Зошто би требало да присуствуваш
ЧЕТИРИ дена ќе примаш корисна духовна поука на Обласниот конгрес „Божествена поука“ кој летово ќе се одржи во градови низ целиот свет. Само во САД ќе се одржат преку 150 вакви собири во текот на јуни, јули и август. Воглавно, програмата ќе започне во четврток во 13:20 часот, а ќе заврши во недела во 16:15 часот. Врвен момент на некои конгреси ќе бидат извештаите на мисионерите кои биле потпомогнати да се вратат во нивните родни земји по повод овој радосен настан.
Било да си стар или млад — сопруг, сопруга, татко, мајка, тинејџер или дете — ќе примиш поука изнесена на јасен и привлечен начин што ќе ти користи. На пример, многумина денес прашуваат: Која е смислата на животот? Во петок претпладне, ќе се радуваш да го слушнеш разгледувањето на ова прашање и ќе бидеш воодушевен од она што ќе го научиш како да им помогнеш на другите да ја сфатат темата.
Во петок попладне, програмата ги истакнува темите „Бракот да се направи трајна заедница“, „Работи напорно за спасувањето на твоето домаќинство“ и „Родители — на вашите деца им треба посебно внимание“. Веднаш после ова, нарочно внимание ќе биде насочено кон проблемите со кои се среќаваат младите луѓе и како тие можат да излезат на крај со нив. Тие би требало да бидат охрабрени од современата драма со наслов „Млади кои сега се сеќаваат на нивниот Творец“.
Во сабота, во програмата ќе биде прикажано Исусовото пророштво за последните денови, и посебно неговите зборови: „Веднаш по неволјата на тие дни, сонцето ќе биде потемнето“ (Матеј 24:29, NW). Ќе те интересира да ја слушнеш дискусијата во врска со тоа кога таа неволја ќе се случи. Саботната програма исто така ќе направи преглед на извештајот на Јеховините сведоци од денешно време и ќе покаже што постигнале тие.
Во недела, другата драма под наслов „Немој да се заведуваш или да го исмејуваш Бог“, ќе го упати предизвикот до нечија христијанска беспрекорност поради денешните популарни видеофилмови и музика. Попладневното јавно предавање носи наслов „Корисна поука за нашите критични времиња“. Програмата ќе заврши со опомената „Продолжи да се држиш цврсто за Божествената поука“.
Сигурно ќе извлечеш корист ако бидеш присутен сите четири дена! Срдечно си повикан да присуствуваш. За да ја пронајдеш локацијата која е најблиску до твојот дом, обрати се до месната Царска сала на Јеховините сведоци, или пиши до издавачите на ова списание, или погледни во изданието на Разбудете се! од 8. јули, кое ќе ги содржи адресите на конгресните локации во Македонија и во некои европски земји.