Добредојдовте на Обласниот конгрес „Божествен страв“
ДА, СЕ приближува времето за обласните конгреси на Јеховините сведоци за 1994. Од јуни 1994, па сѐ до јануари 1995, тридневната конгресна програма ќе биде одржана во илјадници градови ширум светот—прво во Северна Америка, а потоа во Источна и Западна Европа, Азија, Средна и Јужна Америка, Африка, Австралија и на морските острови.
„Божествен страв“ — колку само оваа тема поттикнува на размислување! Тоа не е болен страв на некој чиј живот е во опасност, туку страв од Бог, страв кој дава душевен мир и радост. Библиската изрека вели: „Резултат на понизноста и стравот Јеховин е богатство и слава и живот“ (Изреки 22:4, НС). Како може стравот од Бог да доведе до „богатство и слава и живот“? Тоа ќе стане јасно кога ќе се обработи конгресната тема во текот на трите дена преку говори, дискусии, прикази и една драма.
Апостол Павле напишал дека не треба ‚да го напуштаме своето собрание‘ (Евреите 10:25). Јеховините сведоци го сфаќаат тоа сериозно така што се состануваат трипати седмично за собраниско проучување и обожавање. Меѓутоа, обласниот конгрес што се одржува еднаш годишно е нешто посебно. Јеховините сведоци со нетрпение го исчекуваат и зборуваат за него со месеци после тоа. Без разлика на која религија ѝ припаѓаш, срдечно те покануваме да им се придружиш на конгресот и да уживаш во срдечно христијанско дружење и животоважните духовни информации. Некој од месното собрание на Јеховините сведоци со задоволство ќе ти каже кога и каде ќе биде одржан конгресот во твојата близина.