Близу е конгресот за 1998—1999
„Божји начин на живот“!
САМО во Соединетите Држави од мај до септември се предвидени 198 конгреси. Веројатно, еден од овие тридневни собири ќе биде во некој град недалеку од твојот дом. На повеќето места, програмата секој ден — од петок до недела — ќе започнува со музика во 9.30.
Претпладневната програма во петок ќе истакне извештаи за напредокот на проповедањето на Царството во различни делови од светот. А темата на конгресот ќе биде изложена преку клучното обраќање: „Христовата откупнина — Божји начин на спасение“.
Попладнето, циклусот „Родители — всадете го Божјиот пат во вашите деца“ ќе обезбеди предлози за тоа како да се мотивираат младите да го љубат Јехова и да му служат. Попладневната програма ќе заврши со говорот „Постои ли живот после смртта?“
Саботната претпладневна програма го истакнува делото на правење ученици на Јеховините сведоци, во три последователни делови: „Да им се помогне на луѓето да дојдат на патот на животот“, „Предизвикот да се достигнат луѓето“ и „Да се поучуваат учениците за сѐ што заповедал Христос“. На крајот од претпладневната програма ќе има подготовка за крштавање на новите ученици.
Уводниот говор во сабота попладне, „Да се служи со изглед за вечен живот“, охрабрува во молитва да размислиме за нашите лични причини да му служиме на Бог. Говорите „Да се ценат ‚даровите во облик на мажи‘ кои поучуваат за Божјиот начин на живот“ и „Личноста — соблечи ја старата, а облечи ја новата“, презентираат просветлувачко објаснување на Ефесјаните, поглавје 4, стих по стих. Потоа, ќе биде дадена добра библиска опомена во говорот „Чувај се неизвалкан од светот“ и во триделниот циклус „Млади — следете го Божјиот пат“. Попладневната програма завршува со говорот „Творецот — неговата личност и неговите патишта“.
Неделната претпладневна програма истакнува еден триделен циклус кој ќе дискутира за завршните поглавја од библиската книга Језекиил, како и нивната пророчка примена. Заокружувањето на претпладневната програма ќе биде една костимирана драма темелена на верноста на тројцата еврејски младичи. Конгресната врвна точка попладнето е јавното предавање: „Единствениот пат за вечен живот“.
Со тоа што ќе бидеш присутен сите три дена, сигурно ќе бидеш духовно збогатен. Срдечно си добредојден на секоја сесија — од кои сите, се разбира, ќе се одржат бесплатно за тебе. За локацијата која е најблизу до твојот дом, контактирај со локалната Сала на Царството на Јеховините сведоци или пиши им на издавачите на ова списание.