ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 1/6 стр. 32
  • Нема да сакате да го пропуштите!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нема да сакате да го пропуштите!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Сличен материјал
  • Нема да сакате да го пропуштите!
    Разбудете се! 2000
  • Поканети сте на Обласниот конгрес „Ревносни објавители на Царството“
    Разбудете се! 2002
  • Дали сте спремни да појдете?
    Разбудете се! 2005
  • Дојдете на Обласниот конгрес „Вера во Божјата Реч“!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 1/6 стр. 32

Нема да сакате да го пропуштите!

ШТО да не пропуштите? Обласниот конгрес на Јеховините сведоци — „Гласници на божествен мир“, што брзо се приближува! На повеќето места, конгресот ќе започне во 9.30 часот во петок претпладне со музичка програма. После слушањето интервјуа кои ја зајакнуваат верата во делот „Да ги слушнеме ревните објавители на мирот“, ќе уживаш во охрабрувачкиот говор „Што бара Бог од нас?“

Врвна точка во петок попладне ќе биде возбудливото клучно предавање „Нашата улога како гласници на божествен мир“. Потоа, делот „Да им помогнеме на другите да ги научат Божјите барања“ ќе понуди предлози за поучување на новите лица. По тоа ќе следи навремениот циклус предавања „Внимавајте на скриените замки на забавата“. Програмата во петок ќе заврши со говорите „Спротивстави му се на Ѓаволот — не поднесувај никакво соперништво“ и „Лојално поддржувај ја беспрекорноста на Божјата Реч“.

Програмата во сабота претпладне ќе ја истакне важноста на делото на правење ученици во триделниот циклус предавања „Гласници кои донесуваат добра вест на мир“. Програмскиот дел ќе заврши со говорите „Радосно да се дава во Јеховината организација“ и „Живот и мир преку предание и крштавање“, после кои новите ученици ќе имаат прилика да се крстат.

Излагањето во сабота попладне, „Разгледај ги Јеховините мисли за работите“, ќе одговори на такви прашања како што се ‚Дали христијаните денес учествуваат во делото на одвојување?‘ и ‚Какво е гледиштето на Библијата за смртната казна?‘ Исто така, ќе уживаш во дводелниот циклус предавања кој го радува срцето, „Богот на мирот се грижи за вас“, а особено во завршниот говор „Тежнеј кон божествен мир во семејниот живот“.

Претпладневната програма во недела ќе го вклучи триделниот циклус предавања „Да се идентификува исправниот вид гласници“ и говорот „Слушај ја и биди ѝ послушен на Божјата Реч“. Претпладневната програма ќе заврши со костимирана драма која ќе изнесе вредни поуки од библискиот извештај за судијата Гедеон.

Последниот конгресен програмски дел во недела попладне ќе го истакне јавното предавање со наслов „Конечно вистински мир! — Од кој извор?“ На крајот, конгресот ќе заврши со подбудувачкиот говор „Да одиме напред како гласници на божествен мир“.

Уште сега испланирај да присуствуваш. За да ја пронајдеш најблиската локација до твојот дом, контактирај со локалната Сала на Царството на Јеховините сведоци или пиши до издавачите на ова списание. Во изданието на Разбудете се! од 8 јуни ќе бидат наведени адресите на некои конгреси.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели