ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/6 стр. 32
  • Нема да сакате да го пропуштите!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нема да сакате да го пропуштите!
  • Разбудете се! 2000
  • Сличен материјал
  • Поканети сте на Обласниот конгрес „Ревносни објавители на Царството“
    Разбудете се! 2002
  • Дојдете на Обласниот конгрес „Вера во Божјата Реч“!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Дали сте спремни да појдете?
    Разбудете се! 2005
  • Нема да сакате да го пропуштите!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/6 стр. 32

Нема да сакате да го пропуштите!

ШТО да пропуштите? Обласниот конгрес на Јеховините сведоци „Извршители на Божјата реч“! Оваа серија конгреси, што започна во мај во Соединетите Држави, во текот на следните неколку месеци ќе се одржи во стотици градови ширум светот. На повеќето места програмата ќе започне в петок во 9.30 часот, со една музичка програма.

По отворањето со охрабрување да се следи она што го вели Божјата реч, претпладневната програма ќе продолжи со говорите „Зрачи од радост поради Јеховината добрина“ и „Остани постојан како да го гледаш Оној кој е невидлив“. Потоа, претпладневната програма ќе заврши со клучното предавање на конгресот: „Фалете го Јехова — Оној кој прави чудесни дела“.

После првото предавање од попладневната сесија, „Не откажувај се да го правиш она што е добро“, ќе следи циклус од три дела во врска со тоа како да се избере брачен партнер, како да се изгради духовно јако семејство и како да се поучат децата да го љубат Јехова. Заклучното предавање за тој ден, „Да се држи чекор со Јеховината организација“, ќе направи преглед на прогресивниот развој на разбирањето на Божјите намери во поново време.

Програмата в сабота претпладне го вклучува вториот циклус од три дела, со наслов „Слугите на Божјата реч“. Тој ќе даде предлози за тоа како да го извршуваме нашето дело на правење ученици. Потоа ќе биде одржан срдечниот говор „Да не му даваме на Бог причина за срам“. После тоа ќе следи предавањето за крштавање и оние кои се квалификувани ќе имаат прилика да се крстат.

Попладне, третиот циклус од три дела ќе ја истакне темата „Работи напорно за да изградиш духовност“, во кој ќе бидат дадени практични предлози за тоа како да се изгради духовност. Сесијата ќе заврши со просветлувачкиот говор „Да се оди во прогресивната светлина на Божјата реч“. Во него ќе се дискутира за Исаија, поглавја 25 и 26, и ќе биде опишано како можеме подобро да ја разбереме оваа фасцинантна книга од Библијата.

В недела претпладне ќе биде изнесен последниот циклус од три дела, со наслов „Значајното пророштво на Софонија за оние што ја извршуваат Божјата волја“. Ќе биде објаснето на кој начин тоа пророштво имало примена во минатото врз нацијата Јуда и каква примена има во нашево време, особено за религиите на овој свет. Потоа ќе уживате во костимираната драма со наслов „Предупредувачки примери за нашево време“, која дискутира за неморалот на израелските мажи непосредно пред влегувањето на Израел во Ветената земја. Обележје на последната сесија на конгресот в недела попладне ќе биде јавното предавање „Зошто да обрнеме внимание на Божјите чудесни дела“.

Уште сега направи планови да присуствуваш сите три дена. За да ја дознаете локацијата што е најблизу до Вашиот дом, стапете во контакт со локалната Сала на Царството на Јеховините сведоци или пишете до издавачите на ова списание. Во изданието на нашето придружно списание Стражарска кула од 15 февруари има список на некои конгресни локации.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели