Присуствувај на Обласниот конгрес „Божествен страв“!
Дали веќе си испланирал да присуствуваш на Обласниот конгрес на Јеховините сведоци „Божествен страв“ за 1994? Секако дека ќе извлечеш корист ако бидеш присутен сите три дена! Веројатно ќе се одржи конгрес и во близина на твоето место на живеење, бидејќи само во Соединетите Држави се планираат преку 165 конгреси.
Некој вид страв може да ја поткопа храброста и да ја уништи надежта; меѓутоа, поздравниот говор во петок претпладне ќе дефинира што е божествен страв и ќе ги опише многуте користи од таквиот страв. Навистина, програмата на целиот конгрес ќе ги истакне овие користи.
Петок попладне ќе чуеш како божествениот страв може да го зајакне брачниот и семејниот живот, а исто така, како може на младите да им помогне да останат цврсти во нивната лојалност кон Бог. Попладневната програма ќе заврши со охрабрувачкото предавање „Утеха за ожалостените“. Ќе ги цениш практичните информации кои ќе бидат изнесени во текот на предавањето со кои ќе им се помогне на оние на кои им умрел некој ближен.
Програмата во сабота ќе покаже како може божествениот страв да го утврди следењето на Јеховините упатства што се однесува до собранието и нашата служба. Во говорот „Секојдневно читај ја Божјата Реч, Светото писмо“ делегатите ќе добијат практични совети за читање и студирање на Библијата. Програмата во сабота ќе заврши со говорот кој ќе подбуди интерес на тема „Близу е Јеховиниот ден кој влева страв“.
Посебно значајно на програмата во недела е предавањето „Ќе има воскресение на праведните“. Во предавањето што потоа ќе следи — „Спасени живи низ големата неволја“ — ќе биде објаснето Исусовото величествено ветување на оние кои никогаш нема да умрат (Јован 11:26).
Програмата во недела претпладне ќе заврши со 40-минутната драма со наслов Избори пред коишто стоиш која ќе поттикне на размислување. Публиката ќе биде вратена во времето на Исус Навин кога ќе биде прикажана неговата цврста решеност да му служи на Јехова. Ќе биде прикажан испитот со оган во деновите на Илија, а од двата настана ќе биде извлечена поука која на делегатите ќе им помогне во денешно време да покажуваат божествен страв. Попладнето, предавањето за јавност „Зошто да се плашиме сега од вистинскиот Бог“ ќе биде врвна точка на конгресот.
Испланирај уште сега да присуствуваш. За да утврдиш која локација е најблиску до твојот дом, обрати се во месната Сала на Царството на Јеховините сведоци или пиши им на издавачите на ова списание.
[Извор на слика на страница 32]
T. Rosenthal/SUPERSTOCK