Конгрес за 1996: „Гласници на божествен мир“
ВО СТАРО време Јеховиниот народ годишно славел три главни празници. На сличен начин, во денешно време народот кој го носи Јеховиното име се состанува трипати годишно за празнични прилики. Тие се радуваат кога се собираат за денот на посебен состанок, дводневниот покраински состанок и тридневниот или четиридневниот обласен конгрес. Мотото на годинашниов обласен конгрес е: „Гласници на божествен мир“.
Колку само соодветно мото! Нашиот Бог, Јехова, е „Бог на мирот“, да, „Богот кој дава мир“. Нашиот Водач, Исус Христос, е „Кнез на мирот“, а пораката што ја носат слугите на Јехова е порака на божествен мир (Филипјаните 4:9; Римјаните 15:33; Исаија 9:6; Наум 1:15). Подготвена е една добра конгресна програма која ќе им помогне на сите попотполно да ја ценат важноста на божествениот мир.
Оваа година, само во САД ќе има 198 конгреси. Веројатно ќе има конгрес и близу тебе. Зошто не се распрашаш кај Јеховините сведоци во твоето соседство, во врска со точното време и место на одржување, а потоа да испланираш да присуствуваш? На сите кои се заинтересирани за вистински, траен мир, ќе им биде изразено срдечно добредојде.