ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/6 стр. 32
  • Дали сте спремни да појдете?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте спремни да појдете?
  • Разбудете се! 2005
  • Сличен материјал
  • Нема да сакате да го пропуштите!
    Разбудете се! 2000
  • Дојдете на Обласниот конгрес „Вера во Божјата Реч“!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поканети сте на Обласниот конгрес „Ревносни објавители на Царството“
    Разбудете се! 2002
  • Нема да сакате да го пропуштите!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Разбудете се! 2005
g05 8/6 стр. 32

Дали сте спремни да појдете?

◼ „А каде?“ — можеби ќе прашате. На Обласниот конгрес на Јеховините сведоци со тема „Послушни на Бог“. Се планира овие тридневни конгреси, кои почнаа во Соединетите Држави последниот викенд од мај, во следните неколку месеци да се одржат во стотици градови низ целиот свет. Најверојатно еден од нив ќе се одржи и во Ваша близина.

На повеќето места конгресот ќе започне со краток музички дел во 9.30 часот. Темата што ќе се разгледува во петокот е „Слушајте го Мојот глас, па Јас ќе бидам ваш Бог“ (Еремија 7:23). По говорите што ќе се одржат претпладне, а кои носат наслов „Чудесно сме создадени“ и „Воскресението — зошто треба да ти биде реална таа надеж“, претпладневната програма ќе заврши со клучното предавање „Нека ти биде пример Исусовата послушност на Бог“.

На програмата во петок попладне се говорите „Биди ‚настроен со умот кон духот‘ и живеј“, „Чувајте се од секаков вид лакомост“ и „Немој да веруваш во ‚препредено смислени лажни прикаски‘“. Потоа, во еден дводелен циклус, ќе бидат разгледани важни мисли од библиските книги Агеј и Захарија. На крајот од програмата за тој ден ќе се одржи говорот „Наскоро крај на сето страдање!“

Темата на програмата во сабота е „Послушни од срце во сѐ“, и ќе се темели на стиховите од Римјаните 6:17 и 2. Коринќаните 2:9. Во претпладневната програма ќе се одржи триделен циклус со наслов „Среќни се семејствата што се држат за Божјите начела“. Во него ќе бидат вклучени прикази и интервјуа, а ќе биде обрнато внимание и на тоа како членовите на семејството — сопругот, сопругата и децата — можат да го дадат својот дел за семејството да биде среќно. Претпладневната програма ќе заврши со говорот „Вашето да нека значи да“, по кој ќе можат да се крстат оние што ги исполнуваат условите за христијанско крштавање.

Во попладневната програма во сабота, ќе можеме да ги чуеме говорите „Одврати ги очите да не ја гледаат суетата“ и „Вратете се кај пастирот на вашите души“. По нив ќе следи дводелен циклус со наслов „Бидете им послушни на оние кои предводат“. Завршниот говор тоа попладне, со наслов „Што навистина учи Библијата?“ е најважниот говор на конгресот.

Во претпладневната програма во недела ќе биде разгледана темата „Слушај ги сите овие зборови . . . за да ти биде добро“, а ќе се темели на Второзаконие 12:28, (NW). Во триделниот циклус со наслов „Помогни им на другите да бидат послушни на она што го учи Библијата“ ќе бидат изнесени практични совети за тоа како делотворно да се започне и да се продолжи со проучувањето на Библијата со луѓето.

Претпладневната програма ќе заврши со костимирана драма со наслов „Поставувај си цели што му носат слава на Бог“. Пред неа ќе биде одржан говорот „Млади — дали си поставувате цели што ве водат кон успех?“ Овој говор ќе нѐ воведе во библиската драма во која ќе стане збор за младиот Тимотеј кој е пример за тоа како несебично да се служи, пример на кој младите денес се поттикнати да се угледаат. Во последниот дел од програмата во недела попладне, ќе биде изнесено јавното предавање „Кому треба да му бидеме послушни?“

Уште сега направете планови за да присуствувате на овој конгрес. За да дознаете каде ќе се одржи конгресот најблиску до Вашето место, контактирајте со Јеховините сведоци во Вашата околина или проверете во изданието на придружното списание Стражарска кула од 1 март.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели