Поканети сте на Обласниот конгрес „Ревносни објавители на Царството“
ВО МАКЕДОНИЈА е планиран еден конгрес. Тој ќе се одржи од 19—21 јули, од петок до недела, во Скопје. Ќе има конгреси и на стотици други места во светот.
Програмата ќе започне со музика секој ден во 9.30 часот. Првиот ден, по говорот за добредојде ќе следи еден дел во кој ќе има интервјуа со објавители на Царството. Потоа, по говорите „Сета твоја радост нека биде во Јехова“ и „Покажете се благодарни“, претпладневната сесија ќе заврши со клучното предавање „Објавителите на Царството распламтени со ревност“.
Сесијата в петок попладне ќе вклучува еден циклус од три дела, „Пророштвото на Михеј нѐ зајакнува да одиме во Јеховино име“, како и говорите „Задржи чистота чувајќи го своето срце“ и „Чувај се од измама“. На крајот, ќе добиеме извонредна помош во врска со христијанската служба за време на последното предавање за тој ден, „Обожавај го единствениот вистински Бог“.
Сесијата в сабота претпладне ќе го вклучува циклусот од три дела, „Објавители на Царството што ја слават својата служба“. По него ќе следат охрабрувачките говори „Зошто ‚да се молиме непрестајно‘“ и „Духовниот разговор изградува“. Претпладневната програма ќе заврши со дискусија за преданието и крштавањето, по која ќе имаат прилика да се крстат оние што се квалификуваат.
Програмата в сабота попладне ќе го истакне последниот триделен циклус на овој конгрес, „Квалитетот на нашата вера испитан со разни искушенија“. Деловите ќе им помогнат на христијаните да се соочат со предизвикот на одржување на неутралноста. Програмата в сабота завршува со една врвна точка на конгресот, срдечниот говор „Приближи му се на Јехова“.
Програмата в недела претпладне особено ќе им обрне внимание на младите, започнувајќи со говорите „Дали твојата доверба е во Јехова?“ и „Млади — градете за иднината со Јеховината организација“. Последниов дел ќе вклучува интервјуа од 20 минути. По него ќе следи една костимирана драма за Еремија кој, кога бил наименуван за пророк, приговарал: „Дете сум“ (Еремија 1:6). Потоа еден говор ќе ја истакне пораката што беше пренесена во драмата. Попладневната програма ќе го истакне јавното предавање „Се менува сцената на овој свет“.
Вашиот живот сигурно ќе биде збогатен духовно со Вашето присуство сите три дена. За да ја дознаете локацијата што е најблизу до Вашиот дом, стапете во контакт со локалната Сала на Царството на Јеховините сведоци или пишете до издавачите на ова списание. Во изданието на нашето придружно списание Стражарска кула од 15 февруари 2002 има список на некои конгресни локации.