Добредојдовте на Обласниот конгрес „Одете со Бог“
◼ Милиони ќе присуствуваат на стотици локации низ целиот свет. Веројатно еден од овие тридневни собири — кои обично траат од петок до недела — ќе се одржи во близина на Вашето место.
Во повеќето места секој ден програмата ќе започнува во 9.30 часот со музичка програма. Темата за петок гласи: „Тоа е патот, одете по него“. По предавањето за добредојде, „Собрани зашто сакаме Јехова да нѐ поучи за своите патишта“, ќе следи еден дел во кој ќе има интервјуа со оние што лојално одат со Бог. По предавањата „Проверувајте се самите себе“ и „Нека Божјата реч ги води твоите чекори секој ден“, претпладневната сесија ќе заврши со клучното предавање, „Оди со Бог во бурни времиња“.
Попладневната сесија во петок го содржи триделниот циклус, „Пророштвото на Осија ни помага да одиме со Бог“. По него ќе следат говорите „Не разделувај го она што ‚Бог го впрегнал во јарем‘ “ и „Да покажуваме почит кон нашите свети собири“. Последното предавање тој ден, „Добра вест за луѓето од сите нации“, ќе нѐ охрабри да ги достигнеме со добрата вест луѓето од сите јазици.
Темата за сабота е ‚Строго пазете како одите‘. Во претпладневниот циклус, „Да одиме напред како министри“, е вклучена точка во која се дадени натамошни предлози за тоа како да ги достигнеме оние што зборуваат друг јазик. Претпладневната програма завршува со едно многу важно предавање, „Да одиме со Јехова според договореното“, а по него ќе имаат прилика да се крстат оние што ги исполнуваат условите.
Некои од говорите што ќе ги чуеме во сабота попладне се „Избегнувај ‚каков и да е повод за спрепнување‘ “ и „Здрави активности што освежуваат“. Секое од следниве излагања, „Јехова е наш Пастир“, „Откупувајте си го поволното време“ и „Да одиме по патеката на сѐ поголема светлина“, ќе содржи охрабрувачки интервјуа. Сесијата ќе заврши со отрезнувачкото предавање „ ,Бдејте‘ — дојде часот на суд“.
Темата на програмата во недела, ‚Оди во вистината‘, е нагласена во предавањето „Млади — одете по патот на праведноста“. По него ќе следи костимирана драма во која главна тема е службата на апостол Павле. Предавањето по драмата ќе ги истакне поуките од неа. Во попладневната програма ќе биде изнесено јавното предавање „Одењето со Бог донесува благослови сега и засекогаш“.
За да дознаете каде ќе се одржи конгресот во Вашето место, Ве молиме, контактирајте со Јеховините сведоци во Вашето место или проверете во изданието на придружното списание Стражарска кула од 1 март.