Како резултат од тоа, тие имаат едно прекрасно братство кое обединува Евреи и Арапи, Хрвати и Срби, Хути и Тутси. Овој мир, за кој поголемиот дел од човештвото може само да сонува, сега го поседуваат милиони Јеховини сведоци ширум светот.

На програмата на Обласниот конгрес „Гласници на божествен мир“ беше истакнато охрабрувањето да се продолжи да се живее според библиските начела и да се продолжи со проповедањето на добрата вест за Божјето Царство. Те повикуваме да го прочиташ следниов извештај за возбудливиот тридневен конгрес во кој уживаа милиони лица.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели