„Радосни фалители“ — Обласен конгрес на Јеховините сведоци
Ве очекуваат три дена богата библиска поука. Веројатно ќе се одржи конгрес и во близина на Вашето место на живеење, бидејќи само во Соединетите Држави се планирани преку 180 конгреси. Бидете присутни кога програмата ќе започне со музика во 9.40 часот, во петок.
Претпладневната програма во петок ќе изрази добредојде, особено клучното предавање „Издвоени како радосни фалители низ целиот свет“. Попладневната програма ќе се сосредоточи на младите, на родителите и на образованието. „Дали сум спремен за брак?“ е говор којшто младите не ќе сакаат да го пропуштат. Родителите треба внимателно да го слушаат говорот „Родители кои им се радуваат на своите деца“. Попладневната програма ќе заврши со предавањето „Образование — Користи го за да го фалиш Јехова“. Она што ќе се дискутира, треба да им помогне на младите успешно да напредуваат во училиштето.
Програмата во сабота претпладне ќе го истакне крштевањето, а на оние кои ги исполнуваат условите за крштевање ќе им биде дадена таа можност. Попладнето ќе има отворена дискусија за тоа како Сатана уште од дамнина ја користел желбата за секс за да ги намами луѓето. Исто така, ќе биде презентирано и силното предавање „Избегнувај ги замките на Ѓаволот“. Програмата на денот ќе заврши со важното предавање „Зошто му треба на човештвото спознание за Бог“.
Во недела наутро, серијата предавања „Радосни фалители на крајот од овој систем“, ќе сврти внимание на настаните што ќе го потресат светот, а кои непосредно ни претстојат. Ќе биде нагласено колку е итно да се побегне на безбедно место пред да започне „големата неволја“ за која зборувал Исус, како што е запишано во Матеј 24:21 (НС).
Програмата во недела наутро ќе заврши со значајната драма „Да им се оддава чест на достојните во нивната старост“. Потоа, попладне, ќе биде изнесено јавното предавање „Фалете го Царот на вечноста!“ Тоа ќе биде главен настан на конгресот.
Уште сега испланирајте да присуствувате. За да утврдите која локација е најблиску до Вашиот дом, обратете се во локалната Сала на Царството на Јеховините сведоци, или пишете до издавачите на ова списание. Во изданието на Разбудете се! од јули-септември ќе бидат наведени адресите на конгресните локации во Македонија и во некои европски земји.